Црна хроника
Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење мигранти, уапсени петмина, по едно лице се трага

Денеска од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, под раководство на јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, во рамките на криминалистичка истрага „Кипер“, беше спроведена координирана полициска операција со цел расчистување на кривични дела што се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти. Криминалистичката истрага се спроведуваше од септември 2023 година до јуни 2024 година над организираната седумчлена криминална група, која делуваше на тeриторија на Република Северна Македонија. Имено, организаторот на криминалната група В.С. (39) од Штип, со умисла и од користољубие, а со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, заедно со Д.Н. (28) од Злетово, Г.А. (52) од Пробиштип, В.Д. (50) од Р.Србија, Д.Л. (46) од Велес, И.Л. (23) од Велес и С.П. (29) од Велес, во соработка со У.Н., лице по потекло од Пакистан и засега непознато лице од Р.Србија, организирале криминална група во Република Северна Македонија, која извршила криумчарење на поголем број мигранти, при што се стекнале со значителна противправна имотна корист, извести МВР.
Организаторот на криминалната група, В.С. со У.Н. од Пакистан преку телефонска и интернет комуникација ja договарале локацијата и бројот на илегални мигранти за транспорт, а потоа членовите на организираната криминална група ги прифаќале илегалните мигранти на локации во околината на Гевгелија и Дојран, ги сместувале во специјално изработени импровизирани бункери, во делот за товар на товарните возила и ги превезувале до договорените локации во кумановско-липковскиот регион. По пристигнување, илегалните мигранти во организација на В.С. и засега непознато лице од Р.Србија, биле времено сместувани и засолнувани во објекти на членови, соработници и помагачи на криминалната група, а потоа криумчарени преку територијата на Р.Србија кон државите на ЕУ. Оваа организирана криминална група за време на своето делување организирала криумчарење на поголем број мигранти, најголем број по потекло од Сирија, дел од Конго и Ирак, кои претходно веќе пристигнале и одреден временски период престојувале на територијата Р.Грција. При реализацијата на оваа криминалистичка истрага беа вклучени полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални полициски операции и Одделот за форензички испитувања, при што претреси беа извршени кај пет лица во вкупно пет објекти, лоцирани на подрачје на Штип, Злетово, Пробиштип и Велес.
Лишени од слобода се пет лица, по едно лице се трага, а едно лице – член на криминалната група веќе издржува мерка притвор во КПУ Затвор Скопје. за сторено кривично дела „криумчарење мигранти“.
При извршените претреси пронајдени и одземени се: патничко моторно возило, прашкаста материја, вага, мобилни телефонски апарати кои лицата ги користеле за извршување на кривичното дело, СИМ картички итн. Во соработка со КПУ Затвор Скопје, извршени се прегледи кај лицето кое е во притвор, при што пронајден е мобилен телефон. ОСОСК до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против седум лица и тоа против В.С. за сторени кривични дела „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 1, како и “криумчарење на мигранти“ предвидени и казниви по член 418-б став 4 во врска со став 2 од КЗ, против Д.Н., Г.А., В.Д., Д.Л. и С.П. заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2, како и “криумчарење на мигранти“ предвидени и казниви по член 418-б став 4 во врска со став 2 од КЗ, против И.Л. за сторено кривично дело „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2, во врска со член 24 „помагање“ од КЗ.
Пријавениот В.Д. од 19.03.2024 издржува мерка притвор во КПУ Скопје, а против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 418-б „криумчарење на мигранти“. предвидено и казниво во КЗ, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во Кавадарци, неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна помош.
Полициски службеници од ОВР Кавадарци излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето П.Т.(43) од Кавадарци, кај кое и покрај укажаната помош, екипа од Итна медицинска помош во 05:15 часот констатирала смрт.
Набргу потоа, а поради сомнение за инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Д.Б.(26), М.Ѓ.(35) и Д.С.(27), сите од Кавадарци. Тие биле приведени и задржани во полициска станица.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и полициски службеници вршат увид на местото, на надзорните камери од казиното и по целосно расчистување и документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
На Табановце уапсени двајца странски државјани, кај нив биле пронајдени бела прашкаста материја и таблети

Вчера околу 19:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода 32-годишниот О.Ј. од Унгарија и 37-годишниот А.Б. од Србија.
При гранична проверка и контрола во возилото „тојота“ со унгарска национална ознака, кое го управувал О.Ј, а сопатници биле А.Б. и уште едно лице од Унгарија, во личниот багаж на О.Ј. биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја, едно шише со бела прашкаста материја и една кутија со 31 капсули. Додека, во личниот багаж на сопатникот А.Б. биле пронајдени неколку пакувања со бела прашкаста материја и таблети.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени сооддветни пријави.
Црна хроника
Овозможил влез на патник со мерка „апси“: кривична пријава за полицаец од скопскиот аеродром

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против С.С. поради основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.
Пријавениот, на работно место „полицаец“ во ПС за ГП „Меѓународен аеродром Скопје“, на 12.08.2025 несовесно постапил при вршење на своите овластувања и должности односно не извршил пасошка контрола на патник кој минувал на СТОП листата на МВР со мерка „апси“ при влез во државата. Со ваквото дејствие полицискиот службеник му овозможил на патникот да оствари влез преку државната граница, го ставил во поволна состојба, му овозможил лична корист и нанел штета на угледот на Министерството за внатрешни работи.