Македонија
„Токму поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, автопатот чини толку“, реагира СДСМ
„Кичево-Охрид е класичен пример како не треба да се проектира и не смее да се започне со изградба голем инфраструктурен проект. Се работи за анекс кој е направен во 2018 година токму поради неспособноста и фушерајот со кој Дпмне го започна овој проект во 2014 година без анализа на терен и лоши технички решенија“, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа владата на СДСМ како одговорна влада врз база на експертски мислења од надзорниот орган и фидик еспертите пристапи кон репроектирање на поголем дел од трасата со цел тој автопат да може да се реализира. Поради новите ископи од преку 10 милиони метри кубни земја и нови технички решенија се зголеми цената на чинење на проектот.
Доколку не се случеа тие репроектирања дпмне немаше денеска да може да се фали со рокови за завршување на изградбата на тој автопат.
Впрочем сите образложенија за нивните катастрофални грешки ги имаат и во ЈПДП, ДПМНЕ може слободно да ги побара“, се додава во реакцијата на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

