Контакт

Македонија

Мицкоски во Гази Баба: За 100 дена ги покачивме пензиите, продолжуваме да работиме посветено

Објавено пред

„Навистина чувството е би рекол прекрасно колку во суштина ова покажува дека нашиот народ е скромен, нашиот народ е благодарен, нашиот народ е работлив, вреден и колку малку треба за човек да биде среќен. Јас сум благодарен што можам да го видам тоа денес на вашите лица и тоа за нас преставува инспирација да продолжиме да работиме уште понапорно за во периодот кој што следи да овозможиме уште поголеми пензии, да овозможиме уште поголема перспектива за вашите внуци, синови, ќерки да ги гледате вашите внучиња тука во Македонија затоа што нема поголема мака од тоа кога мајка, баба, се дели од своето чедо кое што поради бесперспективност, разочарување ја напушта својата држава, својата татковина, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната средба со пензионерите во Општина Гази Баба.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски истакна дека Владата продолжува да работи посветено за сите граѓани.

„Продолжуваме и понатаму, тоа беше едно обично само предизборно ветување; многумина не прашуваа од каде ќе најдете пари, како ќе најдете пари- успеавме да најдеме пари, а пари најдовме на начин на којшто ние не сакавме да ги крадеме граѓаните, не сакавме да ве крадеме вас туку сакавме да работиме чесно, достоинствено и на тој начин да имаме поголем прилив во буџетот и со тој поголем прилив во буџетот да овозможиме вие да уживате во тоа што сте го заслужиле работејќи макотрпно целиот ваш работен век. И зашто требаше да поминат 100 дена? Затоа што овие 100 дена кога го правевме планот беа претпоставени дека ќе бидат доволни да можеме да акумулираме доволно заштеда да овозможиме да имаме најпрвин половина од онаа сума којашто ја ветивме, а потоа за уште 6 месеци со новиот буџет и втората половина што во рок од 9 месеци не од година го испорачаме тоа ветување коешто сме го дале“, рече тој.

Мицкоски потсети и што наследиле од претходната власт потенцирајќи дека тоа што го ветиле сакале да го испорачаат. И полека но сигурно, со многу трпение, со многу мудрост, ум и стратегија тоа да го реализира.

„Состојбата беше многу сложена, многу тешка, првиот ден кога дојдовме на работа, 24ти Јуни, сметката на владата беше – 200 милиони евра. Ниту една не затекнала такво цунами како што оваа Влада затекнала. Работевме многу, макотрпно, чесно и можам да кажам дека полека но сигурно приходите во буџетот се зголемуваат затоа што веќе народот никој не го краде, никој нема право да го краде, туку треба да работи за народот, да биде слуга на народот. УЈП ги зголемуваше своите приходи, Царината ги зголемуваше своите приходи, и на тој начин има повеќе за вас, повеќе за граѓаните. Тоа е она за коешто се заветивме како Влада и тоа е она што ќе го работиме. Но има и други работи коишто ги направивме, коишто вие можеби во меѓувреме не ги гледавте и не сакавме многу да зборуваме. Повеќе да работиме, помалку да зборуваме“, истакна премиерот.

„Пред да се направи ребалансот на буџетот во кој што беа предвидени овие зголемувања и покачувања на пензиите, тој кажа дека претходната Влада заборавила во првата верзија од буџетот кој што беше тековен да предвиди ни повеќе ни помалку 5 милијарди денари. Тоа е 80 милиони евра за тековните, и не станува збор за покачените, за тековните недостасувале 5 милијарди денари. Така што со ребалансот не само што ги обезбедиле овие зголемувања коишто се мали , недоволно, но доволно за човек денеска да се почувствува малку горд.

Ги обезбедивме и оние 5 милијарди да исплата на досегашните висини на пензиите. Понатаму, не сакам да заборавите и една друга работа која со министерот за здравство ја промовиравме а тоа е дека после една деценија вклучивме нови 9 генерички лекови на позитивната листа, листа на којашто вие нема да плаќате партиципација ќе ви бидат бесплатни. Со тоа се заштедуваат милиони, милиони пари од граѓаните“, истакна Мицкоски.

Премиерот кажа дека се продолжува со надградба на ова листа и понатаму се продолжува да се штеди за граѓаните. Граѓаните коишто ги користат тие лекови ќе бидат со помали трошоци, со поголема заштеда и ќе може да добиваат лекови со поголем квалитет.

„Понатаму исто сакам да кажам дека успеавме со мерките коишто ги воведовме, за прв пат после две години инфлацијата да ја спуштиме на ниво за 2, 2 % , најниска во август во регионот и најниска во Европа. Не напаѓаа, платите не растеле. Видовте државниот завод за статистика во месец Јули излезе со податоци дека не само што растат платите туку дека растат споредбено со минатите години но тога цените и инфлацијата беа 25 % сега се само 2,2%. И тоа не е доволно, ќе биде уште пониско со новите мерки помалку трошоци, повеќе за вас“, потенцира премиерот.

Тој кажа дека сето тоа што го работеле во изминатиот период, целта била само да се направиме нешто повеќе за граѓаните. За граѓаните истакна тој затоа што тие ја дале довербата на 8ми Мај, за да речиси за 5 месеци најмалку што може да се направи, и тоа што е ветено е и испорачано.

„За овие 100 дена некој ќе ми го постави прашањето: Дали сте задоволни? Секогаш може повеќе. Но, сум задоволен. Задоволен сум затоа што го оставивме срцето на терен, затоа што се боревме храбро, затоа што работевме чесно, вредно и макотрпно и затоа што во првите 100 дена најголем број од големите ветувања ние ги испорачавме, Во месеците и годините коишто следат имаме многу позитивни изненадувања, уште многу ваков тип на испораки, уште многу насмеани лица бидејќи тука ќе завршам како и што започнав, вашата насмевка е наша инспирација. Вашата насмевка е наша награда за сето тоа што го правевме досега, а јас ве уверувам и ви давам збор дека ќе продолжиме истото да го правиме за вас бидејќи вие тоа го заслужувате. Да сте ми живи и здрави, Бог да ни ја благослови Македонија и да се гледаме за убави работи“, заклучи премиерот.

Македонија

Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.

Сите патни правци во државата се проодни.

.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;

– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;

– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд

Објавено пред

Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Поранешен британски министер под истрага поради Епстин, Стармер: Нè излажа повеќе пати

Британскиот премиер Кир Стармер изрази жалење за назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор на Велика Британија во Вашингтон, велејќи дека...

Свет2 часа

Гутереш: Истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за глобалната безбедност

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за меѓународниот мир...

Свет2 часа

Израел врати 54 тела и 66 кутии со останки во Газа

Министерството за здравство на Газа вчера објави дека 54 палестински тела и 66 кутии со човечки останки се префрлени во...

Свет2 часа

Кси го предупреди Трамп да биде внимателен со испораките на оружје за Тајван

Кинескиот претседател Кси Џинпинг го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор во среда да биде „претпазлив“ во врска...

Европа2 часа

Зеленски: На Путин ќе му требаат 2 години и 800.000 војници за да ја освои источна Украина

Русија ќе мора да жртвува дополнителни 800.000 војници во следните две години ако сака воено да ја освои источна Украина,...

Македонија8 часа

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...

Македонија15 часа

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, САД, денеска се обрати на Форумот за безбедност...

Македонија16 часа

Алиу истражува, но се сомнева дека ќе најде податоци за извозот на мозоци: Истечени се сите рокови за архивирање на документите

Стариот закон ги обврзува институциите да ги чуваат документите за извоз на мозоците како биолошки материјал 15 години, а новиот,...

Македонија17 часа

За да нема операции со врски Алиу воведе нов електронски систем: болниците лани направиле 34.862 операции кои не ги завеле во „Мој термин“

Министерот за здравство Азир Алиу денес промовираше електронски систем за евиденција на операциите во сите јавни здравствени установи во земјава....

Македонија20 часа

По протестите за „Безбеден град“, Мицкоски најави жесток одговор за секој кој го прекршил законот

Премиерот Христијан Мицкоски побарал да биде санкциониран секој што јавно упатувал закани и го загрозувал мирот и безбедноста, по вчерашните...

Македонија20 часа

Мицкоски: Да почекаме истрагата да даде одговор за наводите за транспортирани мозоци

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не се добијат поконкретни информации во врска со објавите дека...

Македонија22 часа

Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови, значајно придонесува и кај други видови рак

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува...

Македонија22 часа

По заканите кон новинарот Видиновски, Обвинителството оформи предмет

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното...

Македонија22 часа

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради...

Македонија23 часа

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која...

Македонија23 часа

Се откри театарот на Трендафилов нарачан од СДС и Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Излезе на површина несериозноста, неодговорноста и поигрувањето на Слободан Трендафилов со чувствата и иднината на работниците, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Откако...

Свет1 ден

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

Милијардерката и филантроп Мелинда Френч Гејтс изјави дека споменувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани со...

Свет1 ден

Преписка помеѓу Епстин и бизнисмен од Емиратите: „Одам да пробам свежа Русинка на јахта“

Нови документи објавени од Министерството за правда на САД открија бизарни и шокантни детали за блиската врска помеѓу Султан Ахмед...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Путин го одржа ветувањето да ги запре нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал рускиот претседател Владимир Путин да „ја заврши војната“ во Украина, но исто...

Свет1 ден

(Видео) Зеленски: Чекаме реакција на Америка на новите руски напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина чека реакција од САД на ноќните напади на Русија врз градови низ...