Македонија
Николоски на средба со евроамбасадорот Рокас: Планот за брза пруга на Коридорот 10 е реален и е од стратешко значење
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со заменик-министерката Калтрина Зеколи-Шаќири, и директорот на ЈП „Железница – Инфраструктура“, Синиша Ивановски, вчера остварија работна средба со новоименуваниот амбасадор на ЕУ, Михаилис Рокас.
На средбата министерот Николоски го запозна евроамбасадорот Рокас со владината програма во делот на инфраструктурните проекти потенцирајќи ја важноста за развој на патната и железничката инфраструктура со посебен фокус на изградба на брза пруга на Коридорот 10.
Министерот Николоски истакна дека планот за брза пруга на Коридорот 10 е реален и е од стратешко значење за Македонија, за земјите од регионот и за Европската Унија.
На средбата министерот ја истакна силната посветеност на Владата во однос на просецот на евроинтеграција на земјата додавајќи дека Министерството за транспорт активно работи на усогласување на транспортната политика со регулативите на Европската Унија.
„Очекуваме добра и кооперативна соработка со Делегацијата на ЕУ, како и досега. Му посакувам добредојде на новиот амбасадор Рокас и се надевам дека во континуитет заеднички ќе ги реализираме зацртаните политики и проекти. Унијата е наш долгогодишен стратешки партнер и силен поддржувач како во пристапниот процес така и во делот на финансиска поддршка на капитални проекти за што полагаме огромна благодарност“, истакна Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

