Македонија
Филипче: Силен СДСМ е неопходен за демократскиот развој и европската интеграција на Северна Македонија
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска одржа средба со претставници од Социјалдемократската партија на Шведска, пратеници во шведскиот парламент.
На средбата се разговараше за унапредување на соработката и размената на искуства меѓу двете сестрински партии, со цел зајакнување на демократските вредности и политики преку силна социјалдемократска политичка алтернатива во македонското општество. Членовите на двете сестрински партии дека социјалдемократските политики се најдоброто решение за современите предизвици во Европа.
На средбата се дискутираше и за актуелната политичка состојба во државата.
Филипче изрази загриженост за фактот што, како што рече, актуелната власт сè уште не презентира конкретен план за евроинтеграцискиот процес на државата.
„Откако се случи раздвојувањето од Албанија, од Владата на ВМРО ДПМНЕ нема јасен и конкретен план како ќе продолжи државата да напредува, како ќе продолжи евроинтеграцискиот процес. Како пратеничка група, побаравме и одржување на затворена собраниска седница за да го слушнеме планот на Владата, но и на ова барање сè уште нема одговор. Во моментов државата е заглавена и не гледаме конкретни чекори што понатаму“, рече Филипче.
Претставниците на двете партии потенцираа дека државата мора да продолжи по европскиот пат, секоја друга опција ја става во ризик иднината на државата. Се согласија дека силен СДСМ е неопходен за демократскиот развој и европската интеграција на Северна Македонија.
Филипче на состанокот информираше за внатрепартиските реформи и консолидирањето на СДСМ. Потенцираше дека СДСМ ќе продолжи да делува како конструктивна опозиција и ќе ги поддржи политиките кои се во интерес на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

