Црна хроника
Кривични пријави за перење пари и приредување на игри на среќа без лиценца
Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против фирма од Стар Дојран и К.К.(72) од Скопје, сопственик и управител поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „перење пари и други приноси од казниво дело” по член 273 и „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ по член 156 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри, против К.А.(57) од Дојран, М.К.(62) од Дојран и Ф.П.(51) од Скопје, сите вработени во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело” по член 273 во врска со член 22 „соизвршителство“ од Кривичниот законик.
„Во периодот од 01.01.2017 до 17.04.2019, сопственикот К.К. во просториите на друштвото организирал приредување на игри на среќа без да поседува лиценца, односно дозвола од надлежен орган, со што противправно се стекнал со парична имотна корист на својата лична сметка. На оваа сметка и пријавените К.А., М.К. и Ф.П. извршиле уплати во вкупен износ од 102.810.613 денари или 1.671.717 евра. Со ваквото дејствие тие го сториле кривичното дело перење пари и други приноси од казниво дело“, објави МВР.
Имено, паричните средства кои биле стекнати од приредувањето на игрите на среќа без лиценца ги пуштиле во легален платен промет, уплатувајќи ги на сметката на пријавениот К.К., кој понатаму ги трансферирал како позајмици кон пријавеното правно лице, кое во најголем дел ги користело за враќање на хипотекарен кредит кон една банка, како и за тековно работење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

