Забава
Новите фотографии на Кејт Мидлтон допреа многу срца: беше во друштво на девојка што има рак

Трогателна фотографија од Кејт Мидлтон е објавена на официјалниот инстаграм-профил на принцезата и принцот од Велс. Таа се запознала со фотографката Лиз Хатон (16), која се бори со редок тумор.
Лиз, по потекло од Харогејт во Јоркшир, обожава фотографија и доби лична покана од принцот Вилијам да дојде во Виндзор, пишува „Дејли мејл“. Лиз исто така беше поканета заедно со семејството да ги запознае Вилијам и Кејт приватно за да разговараат за битка со ракот на Кејт. За време на таа средба, Кејт ја прегрна девојката.
View this post on Instagram
„Ми беше задоволство да ја запознаам Лиз во Виндзор денес. Таа е талентирана млада фотографка, чија креативност и сила нè инспирираа и двајцата. Ви благодариме што ги споделивте вашите фотографии и приказната со нас“, пишува во описот до фотографиите што ги споделија Кејт и Вилијам.
Вилијам дознал за Лиз преку добротворната организација London Air Ambulance, чиј покровител е тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Меси позираше со сопругата Антонела, детаљот зад нив привлече внимание

Фудбалерот на Аргентина, Лионел Меси и неговата сопруга Антонела Рокуцо споделија неколку заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Тие се подготвија за настанот, за кој Антонела носеше елегантен темнозелен фустан, додека Меси класичен костум.
Пред да заминат на настанот, парот позирал пред огледало во нивниот дом. Нивното селфи прикажува голема фотографија од нивните синови Тиаго, Матео и Чиро во позадина.
Забава
Сидни Свини блеска на плажа, обожавателите забележаа еден детаљ

Сидни Свини продолжува да ги плени своите следбеници на социјалните мрежи, а овој пат тоа го направи на начин што привлече уште поголемо внимание.
Актерката од „Еуфорија“, која беше во центарот на гласините за можно раскинување со поранешниот вереник Џонатан Давино, сподели серија фотографии од плажа, а објавата за кратко време собра 3,3 милиони лајкови.
Меѓутоа, фановите забележале еден детаљ – актерката позирала без вереничкиот прстен. Отсуството на прстенот стана главна тема меѓу обожавателите, кои веднаш почнаа да шпекулираат за статусот на нејзината врска со Давино.
Иако Свини официјално не го коментираше својот љубовен живот, гласините за раскинување се се посилни, особено откако избриша заедничка фотографија на Инстаграм. Според различни извори, парот наводно живеел одвоено во последните недели поради „неодредени разлики“, иако разделбата се уште не е официјално потврдена.
Сепак, извор близок до Свини открил за магазинот „Пипл“ дека таа и Давино дефинитивно раскинале, а нивната планирана венчавка на почетокот на овој месец е откажана.
„Таа има сè под контрола и е токму онаму каде што сака да биде. Повеќето луѓе би биле преоптоварени од нејзината работна година, но не и Сидни. Таа е целосно посветена на работата во моментов и многу е возбудена за нејзините проекти“, рекол извор во понеделникот, потврдувајќи го раскинувањето.
„Она што навистина ја обзема беше врската и планирањето на свадбата. Таа не се чувствуваше добро поради тоа“, додаде тој.
Забава
(Фото) Сопругата на Пирс Броснан изненади со голема промена во изгледот

Пирс Броснан (71) и неговата сопруга Кили Шеј Смит (61) се појавија заедно на премиерата на неговиот нов филм MobLand во Њујорк, каде ги воодушевија сите присутни.
Актерот, најпознат по улогата на Џејмс Бонд, изгледаше елегантно во сино одело, бела кошула и сребрена вратоврска, додека Кили ги привлече погледите во црн фустан од тантела. Нејзиниот нов изглед не остана незабележан – очигледно беше дека ослабела многу, а фустанот дополнително ја истакна нејзината нова фигура.
Инаку, Кили во изминатите неколку години често беше мета на критики поради вишокот килограми. Таа и Пирс често се соочуваа со бројни злонамерни коментари, а во септември 2022 година славниот актер реагираше и застана во одбрана на својата сопруга. Потоа истакна дека нејзиниот изглед бил тема на разговор и меѓу неговите пријатели.
„Некои од нашите пријатели и понудија операција за слабеење. Но, јас го обожавам секој дел од нејзиното тело. Таа е најубавата жена во моите очи. И затоа што ги роди нашите деца“, напиша Пирс тогаш на Инстаграм, заштитнички бранејќи ја својата сакана сопруга.
„Отсекогаш навистина ја сакав поради тоа што е, не поради нејзината убавина, а сега ја сакам уште повеќе бидејќи е мајка на моите деца. Многу сум горд на неа и секогаш се трудам да бидам достоен за нејзината љубов“, додал Пирс.
Исто така, често нагласувал дека „не му треба супермодел, туку вистинска жена“.