Македонија
Муцунски го прими новиот амбасадор на Бугарија: потврден заедничкиот интерес и посветеност за натамошен развој на билатералните односи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, ги прими копиите на акредитивните писма од новименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Бугарија, Желјазко Радуков.
Соговорниците го потврдија заедничкиот интерес и посветеност за натамошен развој на билатералните односи и унапредување на соработката во областите од заемен интерес, низ процес на меѓусебен дијалог кој подразбира негување на пријателство, добрососедство и заемно почитување меѓу двете држави кои воедно се и НАТО-сојузници, извести МНР.
На средбата, посебно стана збор и за заемните заложби за натамошно интензивирање на мултисекторската соработка, особено на економски план, но и во сите други области кои се од интерес за граѓаните на двете земји, соопшти МНР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).