Македонија
Меџити: Ги зајакнуваме процедурите за доделување на А- и Б-интегрираните дозволи
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, со поздравно обраќање ја отвори денешната работилница „Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на acquis-от во областа на индустриското загадување“.
„Индустријата е важен столб за економски развој, но, за жал, остава сериозни последици врз животната средина. Загадувањето од големи индустриски инсталации ги допира воздухот што го дишеме, водата што ја пиеме и земјата што нè храни. Затоа наша должност е да ги контролираме овие влијанија и да промовираме почисти и поодржливи практики“, истакна Меџити додавајќи дека интегрираните еколошки дозволи се клучни за да се осигури дека секоја индустрија ќе ги почитува стандардите и ќе го намалува загадувањето. Од таа причина, според Меџити, мораме да ги зајакнеме процедурите за доделување овие дозволи за да обезбедиме подобра заштита на животната средина.
Проектот го спроведуваат Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија (како земја корисник) и Центарот за меѓународно и европско економско право (CIEEL), Република Грција (како земја членка партнер).
Во рамките на проектот се работи на зајакнување на националните и локалните административни капацитети во областа на индустриското загадување, и тоа преку подобрување на интегрираните еколошки дозволи, кои треба да содржат услови поставени во согласност со начелата и одредбите на директивата за индустриски емисии и заклучоците за најдобрите достапни техники.
Се додава дека во реализација на проектот земени се предвид неодамнешните предлози на Европската комисија за справување со загадувањето од големите индустриски инсталации. Овие предлози опфаќаат ревизија на директивата за индустриски емисии и ревизија на регулативата за Регистарот на испуштање и пренесување загадувачки материи.
Во рамките на трите компоненти од проектот треба да се постигне усогласена правна рамка, подобрена процедура за оцена на влијание врз животната средина за активностите на директивата за индустриски емисии и подобрен процес на издавање дозволите за интегрираното спречување и контрола на загадувањето.
Проектот го спроведуваат Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија (како земја корисник) и Центарот за меѓународно и европско економско право (CIEEL), Република Грција (како земја членка партнер). Започнат е на 1 март 2023 година и ќе трае 24 месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

