Македонија
„Влен“: Кадрите на Зијадин Села и Али Ахмети фатени во криминал со коцкарници
„Кога лажните моралисти се обидуваат да продаваат чесност, им паѓаат маските! Додека пратениците на Зиадин Села се гласни во Собранието за наводна дислокација на казината, во Боговиње, на дело е фатен и уапсен шефот на нивниот тамошен огранок, Сафет Мифтари, воедно и заменик директор на Македонски шуми“, велат од ВЛЕН.
„Ова е невиден скандал, висок функционер на Европски Фронт, организира нелегално интернет коцкање.
Овој чин не само што претставува сериозно кршење на законот, туку јасно покажува дека семејствата за кои неговата партија тврди дека ги заштитува, всушност се жртви на криминални активности, поддржани од нивните лидери.
Еве зошто опозициските пратеници на Ахмети и Села не сакаа да го поддржат барањето за автентично толкување на законот за игри на среќа поднесен од ВЛЕН, чија цел е отстранување на коцката од домовите. Затоа што си ги штитат своите кадри кои се до гуша заглавени во криминални зделки поврзани со коцкање.
Граѓаните да бидат спокојни. Автентичното толкување е прв чекор од планот за справување со штетните последици од коцкањето на коалицијата ВЛЕН.
Следи справување со криминалот сторен преку одлуки на поранешната влада и поранешното раководство на државната лотарија. Во разумен рок ќе има и нов закон за игри на среќа со кој ќе се намали бројот на коцкарници најмалку за половина.
После ваков скандал, Европскиот фронт го губи правото да зборува било што на тема справување со коцкањето, бидејќи самите предизвикуваат тешки последици за граѓаните, особено за младите, со единствена цел – да си ги збогатат сметките со нелегално коцкање“, се наведува во соопштението на ВЛЕН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Обезбедуваме 200 канти за отпад од домашни миленици со бесплатни кесички
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, денеска најави дека покрај обезбедувањето на нови канти за смет, се воведува и новина, 200 специјални канти за отпад од домашни миленици на територија на Центар.
„Покрај новите канти за смет, воведуваме и новина, специјални канти за отпад од домашни миленици, слични на овој модел што како прототип го изработивме во општината. Во нив ќе има и бесплатни кесички за сопствениците. Ова е одлично решение Едноставно, урбано и еколошки одговорно. Планираме да поставиме 200 вакви канти низ сите населби и паркови, за да обезбедиме чист и уреден јавен простор, каков што доликува на општина каква што е Центар“, рече Герасимовски.
Тој, информираше дека во следниот мандат се оди чекор понатаму, со вакцинација и микрочипирање на уличните кучиња и домашните миленици, со што хумано и системски се решава овој сериозен проблем создавајќи безбедна и здрава средина.
Македонија
Единствена Македонија ќе ги поддржи кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од локалните избори
Членот на Извршниот комитет на Единствена Македонија, Вилијам Михајловски, на денешната прес-конференција најави дека партијата ќе ги поддржи кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од локалните избори, што ќе се одржат во недела, на 2 ноември.
„Со големо задоволство соопштувам дека Единствена Македонија одлучи во недела, во вториот круг, да ги поддржи кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. А што може да се очекува од една национална и патриотска партија како што е Единствена Македонија, која секогаш е на првата линија во одбрана на македонските национални интереси“, изјави Михајловски.
Тој истакна дека оваа одлука доаѓа по, како што рече, целосна медиумска блокада и исклучување на нивната партија од државното финансирање во првиот круг, но и дека Единствена Македонија не може да стои на страна во моментите кога, според него, се решава иднината на државата. Потсети дека партијата настапила самостојно со 29 кандидатски листи, но резултатот во првиот круг не бил на нивото што го посакувале.
Во обраќањето, Михајловски се повика на потребата од национално помирување и обединување, нагласувајќи дека изборите не се борба за поединци и партии, туку за државата.
Македонија
Почна поставувањето семафори на крстосницата кај „Васко Карангелевски“ во Аеродром
Денес екипи на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје започнаа со градежните активности од првата фаза за поставување на светлосна сигнализација на крстосницата од улиците „Васко Карангелевски“ и „Ангел Димовски“ во населбата Аеродром.
„Работните активности се изведуваат по налог на Град Скопје, односно согласно основен сообраќаен проект за воведување на светлосни сигнали на оваа крстосница донесен од Град Скопје и според долгоочекуваната согласност од Министерството за внатрешни работи“, велат од „Улици и патишта“.
Во оваа фаза се врши рачен и машински ископ на земјан материјал за поставување темели на семафорски столбови и ископи за спроведување на електричната инсталација. По завршувањето на градежните работи, ќе следува монтажа на семафорската опрема и сигнализација.
Со поставувањето на новата семафоризирана крстосница, ќе се подобри проточноста на сообраќајот и значително ќе се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот во овој дел од градот.

