Македонија
Филипче-Ле Риголер: Евроинтеграцискиот процес мора да продолжи, Северна Македонија заслужува да биде дел од ЕУ
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Н.Е. Кристоф Ле Риголер.
На средбата претседателот на СДСМ, Филипче, го информираше амбасадорот за актулените и идните политики на партијата, како и за започнатите реформски процеси за зајакнување на партијата како единствена европски оринетирана социјалдемократска партија.
Воедно на средбата се разговараше за процесот за евроинтеграција на државата, при што Филипче посочи дека додека Владата ја предводеше СДСМ, се вложи сиот политички капацитет на полето на добрососедските односи и забрзување на евроинтеграцискиот процес. При тоа напомена дека загрижува моменталната политика на актуелната власт во делот на евроинтеграциите.
„Актуелната власт сè уште не претстави јасна стратегија или конкретни чекори за продолжување на евроинтеграциите, и тоа загрижува. СДСМ, пак, демонстрира јасна визија за европски напредок и останува цврсто посветена на патот кон ЕУ, со акцент на исполнувањето на преговарачката рамка и клучните реформи“, рече Филипче.
На средбата претседателот на СДСМ и амбасадорот Ле Риголер, разговараа за досегашните билатерални односи како и за можноста за продлабочување на соработката помеѓу Северна Македонија и Франција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопшти дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
од 08:30 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Финска, поточно подулиците со бр. 15 и бр. 20 во нас. Инџиково. (Општината Гази Баба)
од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Нерешка во нас. Жданец. (Општината Карпош)
Македонија
Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, попладне со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието.
Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи. Минималната температураќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот во делови од котлината ќе има повремен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
И во петок ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Во деновите од викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за слаб локален дожд во планинските региони. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.
Македонија
Лога по одлуката за „Балансерот“: Северна Македонија се лизга по пат кој е докажано фатален за неа
Според поранешниот министер за прaвда и потпретседател на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, сите иницијативи што се однесуваат на прашањата за праведно и соодветно застапување, употребата на албанскиот јазик и другите етнички прашања во корист на немакедонските заедници ќе имаат иста судбина како прашањето за изводите од матична книга на родени, односно поништувањето на уредбата на министерот за правда и укинување на соодветните членови од законот.
Треба да се истакне, напоменува Лога, дека гласањето пред една година беше чисто етничко и мајоризирачко; такво беше и денес (6 македонски гласови наспроти 3 албански и турски).
„Своеремено, македонската политичка елита го користеше Собранието на Македонија за да ги мајоризира Албанците. Сега, откако тоа им е оневозможено во Собранието, тие ја префрлија оваа практика во Уставниот суд.
Додека во Уставниот суд не постои двојно гласање за законите со Бадентер, односно механизам за заштита на другите етнички заедници, ароганцијата на македонската политичка елита ќе се појави повторно, исто како во 1991 или 1997 година.
За жал, Северна Македонија се лизга по пат кој е докажано фатален за неа. Денес, нашата држава ги дели патиштата: или ќе оди кон Европа, или кон „Српски свет“; или ќе остане Северна Македонија и европска, или македонската олигархијата ќе направи дел од неа да стане „Јужна Бановина“, вели Лога.