Забава
Ќерката на Курт Кобејн и синот на Тони Хок станаа родители, бременоста ја криеја од јавноста
Ќерката на починатиот пејач Курт Кобејн, Френсис бин Кобејн, и Рајли Хок, син на познатиот скејтер Тони Хок, станаа родители. Ја изненадија јавноста бидејќи нејзината бременост ја чуваа во тајност.
View this post on Instagram
Френсис сега објави фотографии од новородениот син и напиша: „Добредојде на светот најубав син. Те сакаме повеќе од сè“.
Таа го откри и неговото целосно име – Ронин Вокер Кобејн Хок.
Скејтерот Тони Хок беше меѓу првите што ја коментираа објавата. „Мојот омилен внук“, напиша тој.
Освен него и нејзините пријателки, честитки упатија уште некои познати личности. „Честитки од сè срце“, напиша актерката Зелда Вилијамс, ќерка на починатиот актер Робин Вилијамс. Фронтменот на Р.Е.М., Мајкл Стајп, кој ѝ е кум на Френсис, исто така напиша: „Ви ги испраќам сета љубов и добра енергија на светот“.
Френсис бин Кобејн и Рајли Хок се венчаа на почетокот на октомври 2023 година во Лос Анџелес. Нејзина кума беше познатата актерка Дру Баримор.
View this post on Instagram
Ова е втор брак за 31-годишната Френсис. Таа се омажи за музичарот Исаја Силва во 2014 година, но се разведоа по две години брак.
Кога Курт почина во 1994 година, Френсис имаше само една и пол година, а честопати во медиумите изјавуваше дека не може да прежали што пораснала без татко. Веќе како тинејџерка, Френсис се борела со зависности, а во 2016 година решила да оди на рехабилитација. По ослободувањето од зависноста, таа ја поправила врската со својата мајка Кортни Лав, со која не разговарала со години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Најубавата жена на светот е номинирана и за најдобра актерка: Сите зборуваат за нејзиниот стил
Ема Стоун, која ја носи титулата најубава жена на светот, блесна на 98-та гала вечера на номинираните за Оскари. Самиот настан се одржува пред Оскарите и ги собира сите номинирани ѕвезди за таа година во хотелот Беверли Хилтон.
Ема, која беше номинирана за најдобра актерка во филмот „Бугонија“, беше таа што ги привлече сите погледи со необична, но привлечна комбинација. Таа носеше смокинг фустан кој комбинира класичен стил и гламур, и не завршува тука. Црната креација е исто така украсена со доза на сексапил бидејќи има длабоко деколте и мини крој.
Покрај тоа, цветниот детаљ беше забележлив – централниот мотив кој го нагласуваше тоа многу длабоко деколте. За да го комплетира стајлингот, таа се одлучи за отворени потпетици.
Што се однесува до шминката, таа носеше нежни, земјени тонови и едвај забележливи додатоци – ситни обетки.
Забава
Концерт на Рита Ора во Охрид
Светската музичка сензација Рита Ора, на 1 август ќе одржи голем концерт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
Со низа интернационални хитови што го обиколија светот, милијарди стримови, престижни признанија и соработки со најголемите имиња од глобалната музичка сцена, Рита Ора се етаблираше како глобален бренд и еден од најпрепознатливите симболи на современиот поп звук, модна икона и артистка со јасна визија. Кариерата ѝ е обележана со континуиран успех, но и со способност постојано да се трансформира, да експериментира и да остане чекор пред времето.
Нејзиниот пат на светската сцена претставува редок спој на комерцијален успех, уметничка конзистентност и прецизно изграден идентитет. Од своите почетоци до денес, Рита Ора континуирано го проширува својот креативен израз, комбинирајќи современ поп, денс и урбан звук со моќен визуелен стил и впечатливо сценско присуство. Таа е препознатлива не само како музичка ѕвезда, туку и како културен феномен со големо влијание врз новите генерации.
Нејзините настапи се синоним за врвна продукција, прецизно осмислена сценографија и енергија што воспоставува директна и искрена врска со публиката. Секој концерт на Рита Ора е внимателно режирано аудиовизуелно доживување, во кое музиката, светлината и емоцијата функционираат како една целина, причина поради која нејзините настапи на најголемите светски сцени редовно се оценуваат како вистински спектакли.
Концертот на 1 август во Охрид е во организација на „Прагма продукција“. Билети преку продажната мрежа на: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во Бисер и Јк Травел Дајмонд.
Забава
Супербоул 2026 е втор најгледан ТВ пренос во историјата на САД
Овогодишниот Супербоул стана втор најгледан ТВ пренос во историјата на САД, со просек од 124,9 милиони гледачи кои го гледаа натпреварот меѓу Сиетл Сихокс и Њу Ингланд Патриотс кој заврши со резултат 29:13.
Врвот на гледаноста беше забележан во втората четвртина, кога дури 137,8 милиони луѓе го гледаа натпреварот, што претставува најголема публика во историјата на американската телевизија во една минута емитување. Емитувањето беше достапно на NBC, Peacock, Telemundo, NBC Sports Digital и NFL+, а во однос на вкупната гледаност беше надминато само од минатогодишниот Супербоул, објавува NFL.com.
За NBCUniversal, која ја слави 100-годишнината од NBC во 2026 година, ова беше најгледаната програма во историјата на компанијата.
Телемундо го сруши рекордот за гледаност на шпански јазик
Емитувањето на Телемундо имаше просек од 3,3 милиони гледачи, што го прави најгледаниот Супербоул во историјата на американската телевизија на шпански јазик. Гледаноста достигна врв за време на полувремето, со просек од 4,8 милиони гледачи, што е исто така рекорд за емисија на полувреме на шпански јазик.
Настапот на Бед Бани на полувремето ги сруши рекордите на социјалните медиуми
Настапот на Бед Бани на полувремето, спонзориран од Apple Music, предизвика силен бран на социјалните медиуми. Вкупната конзумација на содржина поврзана со настапот достигна четири милијарди прегледи во првите 24 часа, што е зголемување од 137 проценти во однос на минатата година. Повеќе од 55 проценти од сите прегледи дојдоа од меѓународните пазари.
Трите најгледани објави во историјата на социјалните медиуми на НФЛ сега се клипови од настапот. Најпопуларниот, со пораката „Единственото нешто помоќно од омразата е љубовта“, собра 179 милиони прегледи на Инстаграм.
View this post on Instagram
Вториот клип, во кој Бед Бани ги наведува земјите пред да ја забие топката, достигна 168 милиони прегледи на Инстаграм. Истото видео на TikTok е прегледано 100 милиони пати, со 62 проценти од гледачите надвор од САД. Само шоуто на полувремето во просек имало 128,2 милиони гледачи во САД.
Веднаш по настапот, музиката на Бед Бани на Apple Music се зголеми седумкратно. Најстримуваните песни беа DtMF, BAILE INoLIVIDABLE и Tití Me Preguntó. Неговата листа за репродукција на песни изведени на Супербоул стана најстримуваната сет-листа во историјата на Apple Music.
Денот по натпреварот, DeBÍ TiRAR MáS FOToS влезе на топ листите на албуми во 155 земји, достигнувајќи го првото место во 46. Пејачот доминираше и на глобалната листа Daily Top 100, на која се најдоа 24 негови песни, од кои девет беа меѓу првите 25 и шест во првите 10. Неколку постари песни, вклучувајќи го и синглот „I Like It“ со Карди Би, се вратија на топ-листата за прв пат по години.
фото/епа

