Забава
„Не сакаше да се откаже“: Џенифер Лопез разочарана по разводот од Бен Афлек
Џенифер Лопез изгледа подготвена да продолжи со својот живот откога поднесе барање за развод од Бен Афлек.
„Таа прави најдобро што може“, вели извор близок до пејачката за „Пипл“.
„Ѝ беше исклучително тешко што Бен реши да се повлече од бракот и да продолжи со својот живот оставајќи ја зад себе. Не сакаше развод. Сакаше да ги реши работите. Тие се сакаат. Џенифер не е тип на личност што едноставно се предава. За неа, чекањето беше речиси тортура“, тврди изворот.
View this post on Instagram
„По поднесувањето барање за развод, изгледа олеснето. Нејзиното семејство и пријателите се согласуваат дека тоа беше вистинската одлука. Опкружена е со многу љубов и поддршка. Ќе биде добро. Таа е силна и секогаш излегува како победник“, додава изворот.
Лопез поднесе барање за развод во Лос Анџелес во вторникот, на 20 август, по две години брак, што се совпаѓа со годишнината од бракот со Афлек. Разводот доаѓа по неколкумесечни шпекулации за брачни проблеми.
Заедно со документите за развод, Џенифер поднела и барање за промена на презимето. Иако сите со децении ја познаваат само како Џенифер Лопез, таа со години не се вика така. Имено, пејачката го зела презимето на Бен, па во последните две години нејзиното легално име било Џенифер Лин Афлек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кафуле стана сензација со понудата да им понуди бесплатно кафе на оние кои влегуваат танцувајќи
Kафуле во Мидлборо, Масачусетс стана вистинска сензација со понудата за бесплатно кафе за клиентите кои влегуваат танцувајќи.
Видеото сега стана вирално на интернет, и предизвика голем број коментари на социјалните мрежи.
Сопственикот на кафулето обајви дека планира еднаш во месецот да се држи до оваа интересна акција.
Забава
Жена од Онтарио го насмеа интернетот со изгледот на нејзината кукла: „Делува возбудено“
На „Тик-ток“ се шири вирално видео во кое Ники Калвер од Онтарио ја покажа својата божикна кукла со детали 18+, што го насмеа Интернетот.
Ники објаснила како ја купила дрвената кукла во продавница за ситни производи за само еден долар. Откако нејзиниот син почнал да си игра со неа, барабанот паднал, оставајќи мало дрвено испакнување на кое бил прикачен инструментот.
„Ова се случи пред една година и уште ме смее“, напиша таа со видеото кое собра два милиони прегледи, но и бројни коментари.
„Не знам што очекував, но не го очекував ова“, „Куклата е без тапан или само си среќен што ме гледаш?“, „Изгледа доста возбудено“, „Ова е многу среќен оревокршач”, „Не би го заменил“ и „Ова ме насмеа“ се дел од коментарите.
Инаку, тиктокерката откри дека во таква состојба ќе ја зачува куклата и можеби ќе стане интересно семејно наследство.
Забава
Кои хороскопски знаци се најпривлечени – сајт за запознавање спроведе истражување
Сајт за запознавање направи истражување за тоа кој хороскопски знак е најпривлечен за другите.
Иако можеби не се согласувате со нивните резултати, оваа апликација за запознавање претстави податоци кои покажуваат дека еден знак генерира најголем интерес за романса.
Излегува дека на врвот на листата се Рибите со нивната чувствителна и шармантна природа која привлекува повеќе од кој било друг знак.
Последното место го зазедоа Раковите, кои изгледа премногу ги кријат своите емоции и чувства, но тоа за нив е веќе стара приказна.
Листата е исклучително интересна бидејќи 5-то место го делат Шкорпијата и Девицата, а 7-то Лавот, Близнаците и Бикот.
Во прилог листата на знаци според привлечноста:
1. Риба
2. Овен
3. Водолија
4. Јарец
5. Шкорпија и Девица
6. Вага
7. Близнаци, Лав и Бик
8. Стрелец
9. Рак