Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Исцрпени договорите за набавка, ТОАРИЛУЦ оставена без основни средства и опрема
СДС и ДУИ го гледале здравството како партиска фирма. Наместо да се грижат за медицинскиот персонал и пациентите, тие се грижеле за тесно партиски интереси, истакна ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.
„По извршените проверки во ТОАРИЛУЦ поранешното раководство ангажирало лица по договор за дело без финансиски согласности од Министерството за финансии.
Во оваа клиника се преземени големи финансиски обврски без спроведени постапки.
Имено, повеќе од 60 лица на почетокот на оваа година биле ангажирани по договор за дело на клиниката без да имаат финансиска согласност од Министерството за финансии, што е спротивно на членот 9 од Законот за трансформација во редовен работен однос. За истото е предвидено дека за лицето кое раководи со институцијата а анагажирало лица без предходна согласност од Министерството за финансии ќе се казни со казна затвор од шест месеци до три години.
Во истовреме клиниката се соочува со недостаток на медицински сестри, за што раководството на водело сметка.
Поранешното раководство на ТОАРИЛУЦ на клиниката буквално гледало како на партиска фирма, и истите наталожиле финансиски обврски во износ од 840.000 денари, а при тоа за истите не се спроведувани постапки согласно Законот за јавни набавки.
Истовремено јавните набавки се правени без план и без долгорочни калкулации за потребите на клиниката. Поради несоодветно планирање дојдено е до целосно исцрпување на договори и оставање на клиниката без основни медицински материјални средства и опрема. Имено, договори склучени во тековната година се веќе исцрпени.
Ова се само дел од причините зошто здравството е девастирано. Овој систем на работа заврши, за се ова ќе има одговорност, а од сега па натаму следува многу работа и посветен пристап за подобри услуги за пациентите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСM: ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена
ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија со усвојување на предавничка Резолуција во Собранието, велат од СДСМ.
„Ја загрозуваат слободата на говорот и мислењето, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена, само да не се зборува за договорот мигранти за пари.
Целта е на опозицијата да ѝ биде забрането да зборува на темата мигранти, под зкана на кривични пријави, кои судовите по итна постапка би ги прифаќале. Затоа и забрзано работат на воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството.
Секој што ја зборува вистината за мигрантите е таргет, да му се заканат со кривична, со затвор, и на тој начин да замолчат каква било дебата за тоа што се случува надвор од очите на јавноста.
Во меѓувреме ќе пласираат лаги и ќе фабрикуваат разни лажни вести, за опозицијата, за новиот тим на СДСМ, се за и сешто“.
Затоа, според оваа партија, во предавничката Резолуција, како што наведуваат, внеле и измислици дека СДСМ подготвувала мигранти, што е целосна лага.
„Кога се носат предавнички резолуции против опозицијата тоа е автократија, вовед во диктатура, режим 2.0.
СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата, заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата.
Ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок и основните слободи за да избегаат од националните предавства.
Ќе се обратиме до сите релевантни меѓународни институции. Помош ќе побарме и од институциите на ЕУ, од сестринските партии во Европа“.
Со сите демократски алатки и механизми кои ни стојат на располагање, додаваат од СДСМ, ќе се бориме за Македонија, за слободата и демократијата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.
Македонија
Без струја делови од скопски Аеродром, Сопиште, и Сарај
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Четврок ) без електрична енергија ќе останат:
– од 08:00 – 09:00 часот, корисниците од бул.Јане Сандански бр.70 (Општина Аеродром )
– од 08:45 – 14:00 часот, дел од село Кондово, потрошувачите околу пругата и околу градинката. (општина Сарај)
– од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул.14 Сопиште (Општина Сопиште )
– од 10:00 – 13:00 часот, корисниците пат за село Долно Лисиче после “Ливрам“ (Општина Аеродром).

