Свет
Камала и Трамп мора да следат одредени правила вечерва на дебатата: тие може да имаат само 3 работи до себе
„Еј-би-си њуз“ објави кои правила ќе важат за дебатата за вечерва меѓу Доналд Трамп и Камала Харис. Дебатата што се одржува во Филаделфија ќе трае 90 минути и воедно ќе биде прв и потенцијално единствен пат кога поранешниот претседател и сегашниот потпретседател на САД ќе учествуваат на дебатата.
Како што објави „Дејли мејл“, најголемиот судир меѓу двата штаба бил за тоа дали микрофонот да остане исклучен при претставувањето на спротивната страна. Двајцата кандидати се под притисок да ѝ зададат одлучувачки удар на спротивната партија бидејќи изборите се за помалку од 60 дена.
Десетици милиони Американци ќе го следат настанот, кој почнува доцна вечерта по наше време. Презентери ќе бидат Линзи Дејвис и Дејвид Муир и ќе поставуваат прашања.
Двете централи се согласија со правилата предложени од „Еј-би-си њуз“. Кандидатите ќе бидат претставени од модератори и ќе влезат на сцената од спротивните страни. Прва би била претставена Камала Харис како дама.
The rules of the ABC presidential debate finally revealed after fight over microphones https://t.co/MH2HNL5Zmi pic.twitter.com/BYu6DfG68n
— Daily Mail Online (@MailOnline) September 10, 2024
Воведни говори нема да има, а секој кандидат ќе има по две минути за завршна изјава. Интересно е што редоследот на стоење на подиумот, како и кој прв ќе го одржи завршниот говор, ќе се одредува со фрлање паричка.
На Доналд Трамп му беше дадена можност да избере и тој избра да биде последен што ќе го презентира завршниот говор. Камала Харис избра да биде десно. И двајцата кандидати ќе останат на говорницата за време на дебатата.
Нема да смее да имаат напишани белешки, а единствено што ќе им биде дозволено да имаат со себе се хартија, пенкало и шише со вода. Секој кандидат ќе има две минути да одговори на прашањето.
Кандидатите нема да бидат однапред информирани за прашањата и нема да смее да си поставуваат прашања. Микрофонот ќе биде вклучен за кандидатот што не е на ред да одговара.
Овие правила се слични на оние што важеа во дебатата меѓу Доналд Трамп и Џозеф Бајден, која се одржа во јуни, во која Трамп беше одличен и го принуди Бајден да се повлече од претседателската трка.
Тимот на Камала Харис го обвини Доналд Трамп дека сакал микрофоните да се исклучат бидејќи мислеле оти нивниот кандидат не може да се фокусира 90 минути.
За време на дебатата нема да има публика во студиото, а предвидени се две паузи за емитување реклами. За време на настапот на кандидатите нема да им биде дозволено да контактираат со своите членови на тимот. Дебатата ќе се одржи во Националниот уставен центар во Филаделфија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

