Македонија
ДУИ: Скандалозни ставовите на Влен и нивните медиуми против албанскиот јазик
Демократската унија за интеграција смета дека се „скандалозни и неприфатливи ставовите на експонентите на поразените на претседателските и на парламентарните избори, послушниците на ВМРО и непочитувачите на волјата на Албанците, против албанскиот јазик“.
„Главните слуги, главните вазали, секојдневно излегуваат со оправдувачки ставово за изјавата на претседателот на Уставниот суд против албанскиот јазик и ги повторуваат ставовите на ВМРО ДПМНЕ.
Овој чекор ќе биде следниот и најсериозен удар врз Охридскиот договор, етничкиот легитимитет, еднаквоста во државата и меѓуетничките односи“, соопшти ДУИ.
„Дарко Костадиновски е избран за член на Уставниот суд по предлог на ВМРО ДПМНЕ, поточно на поранешниот претседател Иванов, додека претседател стана во времето на оваа власт со моноетнички легитимитет.
Скандалозно е оправдувањето од ВЛЕН и до нив блиските медиуми, за осакатувањето на службениот албански јазик и говори дека тие се продадени, но и дека го продаваат албанскиот народ за своите позиции.
Претпоставката за одлуката на Уставниот суд од страна на претседателот на судот е политички притисок врз судиите и се прави по налог на власта со моноетнички легитимитет за понижување на Албанците“, се наведува во соопштението на ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

