Македонија
Стапуваат во сила меѓународната спогодба за размена на податоци за проверка на изјави за имотната состојба и конвенцијата на Советот на Европа за пристап до официјални документи
Меѓународната спогодба за размена на податоци за проверка на изјави за имотна состојба претставува значаен меѓународен инструмент кој на органите на државите-страни им овозможува соработка за директна административна размена на податоци и информации за проверка на изјавите за имотна состојба и интереси, велат од Министерството за правда.
„Со нејзината примена ќе се направи значаен исчекор во олеснување на примената на постојните законски решенија за проверка на имотната состојба и интересите во согласност со Законот за спречување корупцијата и судирот на интереси. За вршење на своите надлежности, вклучително и за проверка на изјавите за имотната состојба и интересите, Државната комисија за спречување на корупцијата пристапува до бази на податоци кои се водат во други органи и институции. Исто така, со Законот утврдена е надлежност на ДКСК да соработува со национални тела на други држави, како и со меѓународни организации на полето на спречување на корупцијата, да разменува информации со надлежни тела на други држави и меѓународни организации, врз основа на обврски преземени со ратификувани меѓународни договори“, соопшти Министерството за правда.
„Примената на спогодбата ќе придонесе за унапредување на механизмите за превенција и борба против корупцијата во согласност со меѓународните стандарди за заштита на податоци кои ги утврдуваат ограничувањата на прекуграничната размена на податоците, како и со судската пракса на Европскиот суд за човекови права која покажува оправданост на објавувањето на податоците за имотна состојба и интересите, имајќи го предвид легитимниот интерес на општата јавност за информираност во однос на финансиската состојба на функционерите.
Предлогот за поведување на постапка за пристапување кон ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за пристап до официјални документи кореспондира со стратешката определба на Владата на Република Северна Македонија за почитување на човековите права и спроведување на меѓународно преземените обврски.
Конвенцијата на Совет на Европа за пристап до официјални документи позната како „Тромсо“ е усвоена од Комитетот на министри на 27 Ноември 2008година. Таа е првиот обврзувачки меѓународен правен инструмент кој го признава секому правото на пристап до официјалните документи што ги поседуваат јавните власти без дискриминација и без оглед на статусот или мотивите на барателот да бара пристап.Смета дека сите официјални документи во принцип се јавни обезбедувајќи минимална правна рамка за брза и правична обработка на барањата за пристап до официјални документи.
Спогодбата и Конвенција се ратификувани во Собранието на 13 август 2024 година“, се наведува во соопштението на Министерството за правда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Отстранети 𝟨𝟢 кубни метри отпад од диви депонии во општините Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров
Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров.
Во општината Гази Баба се отстранети 15 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одложен на јавна површина на улицата Никола Киров Мајски во населбата Хиподром, извести Комунална хигиена-Скопје.
Во општината Чаир се подигнати приближно 20 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата Кемал Сејфула, како и пет кубни метри отпад одложен на сообраќајна површина во непосредна близина на трговскиот центар „Мавровка“.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и вкупно 20 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците Лука Геров и Христо Батанџиев во скопската општина Ѓорче Петров, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20%, соопшти СДСМ
„ДПМНЕ не прифати покачување на платите на полицајците за 20%. СДСМ поднесе амандман за зголемување на платите на полициските службеници и на сите вработени во МВР за 20%, но власта на ДПМНЕ и пратениците од мнозинството го одбија“, велат од СДСМ.
„Полицајците се клучна алка за безбедност и сигурност на граѓаните, чувари на редот и мирот. Тие се секогаш во првите редови подготвени да го ризикуваат својот живот за државата и за сите граѓани.
Над 25 вооружени инциденти се случија во изминатите неколку месеци што е јасен показател за значењето на полициските службеници за безбедноста и сигурноста на граѓаните.
Секаде во регионот има зголемување на платите во безбедносните сили, и тоа во Црна Гора платите се зголемени за 100%, во Србија 45%, во Босна и Херцеговина 40%, Албанија за 20%, Косово за 30 проценти. Само во Македонија не се ценат полицијаците, тие се понижени и деградирани од Тошковски и ДПМНЕ.
Власта на Мицкоски нема капацитет и ја влошува безбедноста на граѓаните а покажаа и дека воопшто не им е грижа за стандардот на полицајците ниту за понатамошен развој на Министерството за внатрешни работи
Нивната цел е само да го партизираат и да го злоупотребуваат МВР во партиски потреби за целосно враќање на МВРО-ВМРО“, соопштува СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија
Утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,10 степени според Рихтер во Македонија.
Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е на 21 километар од Кичево.