Забава
Познатиот музичар призна дека добил дете со љубовницата, па порача: Ја сакам мојата сопруга
Дејв Грол, фронтменот на бендот Foo Fighters, ги изненади своите обожаватели објавувајќи на социјалните мрежи дека добил дете со својата љубовницата.
„Неодамна добив вонбрачна ќерка Планирам да ѝ бидам родител полн со љубов и поддршка. Ги сакам сопругата и децата и правам сѐ што можам за да ја вратам нивната доверба и да ја заработам нивната прошка. Благодарни сме што внимавате на моите деца додека одиме напред заедно“, напиша тој.
View this post on Instagram
Тој ги исклучи коментарите на оваа објава. Грол е во брак со моделот и продуцентка Џордин Блум од 2003 година. Таа сѐ уште не се изјаснила за неговото признание дека бил неверен. Тие имаат три ќерки – Виолет, Вилоу и Офелија Сент.
Во претходното интервју за магазинот „Ел“ тој изјави дека не бил подготвен за сериозна врска кога ја запознал Џордин и престанал да контактира со неа откога излегле неколкупати. Меѓутоа, по неколку месеци, се предомислил и ја поканил, а потоа почнале врска.
Таа неколкупати соработуваше со неговиот бенд Foo Fighters. Таа се појави во спотот за песната White Limo, а учествуваше и во режијата на спотот за синглот Walking a Line.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Облече најмало бикини и помисли дека никој нема да ја види: папараците ја фатија на покривот на хотел
Популарната пејачка Дуа Липа моментално е во Рио де Жанеиро за нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти.

Сепак, папараците не ја пропуштија иако беше далеку од јавноста, и ја фатија на базенот на покривот од луксузниот хотел каде што престојува.

Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа го покажа своето витко, тонирано и исончано тело, особено нејзините извајани стомачни мускули кои е невозможно да не се забележат и да не се коментираат, кои не избегаа од објективите.

Снимена е додека се обидува да се завитка во парео со ист дезен како бикинито, а како моден додаток носеше очила за сонце. Долгата коса лежерно паѓаше преку грбот, а очигледно е дека немаше ни трага шминка додека го впиваше витаминот Д.
Забележлив е и нејзиниот скап веренички прстен, со кој британскиот актер Калум Тарнер ја запроси кон крајот на декември минатата година.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Аманда Холден мами воздишки во чипкана креација
Познатата водителка Аманда Холден (54) се појави на добротворна гала вечер и ги воодушеви сите со својот зачудувачки аутфит.
Убавата русокоса често е мета на папараците, па секој нејзин моден изглед е пречекан со лавина од позитивни коментари, а самата водителка понекогаш се обидува да го привлече вниманието кон себе со провокативни објави.

Токму како што диктира гала вечерта, гламурот и луксузот беа насекаде, а Аманда го следеше тоа „правило“.
Водителката се појави во чипкана црна креација украсена со цветни мотиви, со голем шлиц што оди сè до рамената, дискретно нагласувајќи ги нејзините гради.

Едноставни сандали со тенок ремен, обетки и нејзината насмевка – тие беа таму за да го „зачинат“ овој елегантен и провокативен изглед, додека како и обично, имаше силна вечерна шминка за да ги истакне очите.
Тајната на изгледот на Аманда Холден е секогаш тема, со оглед на тоа што таа е една од најзгодните јавни личности иако е во шеесеттите години. Како што еднаш откри, тајната лежи во избалансиран начин на живот, не ограничувајќи се, но ниту претерувајќи.

фото: принтскрин

