Црна хроника
Уапсено лице од Струмичко поради прикривање стоки што се предмет на шверцување и царинска измама

Вчера, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода Г.Г. од село Дабиле, струмичко, извести МВР.
„Околу 18.30 часот на наплатната станица Романовце била извршена контрола на возило – комбе „мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека превезува стоки од Сојузна Република Германија и само за помал дел поседувал царинска потврда за платени давачки, додека пак за поголемиот дел не поседувал никаква документација“, соопшти МВР.
Известен е Отсекот за економски криминал при СВР Куманово и по консултација со јавен обвинител, возилото и предметите за кои не поседувал документација биле одземени.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 278-Б – „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и по член 353 од Кривичниот законик – „злоупотреба на службената положба и овластувања“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тинејџер од Битола му се заканувал на 34-годишник – изнудил експлицитни фотографии претставувајќи се како жена, па барал пари

Полицијата приведее 16-годишник од селото Бистрица, битолско, кој во повеќе наврати уценувал 34-годишен маж од Битола.
Му се заканувал дека доколку не му даде пари ќе објави експлицитни фотографии што ги добил од него претставувајќи се со лажен женски идентитет.
Тинејџерот е приведен во полициска станица Битола, а парите се пронајдени кај него. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ограбена жена на улица среде бел ден во Центар

Крадци нападнале и ограбиле жена на улица на подрачјето на центарот на Скопје.
Според информациите на МВР, вчера во 16.30 часот во СВР Скопје, Н.Ѓ.(38) од Скопје пријавила дека околу 14.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице ѝ го попречило патот, а друго лице физички ја нападнало, при што ѝ одзело личен накит.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Татко пријавил дека малолетник извршил обљуба врз син му во Карпош

Татко пријавил дека малолетник извршил обљуба врз неговиот 14-годишен син на подрачјето на скопската населба Карпош.
Според информациите на МВР, вчера во 20.00 часот во СВР Скопје, 45-годишен маж од Скопје пријавил дека на 12.05.2025 на подрачјето на Карпош во Скопје, еден малолетник со закана и употреба на сила извршил обљуба врз неговиот 14 – годишен син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.