Македонија
Попов: Младите се во фокус на делувањето на Владата, очигледна е разликата за само 60 дена
На денешната Трибина за млади, во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, своe обраќањe имаше претседателот на УМС и пратеник во македонското собрание, Сергеј Попов, кој што истакна дека младите се во фокус на владата и очигледна е разликата за само 60 дена од формирањето на владата.
Во своето обраќање, Попов истакна дека најголемата промена во владеењето и креирањето политики, е самиот факт што ваква трибина за промоција на успешните политики, се организира на само 60 дена од формирањето на новата влада.
Тој додаде дека во Македонија, конечно се гледа промена и е исцртана јасна дистинкција во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и она на СДСМ и ДУИ.

„Изминатите 7 години, власта не ја интересираа младинските прашања и политики, што се гледа според тоа дека пред ребалансот на буџетот, недостасуваа 600 милиони денари наменети токму за проекти за младите. Новата влада и парламентарното мнозинство, успеа да ги обезбеди средства, со што до крајот на оваа година и во континуитет во наредните, студенскиот оброк и стипендиите ќе стигаат навремено, а потоа ќе се преземаат и мерки со кои овие суми ќе бидат и повисоки”, истакна Попов.
Свое обраќање имаше и Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација кој што ги истакна стратешките приоритети на министерството и важноста на младите да бидат вклучени во институциите.
Министерот Андоновски говореше за стратешките приоритети на неговиот ресор, напоменувајќи колкав е предизвикот да се преводи дигиталната трансформација. Објасни за тековните активности на Министерството, како што е надградување на електронски достапните јавни услуги и одблокирање на учеството на Македонија во проектот дигитална Европа. Потенцираше колку е важно младите да се вклучени во институциите и дека нивното присуство претставува клуч за фукнционални институции и најави повторно воведување на пракса во Министерството за дигитализација.
Свое обраќање имаше и министерот за социјална политика, демографија и млади кој што истакна дека младите се во фокусот на владината политика.

Гоќо Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади како поранешен член на УМС потенцираше колку е важно и вредно членувањето во УМС во градењето на успешна покитичка кариера. Ја нагласи постоечката демографска криза во Македонија и дека младите се клуч во надминувањето да истата. Го поздрави фактот дека ресорот млади повеќе нема да биде маргинализиран туку прерасна во посебен ресор каде младите ќе бидат на високо место во владината агенда и дека конечно ќе добијат достоинствен третман од државните институции.
На трибината се обрати и Борко Ристовски, министер за спорт кој што ја нагласи важноста за развивањето на училишните спортови во државата на сите нивоа.
Министерот Ристовски се фокусираше на методи за развивање на состојбите во спортот во Македонија. Зборуваше за нови методи за финансирање на клубовите и федерациите како и развивање на училишните спортови во државата на сите нивоа. Објасни како Министерството за спорт е вложено во подобрување на спортската инфрструктура како што се спортските сали, но и фитнес зоните и отворените спортски игралишта. Потенцираше дека тој и Министерството се сојузници на младите и дека ќе работат во интерес на градење на спортска нација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

