Забава
„Скопје винил конвенција“ годинава со специјално катче за најмладите
На 5-ти октомври, од 12 часот, Куршумли Ан ќе биде домаќин на „Скопје винил конвенција“ (Skopje Vinyl Convention).
Оваа година, освен музиката, предвидено е и специјално детско катче “Жабец” за најмладите. Децата ќе можат да учат за природата преку креативни „лего“ работилници и интересни експерименти, дизајнирани да ја поттикнат нивната љубопитност и креативност.
Организаторите на настанот најавуваат забавни активности, музика и многу нови знаења.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Бред и Инес привлекоа внимание на хуманитарен настан во Малибу
Актерот Бред Пит (60) и неговата девојка Инес де Рамон (31) привлекоа внимание на хуманитарен настан во Малибу.
Двојката учествуваше на настанот Rock4EB на EBMRF, кој имаше цел да собере средства за истражување и третман на ретка состојба на кожата – epidermolysis bullosa.
За оваа пригода Бред и Инес го координираа својот изглед еден со друг. Актерот носеше бела кошула и беж панталони со жолт кариран дезен, а Инес избра бела маичка со тенки прерамки и беж панталони.
Забава
Бен Афлек се бореше со зависност од алкохол, сега е виден во центар за рехабилитација
Бен Афлек ги загрижи своите фанови кога во јавноста се појавија фотографиите направени од американските папараци. Тие, всушност, го прикажуваат славниот актер како заминува од центар за рехабилитација во Калифорнија.
Некои странски медиуми шпекулираат дека тој дошол само за да им даде поддршка на луѓето што се борат со разни зависности.
Од претходно е познато дека Бен неколкупати бил на лекување и на одвикнување од алкохол.
На тој чекор првпат се одлучил во 2001 година, а во март 2017 година Афлек објави дека го завршил лекувањето од оваа зависност.
Забава
Ева Лонгорија на Модната недела во Париз во необична комбинација
Модната недела во Париз почна и ќе трае до вторник, 1 октомври.
Меѓу првите што пристигна беше Ева Лонгорија. 49-годишната актерка привлече внимание при излегувањето од хотелот. Таа носеше проѕирен фустан, со кој комбинирала црно сако и црни чевли.
Имаше минимална шминка, а косата ѝ беше пуштена. Лонгорија со години е позната како една од најелегантните и најатрактивни жени во Холивуд.