Македонија
Мицкоски: Владата ќе работи спортските канали најбргу што може да се емитуваат на македонски јазик, формирана е комисија

Премиерот, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, дали се презема нешто во врска со споменувањето на можноста, конечно да се стави ред во употребата на македонскиот јазик особено со емитувањето на странски, односно спортските арена канали во државата, информираше дека Владата веќе има формирано Комисија којашто има задача да направи напор да се користи македонскиот јазик, албанскиот и останатите јазици во државата.
„Колку човек повеќе знае јазици тоа е богатство. Јас тоа секогаш го зборувам и тука нема нешто коешто би било лошо. Но, добро е да си го заштитите вашиот мајчин јазик и добро е кога економиски оператори остваруваат некаков профит овде да знаат барем да го почитуваат македонскиот јазик, и во рамките на тоа формиравме Комисија на Владата на седницата на Владата, во вторникот.
Комисија којашто ќе има за задача да оние канали коишто преку кабелските оператори сѐ уште не го употребуваат македонскиот јазик да се направи еве, еден таков вид на напор, да видиме, да тоа унапредување почне и да може да се користи и македонскиот и албанскиот јазик исто како и сите останатите јазици коишто во моментов, сега се користат“, изјави премиерот Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Општина Центар

Без струја денеска ќе останат делови од Општина Центар.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 09.08.2025 година (сабота) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од Даме Груев, улица Свети Кирил и Методиј (Општина Центар)“, информира ЦУК.
Македонија
Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени, информира УХМР.
Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, за време на викендот и во текот на наредната седмица времето ќе биде претежно сончево и многу топло со пораст на дневната температура.
Особено топло ќе биде од недела кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне 40°C.
Македонија
На Табановце се чека по 20-тина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 20 минути, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.