Забава
(Видео) Лејди Гага сними спот во „Лувр“
Новото видео на поп-ѕвездата Лејди Гага, снимено во „Лувр“ на почетокот на септември, може да се гледа на интернет од денеска по повод почетокот на проекцијата на филмот „Џокер“, во кој глуми, како и отворањето изложба посветена на лудите луѓе во уметноста.
Во видеото, кое може да се види на профилот на „Лувр“ и на оние на пејачката на „Инстаграм“ и „Тик-ток“, таа шета низ музејот изведувајќи песна напишана за таа пригода, облечена во кус фустан и патики, со кратка црвена перика на главата.
Пејачката, која летово со својот настап го одбележа отворањето на Олимписките игри во Париз, а в петок излегува новиот албум Harlequin, поврзан со тој филм, ноќе шета низ музејот сè до „Мона Лиза“. Гледајќи ја добро, исцртува насмевка со кармин на стаклото што ја штити. Потоа се врти кон камерата и на нејзиното лице се гледа солза.
На прашањето за постапката што го поттикнува вандализмот извршен во последните месеци во неколку музеи на познати слики, вклучувајќи ја и Мона Лиза, „Лувр“ истакна дека сцената е чиста фикција, замислена како омаж на ликот на Џокер и Леонардо да Винчи.
„’Лувр’ се здружи со ‘Варнер брос пикчрс“, што го продуцира видеото, во соработка со ѕвездата“, изјавија од музејот за AFP.
Музејот на тој начин го означи отворањето на сезоната со изложба посветена на лудаците, вклучувајќи го и Џокер, кој често може да се види на сликите од 13 до 16 век, како и почетокот на прикажувањето на филмот „Џокер: Лудило за двајца“, со Хоакин Феникс и Лејди Гага. Филмот ќе почне да се прикажува во светот во првата недела од октомври.
Не е првпат „Лувр“ да соработува со музички ѕвезди. Во 2016 година Will.i.am сними музичко видео со анимирани музејски слики, наречено „Насмевката на Мона Лиза“. Во 2018 година Бијонсе и Џеј Зи снимија видео за Апешит во музејот, вклучително и сликата „Преживеаните од фрегатата ‘Медуза’“, со која сакаа да ја истакнат еднаквоста на културите и местото на обоените во историјата на уметноста.
Музејот неодамна објави фотографии од приватната посета на Селин Дион пред нејзиниот настап на Олимписките игри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Три едноставни начини да се ослободите од досадните мравки
Иако се корисни по природа бидејќи ја чистат почвата и го одржуваат екосистемот, тие можат да станат вистинска непријатност во домот.
Мравките се меѓу најчестите „непоканети гости“ во домаќинството. Добрата вест е дека постојат едноставни, природни и ефикасни решенија за да ги избркате засекогаш, без употреба на агресивни хемикалии.
1. Исчистете ги трагите што ги оставаат
Мравките комуницираат преку хемиски феромонски траги, кои ги оставаат на патот од изворот на храна до мравјалникот.
Ако забележите дека се појавуваат во истиот дел од куќата, потребно е темелно да го исчистите тој простор. Најдобро е да користите мешавина од вода и оцет во сооднос 1:1. Оцетот не само што ги уништува трагите од феромон, туку ги одбива и мравките со својот мирис. Обрнете внимание на кујнските површини, плочките и рабовите на ѕидовите каде што најчесто се движат.
2. Користете природни мириси што мравките не ги толерираат
Мравките имаат исклучително развиено чувство за мирис, па затоа одредени природни мириси можат ефикасно да ги избркаат. Најефикасни се есенцијалните масла од нане, лимон или лаванда.
Неколку капки масло измешани со вода во шише со распрскувач можат да послужат како совршена алатка за заштита на домот. Прскајте го околу прозорците, вратите и пукнатините низ кои влегуваат. Можете исто така да поставите кора од лимон или краставица на местата каде што се појавуваат најчесто – нивната киселина создава бариера што мравките ја избегнуваат.
3. Затворете го нивниот пристап и отстранете го изворот на храна
Како и секој инсект, мравките доаѓаат по храна. Редовното бришење на кујнските површини, затворањето на садовите со шеќер, брашно и храна за домашни миленици, како и изнесувањето на ѓубрето, се клучни чекори. Малите пукнатини и дупки во ѕидовите, особено околу цевките и прозорците, треба да се запечатат со силикон или гипс. Ова ќе ја затвори нивната „влезна врата“ и ќе спречи формирање нови колонии во вашиот дом.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Сè повеќе загрижува со својот изглед, но тврди дека сè е во ред: „Помогнете ѝ“
Пејачката и глумица Аријана Гранде сè уште го промовира својот нов филм „Wicked: For Good“, и затоа секое нејзино ново појавување е приказна само по себе.
Веќе некое време, Аријана е мета на коментари поради нејзиниот слаб изглед, многумина се дури и загрижени бидејќи се чини дека нема намера да престане да губи тежина. Нејзиното здравје е тема број еден што ги окупира фановите, но се чини дека таа сè уште не е свесна за тоа.
На своето последно појавување, Аријана прошета во фустан чиј горен дел е во нијанса на розова, додека долниот дел е во форма на балон здолниште и во малку потемна розова боја. Ја собра косата во пунџа и одеше самоуверено додека публиката беше во шок.
„Изгледа како скелет“, беше еден од најсуровите коментари на мрежите.
Ariana Grande in NYC tonight pic.twitter.com/R4piPXf1Tt
— Ariana Grande Spotify Data (@AGSpotifyData) October 28, 2025
Аријана Гранде е послаба од кога било, толку многу што фановите споделуваа објави на социјалните мрежи барајќи помош и пишуваа дека воопшто не изгледа здраво.
— …. (@kfornowbitch) October 28, 2025
И покрај сè, таа не негираше ништо. Таа само рече во некои претходни изјави дека ова е нејзината најздрава верзија во моментов, и дека претходно била на антидепресиви.
фото: принтскрин
Забава
Како да се вратите во форма по породувањето: три совети за слабеење
Враќањето во форма по породувањето често е предизвик за многу мајки. Затоа е важно да му дадете на вашето тело доволно време да се опорави пред да почнете да барате вежби и промени во исхраната.
Многу жени би сакале да се вратат на првобитната фигура и тежина, но прво треба да се фокусираат на усвојување здрави навики во исхраната.
Редовните оброци, особено појадокот, се клучни за одржување на енергијата и правилното функционирање на телото, особено кога станува збор за грижа за новороденче.
Се препорачува да јадете пет мали оброци дневно, богати со овошје, зеленчук, житарки и протеини, но со умерена количина храна бидејќи потребите на телото се промениле.
Кога ќе почувствувате дека можете да го движите вашето тело, се препорачуваат лесни вежби – како што се вежби за зајакнување на карличните мускули или одење со вашето бебе во количка.
Одењето е одличен начин постепено да се вратите на физичката активност, а исто така дава можност за дружење со други мајки.
Треба да започнете да правите понапорни вежби по 6 недели, а ако породувањето било комплицирано, задолжително консултирајте се со вашиот матичен лекар.
Не брзајте со губење на тежината. Вашиот прв преглед кај вашиот гинеколог, обично шест до осум недели по породувањето, е идеално време да разговарате за следните чекори.
Поставете реални и долгорочни цели – на пример, постепено губење на вишокот килограми до првиот роденден на вашето дете.
Важно е да му дадете на вашето тело доволно време да се опорави и да се фокусира на вашето здравје, а не само на бројката на вагата.
Соодветната исхрана, умерената физичка активност и трпението ќе ви помогнат постепено да се вратите во форма, а воедно да го зачувате вашето ментално и физичко здравје.
фото: принтскрин

