Контакт

Македонија

Николоски: Наследивме празен буџет на половина година, целосно заборавени и закочени проекти

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска на прес конференција ги презентираше наследените проблеми и проекти кои што се реализираа во овие 100 дена од формирањето на Владата.

dobivaj vesti na viber

„Состојбата која што ја наследивме не беше ни малку лесна, еден предизвикувачки период и политички и финансиски. Прво самиот факт што наследивме празен буџет на половина година, доволно кажува за можностите за кои што можеше да се реализираат проекти и истите да продолжат и оние кои што се веќе започнати. Би сакал да ја потсетам јавноста дека јас третиот ден како министер се соочив со ревизорскиот извештај кој што пристигна од Државниот завод за ревизија во однос на работењето на ЈП за државни патишта и во однос на работењето на двете железнички претпријатија – ЈП Железници Инфрасруктура и Железница Транспорт и истиот веднаш го доставив до Јавното обвинителство, а за наодите ја информирав и јавноста.

До денес немам информација дали ЈО постапило, ги замолувам да ги разгледаат наодите, се работи за многу сериозни наоди во однос на работењето на ЈПДП и на двете железнички претпријатија и мислам дека дел од одговорите се токму во неправилностите кои што таму се правени“, рече заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

„Тоа беше првиот предизвик со кои што се соочивме. Вториот предизвик беше во однос на нормално функционирање, тука пред се мислам на работењето на Македонска пошта, Железница Инфраструктура и Железница Транспорт. 4400 луѓе беа оставени без плата, знам дека тоа не е големо достигнување но еве веќе трет месец вработените во овие три претпријатија редовно земаат плата и нивните семејства не мора да мислат секој месец да врзвуваат први со први.

Во следниот период ќе следува реструктуирање и реорганизација, намалување на трошоци и зголемување на продуктивноста на сите овие три претпријатија.

Понатаму се соочивме со крупни проблеми во делот на реализација на крупните инфраструктурни проекти, тука зборувам за реализација на автопатите. Охрид-Кичево целосно запоставен и заборавен проект, слична ситуација и со Коридор 8 и Коридор 10 или популарниот договор со конзорциумот Бехтел и Енка. Ништо подобро и реализацијата на експресниот пат од Прилеп до Градско како и на експресниот пат од Кумаоново – Ранковце -Крива Паланка до граница со Бугарија, закочени проекти кои што не се посветувало никакво внимание.

Заедно со ЈП за државни патишта се посветивме на решавање на проблемите, сакам да му се заблагодарам на директорот Коце Трајановски за одличната соработка во овие два месеци и навистна мислам дека првите резултати се гледаат“, рече Николоски.

„Успеавме со Синохридо да се договориме да се повлечат од арбитража и на тој начин Македонија спаси 50-тина милиони долари кои што потенцијално можеше да ги изгуби на арбитража во Париз и се договоривме да ја забрзааат динамиката за работа. Во изминатиов период го изменивме Правилникот и овозможивме прилагодување на рецептурата за асфалт со што веќе првите резултати се видливи и интензивно се работи на делницата Кичево-Охрид. Она што сакам да го споделам со јавноста е тоа што конечно се ефектуираше Анексот 6 кој што беше потпишан 2023 година, а тоа е за дополнителните средства кои се потребни за изградба на автопатот.

Треба да знае јавноста дека тој анекс бил потпишан ама не бил ефектуиран и средствата не беа на располагање и изведувачите последно имаа видено пари минатиот ноември. Од минатиот ноември до денеска не е ништо платено, што би се согласиле, кој би работел една година без пари и да не му се плаќа тоа што го работел и тоа е една од причините што Охрид-Кичево е така заглавен. Конечно во комуникација со ЕКСИМ банката успеавме да ја завршиме целокупната документација што не беше лесно бидејќи година дена пртеходно ништо не се работело.

Минатиот четврток добив информација дека конечно кредитот е ефективен, средствата се одобрени и очекувам од 7 октомври да се стваат на располагање на изведувачите што дополнително ќе ја зголеми динамиката на изведба на автопатот Охрид – Кичево. Во таа насока правиме и измени на Законот за експропријација во делот на оставински постапки кои што навистина се голем проблем за реализаицја на инфраструктурни проекти и со сето ова очекуваме до почетокот на следната летна сезона поголемиот дел од автопатот да биде ставен во функција односно делот од Врбјани-Арбиново до Охрид со еден мал прекин кај селото Ботун.

Во однос на другите предизвици со автопатите, тоа се Коридорите 8 и 10, без разлика што беа помпезно најавувани скоро и ништо да не се работело. Има бројни проблеми со експропријација, има пролеми со шумски предели кои се наоѓаат на трасата, има проблеми на делот од Прилеп-Битола со нерасчистени мини и бомби од првата светска војна. Можам да ви кажам, со тоа темпо со кое што претходно работела Армијата, до 2026 година немаше да бидат исчистени бомбите и мините на трасата. Ние тоа го забрзуваме и очекуваме до крај на годината и таа работа да биде завршена. Исто така има бројни проблеми со дислокација на водови и објекти, но во соработка со изведувачите и овие ги решаваме и очекувам првата реална работа да ја видите до крајот на овој месец. Ќе стартуваме со Прилеп – Битола со конкретни активности на терен со изградба на автопат и со Гостивар – Букојчани или популарно Стража.

Да не заборавиме дека Владата само на овој проект заштеди 252 милиони евра, со што ја поништивме одлуката на претходната влада со која што дополнителни 252 милиони евра му беа одобрени за изведувачот за тунел на трасата Гостивар – Букојчани кој што сметам дека е целсно непротребен.

Исто така ги решивме проблемите кои ги имавме на трасата на експресниот пат од Прилеп до Градско, се работи за делница финансирана делумно од ЕУ. Бројни проблеми таму беа наследени. На пример, ЕУ во 2023 година побарала да се формира меѓуресорска комисија меѓу Министерството за транспорт и ЈПДП со цел да се искористат ИПА средствата. Година и половина не беше формирана, откако јас станав министер за две недели таа работа ја решивме и можам да кажам дека се работи интензивно и со целосна одговорност да најавам пред граѓаните дека делницата Прилеп-Градско ќе биде завршена пред Нова година и ќе биде целосно оперативна и ќе може да се вози по нов експресен пат со два тунели и со брзина од 110 до 130 км на час.

Слична ситуација наследивме и на експресниот пат Куманово – Ранковце – Крива Паланка – граница со Бугарија. И таму ги решивме проблемите и таму имаме финансирање од ЕУ за што сакам да се заблагодарам. Исто така до Нова година и овој пат ќе биде ставен во функција.

Значи до Нова година ќе имаме експресен пат Прилеп-Градско и експресен пат Куманово-граница со Бугарија со што многу ќе ја забрза комуникацијата меѓу граѓаните.

Исто така го решаваме проблемот со вештачката брана Отиње, кое што треба да биде ново езеро над Штип, кое што ќе послужи и за наводнување и за туристичка атракција. Можете да замислите колку неодговорно се работело, не било превидено дека требало да има материјал во случајов глина која што треба да се постави на дното на езерото со цел водата да не понира и кога ќе се наполни езерото да постои како такво. Го решивме и овој проблем и очекувам до крај на 2026 да почне да се полни браната и 2027 да имаме полно езеро каде покрај за наводнување да биде и туристичка атракција на цела Источна Македонија.

Исто така правиме целосна рекнструкција на два гранични премини Деве Баир и Кафасан. Деве Баир работите ги започнуваме оваа сабота, а Ќафасан веќе се работи.

Не ги заборавивме и социјалните станови, веќе имаме постапка за доделување во Велес и Кочани, а се работи во Бутел и Дебар.
Обезбедивме 100 милиони денари во неколку општини каде што интервентно требаше да се помогне со водоводи и канализации и тоа за Охрид Радовиш и Битола.

Во моментов, најголем дел од проектите кои се однесуваат на 100-те милиони евра кои што треба да се доделат на општините се во надлежност на Министерството за транспорт и можам да ви кажам дека во завршна фаза е разгледувањето на 246 проекти кои се доствани до нас, а веќе следната година очекуваме да доделиме 250 милиони евра.

Да не ги заборавам и проектите кои се за асфалтирање на локални улици кои што одат преку кредит на Светска банка и секако мојот најдраг проект, а тоа е зголемувањето на фрекфрентноста на охридскиот и скопскиот аеродром, каде што во тек е повикот и очекувам во понеделник да имаме убава прес конференција на која што ќе објавам најмалку 10 нови дестинации, што ќе значи 200 илјади повеќе патници следната година отколку овааа. Би сакал да најавм и реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром.

Накратко ова се проектите кои ги работевме во овој период, листата е голема. Се соочивме со бројни проблеми, поблеми кои што ги решаваме. Би сакал да посветам внимание и на железницата нешто што е иднината и на Македонија и на целиот регион и на Европа.

Состојбата која што ја наследивме во желзница беше катастрофална, немаше ни една локомотива која што можеше да вози по македонските пруги. На 24 јуни кога јас станав министер имаше нула локомотиви. Само тој ден 9 композиции лежеа на македонските пруги на потегот од Гевгелија кон Табановце, композиции кои тргнале од солунското или атинското пристаниште и требало да возат кон Централана Европа, што беше голем срам за Македонија.

Во моментов имаме 7 локомотиви кои се на располагање, се оспосбува и осмата и само да ви кажам една споредба. Ако во месец август поминале вкупно 61 товарен воз, само во послдната недела 70 возови поминале по македонските пруги. За една недела имаме повќе отколку цел август што мислам дека многу зборува за тоа како ги поправаме работите.

Планираме силни инвестициски циклуси следната година. Тука е проектот за градско воз кој што очекувам првата фаза да ја реализираме до октомври следата година. Тука е реконструкцијата на постојниот коридор 10, продолжуваме со изградба на Коридор 8. Очекувам првата деланица од Куманово до Бељаковце да биде пуштена за сообраќај до Нова година како би имало воз од Скопје до Бељаковце. Во однос на втората фаза имаме големи проблеми со изведувачот и морам да кажам дека не сум задоволен од неговата работа како што не сум задоволен и од надзорот кој чудно е надзор на сите големи проекти во Македонија.

А во однос на третата делница, јавноста е веќе запозната со сите детали и морам да кажам дека конечно очекувам да се сретнеме со бугарската страна. Досега одбија три датуми понудени од Европската унија на кои што ќе поразговараме како да го изведеме проектот заеднички и да се поврземе, а не да не се поврземе.

Секако мојот приоритет е изградбата на брза пруга од Табановце до Гавгелија односно од Скопје до Солун. Веќе следната пролет очекувам да имаме добри вести и да започнеме со реализација на овој грандиозен проект за Македонија“, истакна Николоски.

Македонија

(Видео) Симнете ги розовите очила и погледнете ги работниците – порачаа синдикатите до функционерите на протестот за повисоки плати, се бара 600 евра минималец

Објавено пред

Со транспарентот „Протестираме за плата“, голем број граѓани излегоа на улиците за да го поддржат протестот на Сојузот на синдикатити и да го изразат незадоволството од ниските плати во земјава.

dobivaj vesti na viber

Синдикалците бараат зголемување на минималната плата на 600 евра, како и зголемување од по 100 евра за сите останати плати.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порача дека доколку барањата не бидат исполнети, ќе следуваат блокади и генерален штрајк. Тој најави и собирање 10.000 потписи со кои синдикатот би станал овластен предлагач на закон за намалување на платите на функционерите за 80 проценти и зголемување на минималната плата на 600 евра, како и зголемување на другите плати за најмалку 6.000 денари.

„Ќе ве ставиме на тест, ќе гласате за себе наспроти луѓето кои ве гласаат вас, или ќе гласате за луѓето кои со нивниот глас ви го овозможуваат вашиот луксуз, а доколку не се случи тоа и вие ќе стоите од оваа страна на зградата, заедно со нас и ќе не поддржувате за да ви се зголеми вашата плата,“ додаде Трендафилов.

На протестот беше испратена пораката и дека Владата води најсиромашен народ и најсиромашна држава во Европа, со повик до функционерите да ги симнат розовите очила и да ја согледаат реалната состојба на работниците.

Од ССМ најавија дека протестите ќе продолжат сè додека не се исполни целта за зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите останати плати.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ ќе предложи зголемување на платите на работниците и замрзнување на платите на функционерите

Објавено пред

Социјалдемократскиот сојуз ќе поднесе законски решенија во Собранието за зголемување на платите на работниците и замрзнување на платите на функционерите, соопштија од партијата.

dobivaj vesti na viber

Како што наведуваат, предлог-законите се подготвуваат имајќи ја предвид тешката положба на работниците, намалениот животен стандард на граѓаните, како и барањата изнесени од Сојузот на синдикатите. Според најавата, СДСМ ќе предложи зголемување на минималната плата на 600 евра, зголемување на платите за 100 евра во останатите сектори, како и законски решенија за замрзнување на платите на функционерите.

Од партијата наведуваат дека ги поддржуваат барањата на работниците и на Сојузот на синдикатите, истакнувајќи дека секој работник заслужува достоинствена плата за живот.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека деталите за предложените законски решенија ќе ги образложи на прес-конференција.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДОМ: Поддршка за повисоки плати, но со одговорен и одржлив економски пристап

Објавено пред

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја препознава реалната состојба на ниски плати и растечка сиромаштија со која се соочуваат голем број граѓани и ја поддржува потребата од отворање сериозна јавна и институционална дебата за подобрување на животниот стандард на работниците.

dobivaj vesti na viber

Од партијата соопштија дека даваат поддршка на денешните протести и на заложбите на синдикатите за подостоинствен живот за сите работници.

Истовремено, ДОМ оценува дека прашањето за зголемување на минималната плата, вклучително и предлогот таа да изнесува 600 евра, е комплексно и треба да се базира на пресметки кои ја одразуваат состојбата на сите засегнати страни. Според партијата, потребно е внимателно да се согледаат реалните економски ефекти, можниот притисок врз работодавачите, особено малите и средни претпријатија, како и ризикот од дополнително подгревање на инфлацијата.

Во соопштението се наведува дека ова прашање ги отвора и пошироките структурни предизвици на пазарот на труд, како што се различните модели на формално пријавување со минимални примања, неусогласеноста меѓу реалната економска активност и официјално прикажаните приходи, како и други појави кои го прават системот нефункционален и социјално неправеден.

ДОМ нагласува дека ниските плати и сиромаштијата се сериозен проблем, но решенијата мора да бидат внимателно осмислени за да не се создадат дополнителни економски ризици и несигурност – и за работниците и за работодавачите.

Од партијата порачуваат дека е потребно реално, системско и социјално праведно решение, засновано на дијалог меѓу синдикатите, работодавачите и институциите, оценувајќи дека станува збор за надпартиско прашање кое не смее да биде предмет на дневно-политички препукувања, туку заедничка одговорност за обезбедување одржлив и достоинствен животен стандард за граѓаните.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Симнете ги розовите очила и погледнете ги работниците – порачаа синдикатите до функционерите на протестот за повисоки плати, се бара 600 евра минималец

Со транспарентот „Протестираме за плата“, голем број граѓани излегоа на улиците за да го поддржат протестот на Сојузот на синдикатити...

Македонија5 часа

Ако не се реши проблемот со превозниците, ќе трпи цела Европа, порача Николоски од Загреб

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски порача дека доколку не се изнајде решение за проблемот со превозниците...

Македонија9 часа

Бојан Маричиќ избран за нов претседател на Државната изборна комисија

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за правда во Владата на СДСМ, Бојан Маричиќ, е избран за нов претседател на...

Топ9 часа

Запленети 150 килограми марихуана, ја транспортирале со шлеп возило од Струга до Свети Николе

Јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично...

Македонија11 часа

По ревизорскиот извештај, Обвинителството отвори предмет за Општина Охрид

Јавното обвинителство отвори предмет по извештајот на Државниот завод за ревизија за Општина Охрид, во кој утврди дека се граделе...

Македонија11 часа

(Видео) Филипче: Имам информација дека следи ново задолжување од 300 милиони евра

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на одговор на новинарско прашање информираше дека следува ново задолжување од 300 милиони евра, a...

Македонија11 часа

Левица: Премиерот со џемпери од по 2.000 евра барањата за минимална плата ги прогласи за „политичка агенда“

Левица го осуди настапот на премиерот Мицкоски, со кој легитимните синдикални барања за зголемување на минималната плата ги оцени како...

Македонија11 часа

По срамниот настап во Собранието, Џихан Ахмед ја повлече кандидатурата за членка на комисијата за заштита од дискриминација

Џихан Ахмед ја повлече својата кандидатура за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, откако нејзиниот настап во...

Македонија12 часа

Независниот полициски синдикат против мешање на политиката и партиите во работничкиот протест

Згрозени сме од мешањето на политиката и поддршката која опозициските партии преку повици и мобилизирање на членството оркестрирано ја даваат...

Македонија13 часа

Затоа за граѓаните на Македонија нема покачување на платите, не работат „приватно“ како Мицкоски, велат од СДСМ

„ВМРО го вработилo, па така во „приватниот бизнис“ Христијан Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ, па советник на Груевски, па еве...

Македонија13 часа

„Обвинителството да не молчи, Заев и Филипче ги злоупотребиле државните институции за насилно преземање на болницата Жан Митрев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Сведоштвото на Жан Митрев јасно покажува дека Заев и Филипче брутално ги злоупотребиле институциите. Заев и Филипче смислиле план и...

Свет14 часа

Фицо шокиран од Трамп: „Тој е опасен и полудел“

Словачкиот премиер Роберт Фицо им рече на лидерите на Европската унија на самитот минатата недела дека неговата средба со Доналд...

Свет14 часа

(Видео) Трамп: Уште една прекрасна армада прекрасно плови кон Иран токму сега

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „уште една“ американска воена флота е на пат кон Иран. „Патем, уште една прекрасна...

Свет15 часа

(Видео) Санти мраз во Њујорк, има мртви, температурите под нулата: Бура ги опустошува САД

Санти мраз и делумно замрзнатите делови од реката Хадсон беа пријавени по силната зимска снежна бура во вторник, 27 јануари,...

Свет15 часа

(Видео) Американска конгресменка нападната со непозната течност во Минеаполис

Американската конгресменка, Илхан Омар, беше нападната со непозната течност за време на јавна трибина во Минеаполис во вторник. Полицијата соопшти...

Европа15 часа

Русија бара територијални отстапки од Украина, Зеленски сака средба со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен директно да преговара со лидерот на Кремљ, Владимир Путин, за чувствителни прашања како дел...

Европа15 часа

Колку Руси и Украинци загинаа во војната? Анализа откри застрашувачки бројки

Бројот на руски и украински војници убиени, ранети и исчезнати во речиси четиригодишната војна би можел да достигне два милиони...

Македонија16 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила. Како што известуваат...

Македонија16 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик....

Македонија1 ден

МНР со реакција до Бугарија: Македонија останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности, Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации

Македонското Министерство за надворешни работи реагира на денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија....