Македонија
Првиот вицепремиер Изет Меџити се сретна со новиот амбасадор на Франција Кристоф Ле Риголер
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска беше домаќин на работна средба на новоименуваниот амбасадор на Република Франција, Кристофе Ле Риголер.
На средбата Меџити и Ле Риголер заклучија дека односите меѓу двете земји се одлични, со можност за нивно продлабочување, како на билатерален, така и преку соработка со Европската Унија.

Тема на состанокот беше интеграцијата во Европската Унија, користењето на ИПА фондовите и имплементацијата на Секторската оперативна програма за животна средина и климатска акција, во рамки на ИПА II Програмата, до крајот на 2026 година.
Првиот вицепремиер Изет Меџити рече дека Министерството за животна средина и просторно планирање има за цел да воспостави систем за управување со цврст отпад и да ја подобри инфраструктурата за третман на отпадните води и дека француските компании се добредојдени да учествуваат во овој процес особено важен за нашата земја.

На средбата беше констатирано дека во соработка со Француската агенција за развој – ФАР се реализираат проекти на централно и локално ниво во различни општини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

