Контакт

Економија

Европски град прогласен за најскап за живот во светот во 2024 година

Објавено пред

Швајцарија е позната по високите трошоци за живот, а тоа го потврди и годинешниот извештај за трошоците на живот според градот во 2024 година, објавен од „Нумбео“, најголемата светска база на податоци за градови и земји во светот.

dobivaj vesti na viber

Швајцарија на самиот врв

Според нивните податоци, најскапи градови за живеење досега во 2024 година се Женева и Цирих, а потоа следува Њујорк. При креирањето на овој извештај биле земени предвид трошоците за јадење, кирија, оброци во ресторан и вкупните трошоци за живот.

Во Женева продуктите се 11,4 % поскапи отколку во Њујорк, а цените во рестораните се повисоки 1,5 %. Сепак, трошоците за домување се 40,4 % поевтини во Женева отколку во Њујорк.

Ова се 10-те најскапи градови за живеење:

Женева, Швајцарија
Цирих, Швајцарија
Њујорк, САД
Сан Франциско, САД
Бостон, САД
Рејкјавик, Исланд
Вашингтон, САД
Сиетл, САД
Лос Анџелес, САД
Чикаго, САД

Иако Швајцарија е најскапата земја во светот за живеење, Женева исто така е рангирана како еден од најдобрите градови за живеење. Во средината на годината Виена четврти пат во последните шест години беше прогласена за најдобар град за живеење, покажуваат податоците на Economist Intelligence Unit (EIU). Цирих се најде на третото, а Женева на шестото место на таа ранг-листа.

Минатата година „Економист“ ги објави најскапите градови во 2023. Извештајот Index Worldwide Cost of Living ги споредува цените на повеќе од 200 производи и услуги во 173 града во светот, а според резултатите, Сингапур и Цирих се најскапите. Женева беше на третото место, изедначена со Њујорк.

Економија

Компанијата Кожувчанка ја лансира првата Апликација – Потсетник за пиење вода, од Изворска!

Објавено пред

Компанијата Кожувчанка повторно ја изненадува јавноста со иновација и новитет создавајќи ја првата апликација во Македонија која ве потсетува да се напиете вода и да останете хидрирани во текот на целиот ден!

dobivaj vesti na viber

“Ние како Компанија секогаш ги слушаме потребите на нашите потрошувачи и дејствуваме за подобрување на квалитетот на нивниот живот. Живееме во ова брзо време што ни носи многу грижи, настани и предизвици со кои сите ние се справуваме, па често ни се случува да заборавиме на себе и своите потреби. Затоа ја создадовме Изворска Апликацијата која ќе ве потсетува во текот на денот дека треба да бидете хидрирани! Таа е бесплатна за преземање, па ви посакуваме на сите – Со здравје користење.” – изјавија од Маркетинг секторот на Компанијата.

 

Како работи апликацијата?

Со користење на функцијата за скенирање на баркодот од Изворска етикетата, апликацијата точно ќе го препознае количеството вода што ја пиете, и ќе ви покаже колку литри уште треба да испиете за да ја достигнете дневната цел за хидратација.

А, ова се нејзините основни карактеристики:

• Бесплатна и лесна за користење: Преземете ја апликацијата и започнете веднаш!

• Персонализирана: Точно пресметува колку вода треба да пиете врз основа на вашите лични потреби.

Потсетник: Заборавивте да се напиете вода? Нема проблем – апликацијата ќе ви испрати потсетување.

Статистика: Следете го напредокот на вашата хидратација на дневно и месечно ниво.

Изворска Апликацијата е достапна за преземање бесплатно на платформите Google Play и App Store: app.izvorska.mk

Компанијата Кожувчанка и брендот Изворска продолжуваат да инвестираат во иновации кои го подобруваат здравјето и квалитетот на животот на своите потрошувачи, а оваа апликација е само еден пример за нивната посветеност.

Ваша,

Кожувчанка

 

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Објавено пред

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,43 п.п., при што во февруари таа изнесува 2,19%, извести Народната банка.

dobivaj vesti na viber

Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,34 п.п. и изнесува 5,18%.

Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.

Прикажи повеќе...

Економија

Седница на Советот на Народната банка: Донесена е регулатива за операционализација на Законот за решавање банки

Објавено пред

Советот на Народната банка донесе 12 одлуки со кои се заокружува регулативната рамка за решавање банки, со што се обезбедува усогласување со највисоките меѓународни стандарди и добри практики. Овие одлуки претставуваат значаен чекор кон натамошно зајакнување на стабилноста на финансискиот систем и заштита на јавниот интерес.

dobivaj vesti na viber

Со овие подзаконски акти се операционализира Законот за решавање банки, којшто беше донесен на 3.10.2023 година, при што со нив се регулираат два основни вида активности: активностите коишто Народната банка и банките ги преземаат во редовното работење (т.н. подготвителни активности) и активностите коишто Народната банка ги презема во случај на решавање банка којашто е од јавен интерес и за која се исполнети условите за престанок со работа, известуваат од Народната банка.

Најзначајна активност во рамките на првата група активности е изработката на план за решавање за секоја банка и оцената на можноста за нејзино решавање. Целта на овие активности е обезбедување подобра подготвеност на Народната банка и банките за справување со кризни ситуации. Со цел да се зголеми отпорноста на банките во рамките на подготвителните активности, Народната банка ќе ја утврдува и висината на минималната стапка на сопствени средства и дозволени обврски (МРЕЛ) којашто секоја банка треба да ја исполнува. Во согласност со Законот, банките треба да ја достигнат висината на оваа стапка најдоцна до 31 декември 2032 година. Исто така, за потребите на финансирањето на решавањето банки е предвидено создавање Фонд за решавање банки, којшто ќе се финансира од годишните придонеси на банките и од други извори. Народната банка ја пропишува методологијата за утврдување на висината на годишните придонеси на банките во Фондот, а исто така ќе одлучува и за неговата употреба во случај на решавање банка. Со втората група подзаконски акти подетално се регулираат активностите и инструментите за решавање и овластувањата и одговорностите на Народната банка во случаите кога се исполнети условите за решавање банка, соопшти Народната банка.

Примената на овие одлуки започнува на 13 октомври 2025 година, со влегувањето во сила на Законот за решавање банки. Во согласност со овој закон, Народната банка е надлежен орган за решавање банки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

OJO: Поднесено обвинение за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици на „Партизанска“

По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице што се товари за тешки...

Македонија7 часа

Четворицата лидери на „Влен“ вечерва ќе одат на ифтарска вечера кај Аљбин Курти, Таравари вели дека ќе разговараат и за локалните избори

За претстојните локални избори, како и за сите актуелни теми во земјата и во регионот, вечерва, на ифтарска вечера кај...

Македонија7 часа

Денес, осум пациенти од Скопје се пуштаат дома, од странство се враќаат уште девет

Министерот за здравство, Арбен Таравари, информира дека во моментот во установите во Скопје се хоспитализирани 22 пациенти, сите стабилни и...

Топ8 часа

Измамници оштетија струшко семејство: им понудиле донации за болниот син, па подигале брзи кредити

Двајца измамници излажале сопружници од Струга дека ќе собираат пари за лекување на нивниот болен син и им ги зеле...

Македонија9 часа

Крива Река е опасна за животот на луѓето, загадени и земјоделските насади – градоначалникот бара кривична одговорност

Во согласност со извештајот на акредитирана лабораторија „Техно лаб“ во Скопје, водата во Крива Река, по земените примероци, еден ден...

Македонија10 часа

Македонците и годинава ќе може да патуваат во ЕУ како досега: системот ЕТИАС одложен

Системот ЕТИАС, кој ќе се применува за влез во земјите од Европската Унија, повторно е одложен и ќе почне на...

Македонија10 часа

Сестрата на прегазената Фросина Кулакова: „На движењето ‘Кој е следен?’ не му е важна жртвата, туку агендата“

Росица Кулакова, сестрата на трагично прегазената Фросина Кулакова, првпат јавно зборуваше за случувањата по загубата на сестра си, но и...

Топ12 часа

Уапсени двајцата возачи што удрија пешаци во Скопје, автомобилите одземени

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 45-годишниот И.С. од Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 21.50 часот...

Свет13 часа

(Видео) Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: се тресеше и на Тајланд на 1.000 километри од епицентарот

Застрашувачки снимки излегуваат од Тајланд откако утринава два разорни земјотреси го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени...

Македонија13 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет14 часа

Снимка од подморницата на смртта пред трагедијата во Египет: „Почна да тоне додека сè уште беа отворени челичните врати“

Шест туристи трагично загинаа откако подморница потона крај брегот на Египет додека беа на обиколка на подводните корални гребени. Вкупно...

Регион14 часа

Авионот на Додик полетал од Израел и среде ноќ слетал во Белград

Авионот на Владата на Република Српска полетал синоќа во 21 часот и 32 минути од аеродромот Бен Гурион во Тел...

Свет15 часа

Белата куќа му одговори на Путин: Украинците одредуваат кој управува со Украина

Управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав и народот на таа земја, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на...

Европа15 часа

Путин: Украина би можела да биде ставена под привремена управа

Рускиот претседател Владимир Путин сугерираше дека Украина би можела да биде ставена под некаков облик на привремена администрација за да...

Македонија16 часа

Посебен режим на сообраќај на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје: ќе се извлекува камион излетан од патот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска во периодот од 05.00 до 07.00 часот на магистралниот пат ГП...

Македонија1 ден

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница, апелира директорката на Пластична хирургија

Тим од Пластична хирургија и од Министерството за здравство вчера констатирал дека во болницата во Кочани има услови за лекување...

Македонија1 ден

Деветмина пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осуммина се враќаат од странство, во Скопје ќе останат 15, а во странство 100  

Од денес на домашно лекување одат деветмина пациенти, кои се лекуваа на скопските клиники по пожарот во Кочани, а дома...

Македонија1 ден

Ќе се испитува дали постои основа за задржување на насилникот од Радовиш, кој сподели видео на „Тик-ток“ додека ја тепаше сопругата

За лицето од Радовиш, кое целата јавност го виде на видео на „Тик-ток“ додека ја тепа својата сопруга, ќе се...

Македонија1 ден

„Не заборавајте дека нашите деца си заминаа поради партиите, дојде време да избираме децата или партиите“: се огласија кочанчани

Дојде време да избираме децата или партиите. Живееме во време кога луѓето повеќе веруваат во партиите отколку во самите себе....

Македонија1 ден

За хероите од Кочани

„За вистинските херои од Кочани“ – нешто што нема да го прочитате и видете на друго место, а никој не...