Македонија
На денешен ден пред петнаесет години потона бродот „Илинден“ во Охридското Езеро
Поминаа петнаесет години од трагедијата во која загинаа 15 бугарски туристи при потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро.
Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10.35 часот, на речиси 200 метри од брегот во близина на плажата „Елешец“.
Благодарение на пожртвуваноста на капетанот на бродот, Сотир Филески, и присебноста на екипажите на бродовите „Александрија“ и „Кристина“ и други храбри граѓани, беа спасени 38 туристи од Бугарија и туристички водич од Охрид.
По неколкумесечна истрага, Основниот суд во Охрид подигна обвинение за предизвикување тешки дела за безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот против капетанот на бродот „Илинден“, Сотир Филески, и овластениот претставник на германски „Лојд“, Бранко Баиќ, кој го извршил техничкиот преглед на пловилото.
Олеснителна околност за Филески беше барањето на застапникот на бугарските државјани што ја преживеаја несреќата за изрекување алтернативна, а не ефективна законска мерка за капетанот, со образложение дека сторил сѐ што е во негова можност за да спаси што поголем број патници во критичниот момент, при што го жртвувал и сопствениот живот.
И двајцата беа прогласени за виновни и им беше изречена казна затвор по една година.
Причина за несреќата, според вештачењето, бил дефект на системот за управување на бродот, на кој имало повеќе патници од максимално дозволениот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)

