Спорт
Почина еден од најдобрите фудбалери од минатиот век
На 73-годишна возраст почина Јохан Нескенс, еден од најдобрите фудбалери на 20 век.
Светско признание и слава стекна играјќи за холандската репрезентација, како и за клубовите Барселона и Ајакс.
Признаен како еден од најголемите фудбалери на 20 век, Нескенс, заедно со Јохан Кројф, беше дел од златната генерација на Ајакс која освои три европски купа на почетокот на 1970-тите, а исто така беше член на холандската репрезентација која стигна до две последователни финалиња Светско првенство во 1974 и 1978 година.
Johan Neeskens 🙏🏻
pic.twitter.com/YEsOykxim7— ᴇᴅᴜᴀʀᴅ ʟɪɴᴅᴇʙᴏᴏᴍ (@linde17) October 7, 2024
„Есенски ден кој започна сончево, додека не добивме порака од Алжир дека почина Јохан Нескенс. Јохан остана во Алжир поради проектот на нашата алијанса. Зборовите се несоодветни за оваа огромна, ненадејна загуба. Нашите мисли се со неговата сопруга Марлис, неговите деца, семејството и пријателите. Светот се збогува не само со надарениот спортист, туку особено од посветен, енергичен и прекрасен човек“, се вели на веб-страницата на Фудбалскиот сојуз на Холандија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Блажевски бронзен на ЕП до 21 година во таеквондо
Филип Блажевски од таеквондо клубот Бутел, вечерва во Приштина, оствари голем успех. Блажевски освои бронзен медал на Европското првенство до 21 година.
На патот до медалот, Блажевски, забележа три победи и пораз. Славеше со 2:0 над Манита Александру од Молдавија и Олександар Јефимов од Украина, односно со 2:1 го победи Ајман Бари од Франција.
Доживеа пораз од Хрватот Оскар Ковачиќ, што му беше довлно да го освои бронзениот медал.
Спорт
Се смирија Салах и Слот
Мохамед Салах се враќа во првиот тим на Ливерпул и ќе му биде на располагање на тренерот Арне Слот, утре против Брајтон.
Најдобриот стрелец на „Црвените“ во последните неколку години не патуваше во Милано, на дуелот со Интер во Лигата на шампионите, што беше индикација дека имало конфликт со тренерот. Инаку, претходно, Салах, го преседе на клупата натпреварот против Лидс во Премиер лигата.
Салах, по дуелот со Лидс, го изрази своето незадоволство од статусот што го има, со зборовите дека „клубот го фрлил под автобус“.
Играчот и тренерот одржаа состанок во доцна попладнево и исходот очигледно беше позитивен. Египќанецот се враќа, на прво место се ставени интересите на клубот.
Двете страни ќе продолжат со комуникацијата за време на Африканскиот куп на нации каде што Салах ќе ја претставува својата земја.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мексикаците ја потврдија замена за Агире по СП
Фудбалската репрезентација на Мексико, на СП, чии е ко-домаќин, заедно со САД и Канада, од клупата ќе ја предводи искусниот стратег, Хавиер Агире. Националниот сојуз објави дека тоа ќе биде последната работа на Агире, тој по Мундијалот ќе се пензионира.
Ова значи дека по Светското првенство, Мексико ќе добие нов селектор. „Собрероси“ по СП ќе ги преземе уште една легенда, поранешниот играч на Барселона, Рафа Маркез.
„По Светското првенство 2026, Маркез ќе ја заврши својата улога како асистент, а потоа ќе биде назначен за селектор на Мексико. Веќе имавме разговори со него и тоа е планот за следниот период. Во договорот на Маркез пишува дека по Светското првенство 2026, тој ќе стане селектор на репрезентацијата“, вели Иван Сисниега, претседател на Фудбалскиот сојуз на Мексико.
Маркез треба да биде селектор на мексиканската репрезентација до 2030 година.

