Македонија
„Вреди“ и ЗНАМ скандалозно склучиле формален договор за партиски вработувања“, вели партијата Левица
„Деновиве е обелоденет скандалозен документ дека Максим Димитриевски, како градоначалник на Куманово, склучил Меморандум за соработка со „Алијанса за Албанците и Алтернатива“. Членови на овие партии, со по еден освоен советник добиваат 30% учество во општинските установи и јавни претпријатија, нивните управни и надзорни одбори – што само го потврдува етнополитизирањето на институциите и ги надминува пропорциите предвидени со погубниот Охридски рамковен договор!“, вели партијата Левица.
„Додека формално се залагаат за укинување на балансерот, ВРЕДИ и ЗНАМ тераат договори со партиски вработувања по квота, со што де факто признаваат местење на конкурси на директори кои по закон се избираат со јавен оглас.
Практично, додека во јавноста постојано гледаме како партиите кои формираа Влада глумат опозиција сами на себе, под закрила на националната пизма, позади затворени врати сложно го делат државниот колач. Потврдата дека ЗНАМ во Влада е кооперативен со балистичката ВРЕДИ беше дадена пред неколку дена од Орхан Муртезани.
Јасна е соработката помеѓу проектот ЗНАМ со балистичките субјекти Алијанса за Албанците и Алтернатива, кои многукратно во овој краток период, го погазија македонското знаме и јазик, ги злоупотребија функциите за претставување моќ и ги преименуваат улиците од имиња на македонски партизани во имиња на балисти.
Ухлебувањето по етнопартиски клуч во општинските установи не било доволно, па така, Димитриевски се обврзал на тоа да додели минимум 27% од инвестициите по желба на партиите кои освоиле вкупно два, односно по еден советник.
Ова е само ситница од заткулисните игри позади затворени врати. Додека во јавноста гледаме како ЗНАМ се оградува од шовинистичките политики на „ВРЕДИ“, комплетно очевидна е совршената соработка зад затворени врати.
Оттука, и покрај утврдената состојба за коалициски долгогодишната соработка, Левица ги повика пратениците на ЗНАМ да покажат барем малку достоинсто и да застанат на вистинската страна при гласањето на интерпелацијата за спикерот Африм Гаши. Во спротивно, наместо да се заштити угледот на функцијата и достоинството на државата, ЗНАМ останува алатка која го поддржува дивеењето и варваризмот на Гаши!“, соопшти партијата Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(ВИДЕО) Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица, внимавајте што ви излегува од уста
На недоличните зборови упатени кон жени, сестри, мајки не им е местото во Собрание. Некултурно и девијантно однесување не смее да се толерира на ниедно место, а најмалку во законодавниот дом. Собранието е место каде што демократски се дебатира, а не е место за удирање со чевли по говорница или пак за упатување недолични зборови кон жените, изјави Жаклина Пешевска, пратеник и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
-Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка. Колеги од Левица, и вие сте нечии синови, сопрузи, татковци, момчиња, внимавајте што ви излегува од уста! Тоа најмногу говори за вас. Срамота – рече Пешевска.
Македонија
Филипче за денот на албанската азбука: Да градиме мостови на разбирање и соработка
„Со одбележување на Денот на албанската азбука ја потврдуваме нашата заедничка определба за почитување и унапредување на етничката и културната разноликост, што претставува непроценливо богатство на Северна Македонија,“ рече пртетседателот Филипче во честитката по повод Денот на албанската азбука.
Тој потсети на историското значење на овој ден потсетувајќи дека на денешен ден 1908 година во Битола завршил Конгресот на кој се создадала стандардизираната албанска азбука, што се смета за еден од најзначајните моменти во историјата на албанскиот народ и нашата заедничка историја.
„Јазикот не е само средство за комуникација, туку и основен столб на идентитетот, културата и правата на секој народ. Почитувањето на различностите, вклучително и јазичните, се клучен услов за изградба на стабилно, напредно и демократско општество. Да градиме мостови на разбирање и соработка, каде што секој јазик и култура ќе имаат свое место и ќе придонесат за заедничкиот просперитет,“ рече Филипче.
На крај, тој упати честитки до сите:
„Нека е честит Денот на албанската азбука! Gëzuar Ditën e Alfabetit të Gjuhës Shqipe!“ заклучи Филипче.
Македонија
Со буџетот за 2025 година полициските службеници ќе добијат покачување на платите, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„Сите припадници на Министерството за внатрешни работи ќе добијат покачување на платите. Како сектор кој што е до суштинско значење за мирот и безбедноста на државата, со буџетот за 2025 година предвидени се средства за покачување на платите на полицајците во износ од минимум 10%“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„Исто така, со цел да се направи ефикасна полициска управа која што ќе одговара на потребите на граѓаните, предвидено е зголемувања од 240% на финансиските средства за реформи и модернизација на МВР.
ВМРО-ДПМНЕ на власт е посветена во МВР, како и во останатите сектори, да спроведе сериозни реформи и инвестиции со цел враќање на довербата на граѓаните во институции и достоинството на државните службеници, вклучително и полициските службеници.
Каде беше Оливер Спасовски скоро девет години министер за внатрешни работи, па да барал покачување на платите на полициските службеници и за нив да обезбеди достојни услови за работа!?
СДС ако беа навистина загрижени за припадниците на МВР, пред пет месеци кога беа на власт, ќе предвидеа и најдеа средства за исплата и зголемување на нивните плати.
Наместо тоа, СДС со Спасовски на чело на МВР ги деградираа полициските службеници. Во нивно време министерството го ставија во служба и заштита на криминалните групи и го претворија во центар во кој белосвестки криминалци слободно можеа да извадат македонски пасоши“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.