Македонија
Спречен обид за нелегална трговија со марихуана и лекови
На граничен премин Блаце царинските службеници спречија обид за нелегална трговија на опојна дрога, марихуана. Притоа, запленети се 36,4 килограми опојна дрога марихуана, чијашто вредност на нелегалниот пазар на големо се проценува од близу 100 илјади евра, а на мало до три пати повеќе. Опојната дрога спакувана во 36 пакувања од по околу еден килограм, е пронајдена при контрола на возило управувано од македонски државјанин, каде била скриена во 4 големи куфери. Инспекторите од Секторот за контрола и истраги презедоа понатамошни дејствија при што по наредба на јавен обвинител е извршено вештачење, а против лицето е поднесена кривична пријава заради основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено пуштање во промет на наркотични дроги.

Заплена на лекови
На граничен премин Јажинце царинските службеници спречија обид за криумчарење на вкупно 7.847 ленти разни лекови. Притоа запленети се лекови ксалол од еден мг, бромазепам од 6 мг, флормидал од 15 мг и бенсадин од 10 мг со вкупна вредност од 8,7 милиони денари. Случајот е октриен при контрола на товарно моторно возило во сопственост на македонска фирма. Возилото кое се пријавило за празно е селектирано за детална контрола при што во кабината на кревет кој бил во подигната позиција имало 4 кутии со лекови излепени со леплива трака. Возилото и лековите се запленети, а против сторителот ќе се поднесе кривична пријава заради прекршување на кривичниот законик.
Заплена на девизи
На излез од државата на граничен премин Деве Баир, царински службеници запленија 12.690 евра. Во случајот, двајца странски државјани кои патувале со автомобил, на прашање дали имаат да пријават нешто за царинска контрола одговориле негативно, но при извршената контрола, во три паричници сместени во рачна чанта биле пронајдени 32.690 евра. Сопатничката изјавила дека 10 илјади евра се нејзини, кои согласно законските прописи и се вратени, додека останатите 22.690 евра биле сопственост на возачот. Поради тоа што возачот не поседувал документ за потекло или потврда за внесени ефективни пари во државата, 10 илјади евра, износ што нерезиденти можат слободно да го изнесат од државата, му биле вратени, а 12.690 евра биле привремено задржани. За сторениот девизен прекршок против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Заплена на цигари
Царински службеници на граничниот премин Богородица запленија 44 штеки цигари со вкупна вредност од 128.100 денари, откриени при контрола на празен камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Штеките со цигари биле скриени во кабината на камионот, во фабричките празнини за изолација над возачкото и совозачкото седиште и над креветот за спиење, како и во кутиите за ПП апарати закачени на предниот дел на полуприколката. Непријавените цигари се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.
Заплена на облека
– Мобилни тимови запленија 1.230 парчиња облека, 1.300 кутии за накит, и 455 килограми текстилно платно откриени при контрола на стока пријавена за увозно царинење во царинска испостава Скопје 1. Вкупната вредност на непријавена стока изнесува 443.745 денари, при што избегнатите давачки изнесуваат 116.314 денари. Стоката чиј испраќач е од Турција, наменета за увозник од Струмица, не била опфатена со царинската декларација. Против правното лице е поднесена прекршочна пријава до надлежен суд.
![]()
Заплена на разни производи со потпис на заштитени трговски марки
– Во четири случаи, вкупно 38.462 парчиња разни производи со потпис на заштитени трговски марки се запленети од страна на мобилни царински тимови и царински службеници на граничен премин Богородица поради сомнение дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Стоката била наменета за увозници од Скопје и Тетово. Во тек е процедура за утврдување на нивната оригиналност.
Конкретно, мобилни тимови во два случаи на контрола на стока со потекло од Кина наменета за фирма од Тетово, запленија вкупно 4.532 играчки со потпис на познати трговски марки. Фирмата која увезувала играчки и школски прибор, дел од производите ги пријавила како обични производи, а не како производи кои се со потпис на познати трговски марки. При контрола на стоката мобилните тимови, запленија дел од стоката заради сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост.

Во третиот случај мобилен тим при контрола на стока со потекло од Кина наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3, пронајдоа 30.858 разни производи со потпис на заштитени трговски марки.
Во последниот случај царински службеници на граничниот премин Богородица при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички натоварено со стока од испраќач од Кина, наменета за фирма од Скопје, запленија 3.072 парчиња обувки со потпис на познати брендови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силен земојтрес почувствуван во Македонија
Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,6 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за штети.
Македонија
Тополова-Исајловска: Криминалот врз културното наследство остава трајни последици
Јавното обвинителство е една од клучните институции-потписнички на двата меморандуми за разбирање, чија цел е зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина.
Настанот го означи успешното завршување на твининг проектот помеѓу Италија и Република Северна Македонија,финансиран од Европската Унија со средства од Инструментот за претпристапна помош – ИПА.
“Кривичните дела во овие области се карактеризираат со високо ниво на сложеност. Тие често вклучуваат организирани структури, прекугранични активности, финансиски интереси и значителна материјална штета. Последиците од ваквите дела, за разлика од други форми на криминал, во голем дел се трајни – уништеното културно добро или деградираната животна средина речиси никогаш не можат целосно да се обноват. Затоа, покрај националните механизми, од суштинско значење се и инструментите на меѓународна правна помош, размената на информации и оперативната соработка, како со институциите од регионот, така и со институциите од Европската Унија”, истакна при потпишувањето на меморандумите В.Д. Јавниот обвинител, Анита Тополова Исајловска.
Целта на проектот, во чија реализација беа вклучени италијанските Карабинери со специјална експертиза, беше зајакнување на националните капацитети за спречување, истражување и борба против кривични дела поврзани со културното наследство и животната средина во согласност со стандардите и најдобрите практики на ЕУ.
Меѓуинституционалната соработка беше зајакната преку структурирани механизми за координација, што резултираше со потпишување на двата Меморандуми за разбирање со кои се воспоставуваат национални мултиинституционални платформи за заедничко дејствување против криминалот со културното наследство и животната средина.
Македонија
СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија на ниво на Буркина Фасо и Танзанија според Транспаренси
СДСМ обвини дека корупцијата во Македонија „цвета“, повикувајќи се на Извештајот на Транспаренси за 2025 година, според кој, како што наведуваат, земјата е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија.
Од партијата тврдат дека граѓаните „секој ден гледаат дека во Македонија цвета корупцијата поради криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ“.
Во соопштението се наведува дека „161 тендер се доделени на една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма само со двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“.
СДСМ ги споменува и петте тони дрога преку граница, оценувајќи дека се случил „најголемиот нарко-скандал во регионот со дрога од Македонија која била шверцувана во Србија“.
Според партијата, „наместо реформи во правосудството, власта презема целосна контрола врз судството и обвинителството и носи закони кои не се согласно препораките на ЕУ“.
„Нема борба против криминалот и корупцијата туку има обиди за заштита на криминалците од врвот на власта“, наведуваат од СДСМ.
Во соопштението се додава дека „сè тоа ја става Македонија во групата на земји како Буркина Фасо и Танзанија, според Извештајот на Транспаренси за 2025 година“.

„Македонија го има својот Мадуро кој ја води земјата кон намерна изолација од ЕУ за може слободно да се спроведува грабежот зад грбот на граѓаните“, додава СДСМ.

