Свет
Американските разузнавачи го информирале Трамп за закани за атентат од Иран
Врвните функционери на американската разузнавачка заедница го информирале републиканскиот кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп за закани за атентат од Иран, изјави портпаролот на кампањата на Трамп.
„Трамп претходно беше информиран од Канцеларијата на директорот на националното разузнавање за реални и конкретни закани за атентат од Иран во обид да ги дестабилизира САД и да предизвика хаос“, изјави портпаролот Стивен Чеунг, а пренесува „Еб-би-си њуз“.
Се додава дека претставниците на разузнавањето заклучиле дека овие постојани и координирани напади се зголемиле во текот на изминатите неколку месеци и дека службениците од сите агенции работат на тоа да обезбедат Трамп да биде заштитен и дека претседателските избори се слободни и спроведени без мешање.
Постојаната мисија на Иран во Обединетите нации во Њујорк не одговори веднаш на барањето за коментар на оваа информација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Команда на украинската армија: Сите Украинци на возраст од 18 до 60 години можат да се борат
Командата на украинската копнена армија соопшти дека се донесени нови одлуки во врска со мобилизацијата на Украинците и дека сите граѓани на возраст од 18 до 60 години можат доброволно да учествуваат во борбата против руските сили.
Командата наведува дека не може јавно да ги соопшти деталите бидејќи, како што истакнува, „слободниот пристап до прашањата за регрутирање единици ја проширува способноста на непријателот да ги процени нашите ресурси и планови“, пренесе агенцијата УНИАН.
Старосната граница за мобилизација во Украина е намалена во мај годинава од 27 на 25 години.
Свет
Израел им порача на своите војници да бидат подготвени за можна копнена инвазија на Либан
Израелските напади врз Либан имаат за цел да го подготват теренот за можен влез на војници и да продолжат да го деградираат Хезболах, изјави командантот на израелската армија Херзи Халеви пред израелските војници, мислејќи на можна израелска копнена инвазија на Либан.
„Ова е, исто така, подготовка на теренот за можен влез во Либан и континуирана деградација на Хезболах“, рече тој пред израелската армија.
„Денеска Хезболах ги прошири своите напади, а подоцна денеска ќе добие многу силен одговор. Подгответе се. Ќе продолжиме, нема да застанеме, ќе продолжиме да ги удираме насекаде. Целта е многу јасна, безбедно да се вратат Израелците на северот на земјата“, додаде тој.
Израел веќе трет ден гаѓа цели на Хезболах во Либан со интензивни воздушни напади. Речиси 700 луѓе загинаа во нападите, а стотици беа повредени.
Свет
Ердоган: Предлогот на Украина за влез во НАТО не е прашање што треба да се избрзува
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека предлогот на Украина за влез во НАТО не е прашање што треба да се „избрза“ и дека односите меѓу Турција и Русија ќе продолжат да се развиваат.
„Тоа се прашања што не треба да се избрзуваат и кога разговараме и кога донесуваме одлука, секогаш ја земаме предвид позицијата на другите земји-членки на НАТО, разговараме за овие можни прашања на маса и соодветно ја донесуваме конечната одлука“, рече Ердоган во интервју за NBC на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Ердоган досега го блокираше членството на Украина во НАТО, истовремено барајќи од Шведска и Финска да го променат ставот кон курдските бунтовнички групи кои Турција ги смета за терористички.
Претходно овој месец, Ердоган рече дека полуостровот Крим треба да се врати под украинска контрола и дека Украина мора целосно да го врати својот територијален интегритет.