Македонија
Собраниска делегација во набљудување на парламентарните избори во Aзербејџан
Делегација на Собранието во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), во состав: Моника Зајкова, шеф на делегацијата, Халил Снопче и Никола Мицевски, членови на делегацијата, учествуваше во Мисијата на ПС на ОБСЕ за набљудување на парламенарните избори во Азербејџан, што се одржаа на 1 септември 2024 година.
Мисијата на ПС на ОБСЕ се состои од парламентарци од земјите учеснички во ОБСЕ, кои се распоредени за набљудување на парламентарните избори во главниот град Баку, како и во другите региони на Азербејџан. Набљудувачите на ПС на ОБСЕ тесно соработуваа со колегите од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОБСЕ/ОДИХР со цел да добијат повеќе информации за спроведување на предвремените парламентарни избори во земјата.
60-ина краткорочни набљудувачи на ПС на ОБСЕ беа распоредени во Азербејџан за предвремените парламентарни избори на 1 септември, што е единаесетти пат Парламентарното собрание да ги набљудува изборите во земјата од 1995 година.
Лидер на краткорочната набљудувачка мисија на ПС на ОБСЕ е Мајкл Крид (Ирска), специјален координатор и шеф на ирската делегација во Парламентарното собрание на ОБСЕ, како и Луси Потичкова (Чешка), претседател на Генералниот комитет за демократија, човекови права и хуманитарни прашања, која беше шеф на делегацијата на набљудувачи на ПС на ОБСЕ.
Набљудувачите беа темелно информирани од претставници на изборната администрација, граѓанското општество, кандидатите, партиските претставници и експертите за ситуацијата пред изборите пред да одат во неколку региони на Азербејџан за набљудување на денот на изборите.

Овие предвремени парламентарни избори се значајни, особено во контекст на неодамнешните предвремени претседателски избори одржани пред само шест месеци и претстојното домаќинство од страна на Азербејџан на голем меѓународен настан на ОН за климатските промени – КОП29.
Тимовите за набљудување ќе обезбедат непристрасна и темелна процена, со единствена цел да се поддржи почитувањето на демократските стандарди и вредности, како и фер и транспарентен изборен процес за народот на Азербејџан.
Изборите ќе се оценуваат според демократските заложби содржани во Копенхашкиот документ на ОБСЕ од 1990 година. Прелиминарните наоди и заклучоци за изборите ќе бидат претставени на прес-конференција во Баку на 2 септември.

Двата тима на делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија ги набљудуваа изборите во рачни делови на главниот град Баку и околината, каде што посетија по десетина изборни места и поднесоа писмени извештаи за своите согледувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража кој во мометот не се здржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на Плетвар и Пресека, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци. (Општина Бутел)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците со бр. 1 и бр. 9 во с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.

