Свет
(Видео) Зеленски пристигна во Белата куќа
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Белата куќа каде ќе му го претстави својот „план за победа“ на американскиот претседател Џо Бајден.
Zelensky came to a meeting with Biden at the White House to present his victory plan to him pic.twitter.com/HvDqQkbRqK
— Trending News (@Trend_War_Newss) September 26, 2024
Тоа ќе биде 11-та средба меѓу двајцата лидери и петта посета на Зеленски на Вашингтон од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Вознемирувачки апел во округ на Флорида: Ако не заминете, напишете го вашето име на раката за подоцна да ве идентификуваат
Шерифот на округот Тејлор од Флорида, Вејн Паџет, испрати застрашувачки апел до луѓето.
„Сите вие кои живеете во ниски области и одбивате да ги напуштите своите домови, се ставате во голема опасност – може да умрете. Ако одлучите да останете, земете црн маркер и напишете го вашето име и матичен број на раката за да можеме да ве идентификуваме.
Мразам да им го кажувам ова на луѓето, но тоа ќе се случи. Овие стари куќи, некои од нив на брегот, едноставно нема да можат да издржат ураган. Сè уште можете некако да се скриете од ветрот, но не и од водата. Јас живеам овде цел живот и никогаш не сум бил загрижен за бура, до сега“, рече Паџет, според NBC News.
Свет
(Видео) Ловец на бури објави снимка од центарот на ураганот Хелен
Ник Андервуд, ловец на бури, кој со години лета низ бури, денеска објави видео од центарот на ураганот Хелен.
„Ве молиме, бидете подготвени ако сте на патот на ураганот. Слушајте ги вашите локални власти и грижете се за вашите соседи“, рече тој.
Flew with Miss Piggy (#NOAA43) into a strengthening Hurricane #Helene this morning.
Please be prepared if you are in the path.
Follow @NHC_Atlantic and @NOAA_HurrHunter for official updates.
Listen to your local officials. Care for your neighbors. pic.twitter.com/Dfh5lxXUP2
— Tropical Nick Underwood (@TheTropicNick) September 26, 2024
Свет
(Видео) Камала Харис: Путин може да ја заврши војната утре
По претставувањето на неговиот план за победа пред Бајден во Белата куќа, украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа прес-конференција со демократската претседателска кандидатка Камала Харис.
Американската потпретседателка почна со ветување за поддршка на Украина во нејзината борба против Русија и дека ќе продолжи да го прави тоа доколку биде избрана на претстојните избори.
Таа рече дека Америка мора да се спротивстави на агресорите како рускиот претседател Владимир Путин.
Харис предупреди дека другите потенцијални агресори ќе следат што се случува во Украина и дека мора да им се покаже дека постапките на Путин не се прифатливи.
Додаде дека Путин утре би можел да ја заврши војната доколку ја повлече војската од Украина.
„Украина се спротивстави на руската агресија и денес Киев е слободен и силен“, рече Камала Харис.
„Претседател Зеленски, разбирам. Путин ја започна оваа војна и може да ја заврши утре ако едноставно ја повлече својата војска од украинската суверена територија“.
Без да го именува директно, Камала Харис го повика својот противкандидат на претстојните избори, републиканскиот кандидат Доналд Трамп, велејќи дека има некои луѓе во Америка кои ќе бараат Украина да прифати неутралност и да се откаже од безбедносните односи со другите нации.
„Ова не се предлози за мир. Наместо тоа, тие се предлози за предавање“, додаде таа.