Свет
Pᴇᴜɢᴇᴏᴛ е ᴏфицијален едукативен партнер на Uɴᴅᴇʀ ᴛʜᴇ ᴘᴏʟᴇ
Pᴇᴜɢᴇᴏᴛ го продолжи партнерството со „Uɴᴅᴇʀ ᴛʜᴇ ᴘᴏʟᴇ“ за програмата за подводно истражување. Оваа програма комбинира иновативни експедиции низ светот, научни истражувања и активности за подигање на свеста за зачувување на океaните и живиот свет во нив. Pᴇᴜɢᴇᴏᴛ ја дели оваа филозофија и одлучи да го стави ОБРАЗОВАНИЕТО на прво место во својата стратегија, а ѝ да го фокусира својот придонес кон конкретни едукативни активности кои позитивно ќе влијаат врз животната средина.
Програмата „Uɴᴅᴇʀ ᴛʜᴇ ᴘᴏʟᴇ“ е основана од Ghislain Bardout и Emmanuelle Périé-Bardout во 2018 во Concarneau, Франција. Заедно со PEUGEOT, имаат исти амбиции да се користи науката и технологијата за заштита на животната средина, особенно окенаите. Програмата се состои и од интеракција со пошироката јавност за да подигне свеста и важноста на оваа идеја.

„Uɴᴅᴇʀ ᴛʜᴇ ᴘᴏʟᴇ“ има 3 мисии:
⦁ Организирање иновативни експедиции низ светот фокусирани кон начучно истражување на океаните, особено поларните и изолирани региони.
⦁ Поддршка на научните истражувања, особено преку “DEEPLIFE“ програмата, која ги истражува морските животни во мезофотската зона (темна зона со длабочина од 30 до 200 метри) и нивната клучна улога во функционирањето на морскиот екосистем. Тековната мисија, која ќе трае до 15 окомври 2024, во Грција, Италија и Франција, се обидува да утврди дали медитеранските мезофотски екосистеми можат да послужат како засолниште од климатските промени. Овие студии претставуваат главна истражувачка оска во наредните години за да се разбере врската помеѓу површинските и мезофотичните популаци и да се спроведат соодветни мерки за заштита.
⦁ Зголемување на јавната свест и зачувување на океаните, врз основа на убедувањето дека знаењето има смисол доколку се споделува. Оваа програма, насочена кон едукација на младите и подигање на јавната свест, има форма на едукативен караван во кој се презентираат откритијата на нуркачите и научниците. Извонредната сценографија инспирира и ги поттикнува луѓето да го подобрат знаењето за морските екосистеми.

Journée pédagogique avec la caravane Under The Pole à l’école primaire de Combrit. Crédit : Maxime Horlaville / Under The Pole
PEUGEOT едуцира заедно со “UNDER THE POLE“
Во согласност со овие едукативни активности, сосема е природно PEUGEOT да стане официјален едукативен партнер на “UNDER THE POLE“. Оваа нова заложба ќе се реализира на четири начини:
⦁ Преку креирање на едукативни содржини посветени на тоа што се случува за време на експедициите, објаснувања на научните програми и техники на истражување. Овие видеа ќе се најдат и на социјалните межи на PEUGEOT и UNDER THE POLE.
⦁ Организирање на едукативни денови за време на грчката и француската етапа на Медитеранската мисија помеѓу април и октомври 2024. PEUGEOT со UNDER THE POLE работеа на овозможување на едукативни денови за учениците во Грција, каде се вршеше истражувачката мисија.
⦁ Заеднички говори на партнерите на професионални настани во автомобилскиот, нуркачкиот и научно-истражувачкиот сектор.
⦁ PEUGEOT обезбеди две PEUGEOT BOXER возила за транспорт на целата потребна опрема за различните мисии на програмата. Првиот Peugeot Boxer се користи за влечење на бродот за нуркање и за транспорт на бројната опрема потребна за четирите мисии на медитеранската програма. Вториот Boxer се користи за транспорт за образовниот тим на Under The Pole низ Франција за акциите за подигање на свеста на пошироката јавност и учениците за океаните. Оваа патувачка мисија има за цел да ја зголеми свеста кај повеќе од 5000 луѓе во следните 12 месеци.

Journée pédagogique avec la caravane Under The Pole à l’école primaire de Combrit. Crédit : Maxime Horlaville / Under The Pole
PEUGEOT овозможи и три 100% електрични возила (Е-208 и Е-308 SW) за да се поедностави секојдневното движење на тимот од “Under The Pole“ со нула емисии.
PEUGEOT е особено горд на партнерството со “UNDER THE POLE“, кое овозможува да се спроведат конкретни и корисни акции за зачувување на нашата животна средина.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен
Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски функционери за Си-Ен-Ен, додека тој размислува да ги спроведе своите неодамнешни закани да ја нападне иранската влада доколку таа употреби смртоносна сила против цивили.
Функционерите рекоа дека Трамп бил запознаен со различни планови за интервенција, бидејќи насилството во земјата доведе до десетици жртви и апсења. Некои од дискусиите вклучувале и опции што не подразбираат директна воена сила на САД.
Многу од опциите што му биле претставени на претседателот се однесуваат на таргетирање на безбедносните служби на Техеран кои се користат за гаснење на протестите, велат американските функционери.
Сепак, постојат загрижености во администрацијата дека воените напади може да се вратат како бумеранг и да ја ослабат поддршката за протестите. Функционерите истакнаа дека нападите можат ненамерно да ги обединат Иранците во поддршка на владата или да предизвикаат Иран да возврати со своја воена сила.
Претседателот сè уште не донел конечна одлука за интервенција, но сериозно ја разгледува можноста за акција додека бројот на загинати во Иран продолжува да расте. Опциите што ги разгледува не вклучуваат ставање американски војници на терен, соопшти висок функционер од Белата куќа.
Според американската агенција за човекови права HRANA, од почетокот на протестите пред две недели, кога се прошириле низ сите 31 провинции на Иран, загинале 116 лица. Сè уште не е јасно дали бројката целосно ја отсликува големината на жртвите, поради националниот прекин на интернет и телефонските линии.
„Иран гледа кон слобода, можеби како никогаш досега. САД се подготвени да помогнат!“, објави Трамп на социјалните мрежи.
Трамп претходно изјави дека ако Техеран користи смртоносна сила против протестанти, САД ќе се вклучат.
„Јас јасно реков дека ако почнат да убиваат луѓе како што правеле порано, ние ќе се вклучиме. И тоа не значи стапала на терен, туку удари таму каде што боли многу, многу силно.“
Секретарот за надворешни работи Марко Рубио и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговарале за тековните протести, како и за ситуацијата во Сирија и Газа.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека ја „набљудуваат ситуацијата“ во Иран, додека земјата влегува во третата недела на антивладини протести. „Протестите се внатрешно иранско прашање. Сепак, ИДФ е подготвена одбранбено и постојано ги подобрува своите капацитети и оперативна подготвеност“, се наведува во соопштението.
Свет
Бројот на жртви во иранските протести се искачи на 466
Бројот на загинати во протестите во Иран се зголеми повеќе од двојно во последните часови, објави Ројтерс, повикувајќи се на американската новинска агенција на активисти за човекови права.
Во своето најново ажурирање, независната организација соопшти дека досега починале 466 лица – огромно зголемување во однос на претходната бројка од 203.
Групите за човекови права соопштуваат дека поради прекинот на комуникациите тешко може да се добие целосна документација, но дека бројот на загинати демонстранти постојано расте. Центарот за човекови права во Иран добил сигурни информации од сведоци дека стотици демонстранти биле убиени во последните денови.
Иранските власти уапсиле клучни членови на протестното движење што ја потресе земјата во последните две недели, изјави шефот на националната полиција.
„Минатата ноќ беа уапсени значајни лица од главните елементи на немирите, кои, ако Бог сака, ќе бидат казнети по правните процедури“, изјави шефот на полицијата, Ахмад-Реза Радан, за државната телевизија, без да прецизира колку лица се уапсени.
Иранскиот главен обвинител претходно кажа дека оние кои се фатени како протестираат или помагаат на демонстрантите може да бидат обвинети за „непријател на Бог“, што се казнува со смртна казна.
Протестното движење во Иран е најголемото незадоволство што земјата го доживеала во последните години. Иако првично предизвикано од нагло паѓање на вредноста на валутата, демонстрантите наскоро побараа политички реформи и пад на владата.
И покрај репресијата, протестите продолжија и вчера, а се очекувале нови демонстрации вечерва.
Свет
Трамп побарал да се изработи план за инвазија на Гренланд – воени команданти се спротивставиле
Американскиот претседател, Доналд Трамп, им нареди на американските воени команданти да изготват план за инвазија на Гренланд, но високи воени претставници се спротивставуваат на тоа, објави „Мејл он Сандеј“, повикувајќи се на извори.
Извори велат дека политичките „јастреби“ околу американскиот претседател, предводени од политичкиот советник Стивен Милер, се толку охрабрени од успехот на операцијата за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро што сакаат брзо да дејствуваат за да го заземат Гренланд, пред Русија или Кина да преземат потези во врска со арктичкиот остров.
Според извори, Трамп побарал од Заедничката команда за специјални операци да подготви план за инвазија на Гренланд, но командантите се спротивставуваат на тоа, тврдејќи дека тоа би било нелегално и дека Конгресот нема да поддржи таков план.

