Македонија
Познат скопски супермаркет казнет со 1.000 евра поради продажба на небезбедна храна
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), покрај редовните инспекциски контроли согласно Годишниот план и неделава продолжија со спроведување на засилен,вонредни инспекциски контроли во целата држава. Казна од 600 евра и 300 евра во денарска противвредност, беше изречена на месарниоца во Скопје поради пласирање на пазарот на небезбнедна хранана, поточно храна без и со нечитки декларации како и за невршење на задолжителни лабораториски тестирања.
Познат скопски супер маркет казнет е со 1000 евра за правното и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице поради продажба на небезбедна храна – храна без и со нечитки декларации, невршење на задолжителни лабораториски тестирања. Истиот оператор дополнително е казнет со иста казна (1000 евра за правното и 400 евра за одговорното лице ) бидејќи продавал и производи и материјали кои доаѓаат во контaкт со храната без за тоа да има добиено одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Во координирана акција со Државниот пазаерен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот трудов инспекторат, вчера, петок, АХВ спроведе вонреден инспекциски надзор и во Битола. Поради продажба на недекларирано месо од различни видови и категории, пласман на неозначена храна и продажба на храна со поминат рок, на ресторан во овој град изречена му е прекршочна санкција и издадено му е решение за отстранување на утврдени недоследности.
Затекнатата небезбедна храна во количина од 40 килограми е нештетно уништена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првиот вицепремиер Изет Меџити се сретна со новиот амбасадор на Франција Кристоф Ле Риголер
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска беше домаќин на работна средба на новоименуваниот амбасадор на Република Франција, Кристофе Ле Риголер.
На средбата Меџити и Ле Риголер заклучија дека односите меѓу двете земји се одлични, со можност за нивно продлабочување, како на билатерален, така и преку соработка со Европската Унија.
Тема на состанокот беше интеграцијата во Европската Унија, користењето на ИПА фондовите и имплементацијата на Секторската оперативна програма за животна средина и климатска акција, во рамки на ИПА II Програмата, до крајот на 2026 година.
Првиот вицепремиер Изет Меџити рече дека Министерството за животна средина и просторно планирање има за цел да воспостави систем за управување со цврст отпад и да ја подобри инфраструктурата за третман на отпадните води и дека француските компании се добредојдени да учествуваат во овој процес особено важен за нашата земја.
На средбата беше констатирано дека во соработка со Француската агенција за развој – ФАР се реализираат проекти на централно и локално ниво во различни општини.
Македонија
Сиљановска-Давкова ја прими Рита Колумбија, новоименуваниот постојан координатор на Обединетите нации
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Рита Колумбиа, новоименуваниот постојан координатор на Обединетите Нации во земјава.
Претседателката Сиљановска Давкова, упатувајќи честитки за именувањето на функцијата, го изрази задоволството од досегашниот исклучителен придонес на Обединетите Нации во нашата европска интеграција, како и континуираната поддршка за земјата и за граѓаните.
На средбата се разговараше за тековните активности и проекти коишто со поддршка на Организациите на ОН се реализираат кај нас при што беше нагласена досегашната одлична институционална соработка, на сите нивоа и области.
Двете соговорнички разговараа за спроведувањето на рамката за соработка 2021-2025, како главен стратешки документ што ја утврдува работата на системот на ОН во земјава, а во согласност со националните развојни приоритети.
Македонија
Јаневска: Нема лесни промени, но и нема откажување од иднината на нашите деца
„Добро е кога на настани посветени на состојбите во образованието и на креирање идни политики присутни се голем број фактори на општеството. Тоа покажува колку сите ние силно веруваме дека образованието е основниот постулат на кој треба да ја развиваме државата и гарантира утврдување добар правец на дејствување за остварување на целта“.
Ова го истакна министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, на конференцијата „Осигурување на одржливост на реформите за подобрување на образовниот систем“, во организација на проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“, кој е финансиран од ЕУ.
„Благодарност до сите присутни на оваа конференција и што ќе дадеме заеднички придонес кон градењето поквалитетен образовен систем затоа што ова не е обврска само на еден човек или само на една институција. Обврската е заедничка на сите нас, кои живееме, работиме и ја гледаме својата иднина тука во Македонија, а чест е што имаме партнери, како Европската Унија и повеќе други, што постојано ни обезбедуваат поддршка, ефективна и видлива“, потенцира Јаневска.
Се надевам, рече министерката, дека таа поддршка ќе продолжи за приоритетите на новата Влада во делот на образованието.
„Важни ни се сите сегменти на образованието и одеднаш и еднакво ќе дејствуваме и во основното и во средното образование, но и во високото и науката. Нови наставни програми и учебници за седмо, осмо и деветто одделение, а потоа навраќање и на подолните одделенија. Нови наставни програми и учебници во средното гимназиско образование. Во стручното останува проширувањето на концептот на дуалното образование, од кој верувам сите сме исклучително задоволни, но и продолжување на развојот на регионалните центри за стручно образование и обука“, додаде Јаневска.
За сите промени, потребна е квалитетна законска регулатива, односно почната е јавна дебата за менување повеќе законски решенија – за основно и средно образование, за средно стручно образование, за образование на возрасните и за националната рамка на квалификации.
„Чекорите што ги преземаме ќе бидат посмели и порешителни знаејќи дека имаме партнери на кои можеме да се потпреме во секое време. Нема лесни промени, но и нема откажување од иднината на нашите деца„“, истакна Јаневска во обраќањето пред присутните на конференцијата.