Регион
Откриени детали од обвинението: што снимија камерите во Бањско Поле, каде што беше убиена Данка Илиќ

Обвинението за убиството на двегодишната Данка Илиќ во Бањско Поле беше поведено пред точно две недели, односно на 24 септември, а како што објавија тогаш српските медиуми, опфатени се Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, како и таткото на Дејан, Радослав, а јавноста со будно око го чека епилогот на овој случај, односно дали ова обвинение ќе биде прифатено од судот или не.
Познати се речиси сите детали од обвинението, но она што сè уште не е објавено е што пишува во обвинителниот акт кога станува збор за снимките од камерите од Бањско Поле, каде што наводно е убиена Данка.
„Во обвинителниот акт пишува дека камерите го снимиле движењето на возилото во кое се наоѓале Дејан и Срѓан, но не и дека е снимен контактот помеѓу возилото и детето во Бањско Поле. Поточно, не се гледа дека детето било удрено од автомобилот“, објавија српските медиуми.
Наведено е и дека Данка Илиќ (2) е убиена така што ѝ го прекинале доводот на воздух со рака, но исто така се забележува дека ова тврдење се заснова на признанието на обвинетиот, кое подоцна го повлекол.
Како што се наведува понатаму, судот по обвинението треба да се произнесе до крајот на овој месец.
Откако Вишиот суд ќе донесе одлука, се чека Апелацискиот суд во Ниш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Тројца Британци осомничени за силување во хотел во Сплит

Тројца британски државјани од албанско потекло се приведени под сомнение за силување на 28-годишна жена во хотел во Сплит, објавува „Далматински портал“.
Полицијата добила пријава во вторникот, кратко по 7 часот наутро. На местото на настанот пронашле еден осомничен, додека другите двајца биле брзо пронајдени и уапсени.
По завршувањето на кривичната истрага, полицијата утврдила дека постои основано сомнение дека тројцата заеднички и согласно го сториле тешкото кривично дело силување врз хрватската државјанка.
Тие биле испрашани од државното обвинителство, а се очекува предлог за изрекување мерка притвор.
Фото: принтскрин
Регион
Силен земјотрес го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди грчкиот остров Крит попладнево, со епицентар во морето, југозападно од градот Ханија.
Земјотресот се случил во 16:26 часот по локално време на длабочина од околу 50 километри, според конечните податоци од Националната опсерваторија во Атина (NOA), пренесуваат медиумите во регионот.
Земјотресот бил почувствуван во пошироката област на западен Крит, но според досегашните информации, не предизвикал значителна материјална штета. Локалното население пријавило слабо до умерено тресење. Најсилно бил почувствуван во градот Кисамос, на околу 34 километри од епицентарот. Послаби потреси биле регистрирани и во поголемите градови како што се Ханија, Суда и Ретимно.
Регион
Трагедија на Раб: дете падна од воден тобоган и почина

Дете почина вчера попладне во болницата во Риека кога падна од воден тобоган, соопшти хрватската полиција.
Според полициското соопштение, детето е германски државјанин, кој починал кога паднал од воден тобоган, објави „Јутарњи“.
Полицијата во соработка со сите други надлежни служби и институции ги утврдува околностите и фактите поврзани со смртта на детето, соопшти Полициската управа приморско-горанска.
Фото: принтскрин