Свет
Кремљ реагира на експлозијата на пејџерите: „Ситуацијата ќе излезе од контрола“
Кремљ предупреди дека нападот со експлозивни пејџери врз либанската група Хезболах и други може да предизвика поширок регионален конфликт и повика на истрага за да се утврдат сторителите.
Илјадници пејџери беа детонирани во нападот во вторникот низ Либан, при што загинаа девет лица, а беа ранети речиси 3.000 други, вклучително и борците на Хезболах и иранскиот пратеник во Бејрут.
Висок либански безбедносен извор и друг извор изјавија за „Ројтерс“ дека израелската разузнавачка служба Мосад поставила експлозиви во 5.000 пејџери увезени од либанската група Хезболах неколку месеци пред детонациите.
Тајванската компанија, чии пејџери се во прашање, објави дека нема никаква врска со нив и дека за нив е одговорна компанијата со седиште во Унгарија, која има право да го користи нивниот бренд во производството на пејџери.
„Она што се случи, што и да беше, секако води до ескалација на тензиите. Самиот регион (Блискиот Исток) е во експлозивна состојба и секако инцидент како овој, кој било од нив, има потенцијал да биде поттик за ситуацијата да излезе од контрола“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Се разбира, сметаме дека треба да се спроведе детаљна истрага за овој инцидент, да се утврдат причините и околностите за тоа што се случи и, се разбира, да се идентификуваат одговорните за овие масовни експлозии на комуникациска опрема“, рече тој.
Наодите од таквата истрага ќе им овозможат на специјалистите да го елиминираат ризикот нешто слично да се случи во Русија или на друго место, додаде Песков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре, уапсена мајката
Бебето кое исчезна вчера од болница во Виена утрово е пронајдено мртво во корпа за отпадоци во близина на болницата, пишуваат австриските медиуми.
Како што соопштија истражителите, доенчето било завиткано во најлонска кеса, а мајката (29) на еднонеделното бебе е уапсена.
Вчера медицинската сестра забележала дека бебето не е во собата, а не била ниту мајката, па била повикана полиција која веднаш почнала интензивна потрага.
Ги проверувале сите автомобили, дури и ранците на велосипедистите, а во потрагата учествувале и кучиња трагачи. Во текот на вечерта мајката била сослушана во полиција. Што им кажала се’ уште не е познато.
Сослушан е и наводниот татко на детето, чие татковство мајката не сакала да го признае, велат од полицијата. Тој не е осомничен за кривичното дело.
Свет
Министерство за одбрана на Русија: Сите бојни глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта
Руското Министерство за одбрана соопшти дека сите бојни глави на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ стигнале до украинскиот воено-индустриски комплекс во Днепро (поранешен Днепропетровск).
„На 21 ноември 2024 година, како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел против објекти на територијата на Руската Федерација, вооружените сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс. Нападот беше успешно искористен со ненуклеарна хиперсонична опрема“, се наведува во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот вечерта објави дека Украина употребила западно оружје со долг дострел против руската држава поради што регионалниот конфликт доби елементи на глобален.
Тој исто така рече дека еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел, балистичката ракета „Орешник“, бил тестиран во борбени услови.
Свет
Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.
„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалацијата и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон мирен пат.