Контакт

Македонија

Заврши јавниот повик за проекти за општините, ќе бидат доделени 250 милиони евра

Објавено пред

Заврши јавниот повик за прибирање на апликации за проекти за јавниот повик за капитални инвестиции на Владата за општините.

dobivaj vesti na viber

Од владината прес-служба информираа дека 80 општини доставија 357 проекти со кој се решаваат конкретни проблеми на граѓаните.

„Ова е историско високо ниво на владини инвестиции важни за локалната самоуправа. Со овие пари ќе се градат водоводи, канализации, училишта, градинки, спортски комплекси. На овој начин се покажува конкретната грижа и поддршка за општините. Високиот интерес покажува дека владината мерка за 250 милиони евра за капитални инвестиции ја има својата оправданост“, велат од Владата.

Во рок од 10 дена, целосната проектна документација, од страна на општината, се доставува до ресорното министерство од областа на проектот, каде што ќе се врши евалуација на истиот.

 

Македонија

Андоновски го презентираше стратешкиот план на активности на Министерството за дигитална трансформација пред партнерските организации за следните четири години

Објавено пред

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во соработка со УСАИД организираше презентација на стратешките приоритети и идни планови на министерството за дигитална трансформација пред меѓународните партнери и меѓународната заедница.

dobivaj vesti na viber

 Министерот на потенцијалните проектни донатори на самиот почеток од средбата, им се заблагодари за континуираната поддршка која ја даваат на земјата, потенцирајќи ја важноста со која придонесуваат за развојот на државата.

 Андоновски со присутните ја сподели својата визија за Македонија, која ја гледа како земја во која дигиталните иновации го зајакнуваат секој граѓанин, ја поттикнуваат антикорупцијата, привлекуваат странски инвестиции и поттикнуваат одржливо и правично дигитално општество.

 Тој додаде и дека негова главна мисија е во 4-годишниот мандат да ја води македонската дигитална трансформација преку иновативни политики, стратешки инвестиции како и партнерства за соработка, зајакнување на граѓаните, бизнисите и институциите со дигитални алатки и знаење, поттикнувајќи технолошки напредно, инклузивно и општество без корупција.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Петрушевски: Љупчо Дон Николовски потрошил 976.199 денари на кафеани и ресторани како министер за земјоделие, се однесувал како Бисера Антоанета

Објавено пред

„Денес и во наредните неколку дена ќе обелодениме како Љупчо Дон Николовски покрај тоа што исплаќал милионски субвенции на фирми блиски до СДС без основ, и раскалашено трошел народни пари на лични задоволства и нему блиски луѓе“, вели Бране Петрушевски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

 „Љупчо Дон Николовски за три ипол години колку што бил министер за земјоделство потрошил 976.199 денари во кафеани и ресторани. Раскалашеноста е заштитен знак на СДС. 976.199 денари кога ќе го поделиме на 42 месеци, доаѓаме до сума од 23.400 денари, пари кои Дон Николовски ги трошел на кафеани. Ова го презентираме вака за и самиот Дон Николовски да сфати дека месечно во кафеани трошел по една плата, со која во државава живеат цели семејства. Првата година од своето министерување Дон Николовски потрошил 294.780 денари народни пари на кафеани и ресторани, а последната предизборната 2023 година цели 377.700 денари“, посочува Петрушевски и додава:

 „На масата на Дон Николовски често се наоѓале јадења како телешки мускул, чаден лосос, ракчиња и разни морски плодови, а се пиеле и скапи вина како Алшар од по 3500 денари шише. Дон Николовски се однесувал како Бисера Антоанета и без пардон трошел народни пари на кафанско седенки, додека од друга страна лицемерно зборувале дека работат за народот. Ова е таа раскалашеност и лицемерие на СДС. Утре и во наредните неколку дена целосно ќе го разоткриеме Дон Николовски и неговиот раскошен начин на живеење и патување“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мажот од Кочани кој почина од западно нилска треска дал податок дека не патувал никаде

Објавено пред

Мажот од Чешиново-Облешево кој почина од западно нилска треска во Македонија, до Инситутот за јавно здравје (ИЈЗ) дал податок дека претходно немал патувано во друга држава.

dobivaj vesti na viber

Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, објави дека 78-годишниот којшто почина на 16 септември чувствувал вознемиреност, губиток на свеста, температура и малаксаност.

Првите симптоми кај пациентот се појавиле на 9 септември. Следниот ден бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде по дијагнозата уште истиот ден бил препратен на Инфективната клиника во Скопје.

Покрај него, регистрирани се уште три случаи на западно нилската треска во земјава, од вкупно 30 тестирања.

„Првиот случај е тестиран во април и човекот е од Струмица, импортиран од Кенија. Вториот е човек од Кочани, импортиран од Тунис, во јули тестиран во ИЈЗ. Третиот случај е тестиран во август. Човекот е од Тетово и не изјавува дека имал патување“, рече Андоновска.

Објасни дека Западно нилската треска кај 80 посто од случаите не покажува симптоми, 20 отсто се со благи симптоми на грип, а кај помалку од 1 отсто може да биде зафатен централниот нервен систем.

ИЈЗ поседува тетсови за детектирање на западно нилска треска во моментов.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Мажот од Кочани кој почина од западно нилска треска дал податок дека не патувал никаде

Мажот од Чешиново-Облешево кој почина од западно нилска треска во Македонија, до Инситутот за јавно здравје (ИЈЗ) дал податок дека...

Македонија2 часа

Маж од Кочанско почина на Инфективната клиника поради компликации од западнонилска треска

78-годишен маж од општината Чешиново-Облешево, Кочани почина на 16 септември на Клиниката за инфективни болести поради компликации од вирусот на...

Македонија3 часа

Бугарија лута по изјавите на Александар Николоски: „Тој провоцира, ги известивме партнерите“

Лавина реакции во Бугарија предизвикаа изјавите на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски, кој ја нарече земјата „нецивилизиран...

Европа5 часа

„Путин знае дека НАТО е најсилниот воен сојуз во светот, затоа и не влегува во конфликт, алијансата нема да биде вовлечена во војна“

Генералниот секретар на НАТО во заминување Јенс Столтенберг ги отфрли како „лажни“ тврдењата дека одлуката на сојузниците да и дозволат...

Свет5 часа

(Видео) Неверојатна снимка токму во моментот на нападот: како изгледаше Бејрут кога се активирале пејџерите

Меѓународната новинска агенција Ројтерс снимаше директен пренос од панорамата на Бејрут, главниот град на Либан, кога точно во 15 часот...

Европа5 часа

(Видео) Поплави на северот на Италија: „Ситуацијата е многу драматична“

Домовите се евакуирани во северниот италијански регион Емилија-Ромања бидејќи бурата Борис, која од минатата недела однесе најмалку 24 животи во...

Свет6 часа

Јапонската компанија: Овие воки-токи не сме ги произведувале од 2014 година

Јапонскиот ИКОМ соопшти дека моделот на нивните воки-токи поврзани со експлозиите во Либан бил прекинат пред една деценија и дека...

Свет6 часа

Блискиот Исток се соочува со најголемата војна во последните 50 години, предупредува саудискиот амбасадор

Блискиот исток е најблиску до регионална војна во последните 50 години, предупреди саудискиот амбасадор во Велика Британија. Принцот Калид бин...

Свет6 часа

„Ирански хакери краделе информации за кампањата на Трамп и ги испраќале до луѓето на Бајден“

Ирански сајбер актери испратија е-пошта во текот на летото до луѓе вклучени во тогашната кампањата за реизбор на американскиот претседател...

Македонија17 часа

Од денеска нема да има загарантирани работни места на Албанците и другите немнозински заедници, честито Таравари, велат од Алијанса за Албанците

По предупредувањата на претставниците на моноетничката Влада, Мицкоски, Димитриевски, Таравари, денеска Уставниот суд направи голем чекор од проектот за деалбанизација...

Македонија17 часа

„Вреди“за „балансерот“: Одлуката нема да смени ништо за правата на Албанците, но е инспирирана од криминалните структури на претходната власт за создавање дестабилизација

„Вреди“ остро реагира на одлуката на Уставниот суд за покренување на постапка за оценување на уставноста и замрзнување на т.н....

Македонија19 часа

Уставниот суд поведе постапка за „балансерот“

Уставниот суд денеска поведе постапка за одредби од Законот за вработени во јавен сектор, Законот за административни службеници, Правилникот за...

Свет20 часа

(Видео) Нови експлозии во Либан: експлодирале воки-токи

Воки-токи користени од либанската група Хезболах експлодирале во средата доцна попладне во јужниот дел на земјата и во јужните предградија...

Македонија23 часа

Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП

И покрај поднесениот обвинителен акт за предметот познат во јавноста како „Синџир“, предметниот јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за...

Топ23 часа

Кривични против осум лица и три фирми по несреќата на автопатот Скопје – Куманово кога загинаа татко и син

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Д.(40), Д.М.(59), П.Г.(42), П.М.(56), С.С.(39) и...

Македонија24 часа

Мицкоски патува во Брисел: Ќе ја пренесам фрустрацијата на народот, пречките за ЕУ се вештачки наметнати

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани,...

Свет1 ден

Будимпешта се подготвува за поплави – се поставуваат бариери пред куќите и брани околу Дунав, за викендов најавена опасноста

Во градовите северно од Будимпешта властите поставија мобилни брани за да ги ограничат поплавите од Дунав. Будимпешта се подготвува за...

Свет1 ден

(Видео) Објавена првата снимка од остатоците на подморницата „Титан“

Првата снимка од подморницата „Титан“, направена по нејзината смртоносна имплозија во јуни 2023 година, беше објавена вчера на јавната расправа...

Македонија1 ден

За четири месеци, во Клиничкиот центар ќе се прават и потешките операции, Таравари го потпиша договорот за нова компресорска станица

Почна да тече рокот за изградба на нова компресорска станица во Клиничкиот центар, која ќе овозможи хируршките сали да работат...

Македонија1 ден

Германија со чартер-летови депортира 36 лица до Белград и Скопје, меѓу нив имало осудени криминалци

Првиот чартер-лет како дел од најновата офанзива за депортација на германската влада полета пред две недели за Авганистан. Вториот вчера...