Свет
Камала Харис одби да одговори дали ќе ја напушти Америка доколку Трамп победи на изборите
Камала Харис, потпретседателката на САД и кандидат на Демократската партија на претстојните избори, кои ќе се одржат во првиот вторник во ноември, не ја отфрли можноста да ја напушти Америка доколку загуби од Доналд Трамп, поранешен претседател и кандидат на Републиканската партија.
Камала Харис не одлучила дека ќе се исели од САД, пренесува „Дејли мејл“.
🚨BREAKING: Kamala refuses to rule out leaving the country if she loses 🤣 pic.twitter.com/R0ryQPoso9
— Proud Elephant 🇺🇸🦅 (@ProudElephantUS) October 8, 2024
Таа одби директно да одговори на прашањето кое и го постави познатиот водител на ток-шоу Хауард Стерн. Домаќинот е отворен поддржувач на Демократската партија и ја поддржува Камала Харис.
„Ако тој победи, не дај Боже, дали ќе се чувствувате безбедно во оваа земја? Дали би останала во оваа земја“, праша Стерн, мислејќи на Трамп.
Поранешниот претседател претходно се закани дека ќе ги затвори своите политички противници.
„Хауард, правам се што можам за да се осигурам дека тој нема да победи“, одговори Камала Харис.
Стерн, сепак, не бил задоволен од тој одговор.
„Па, што ако победи? Како можеш да бидеш сигурна? Тој вели: Овој пат само ќе правам што сакам, знам што треба да направам“, рече водителот.
Овој разговор меѓу водителот и кандидатот за претседател на САД предизвика излив на ентузијазам кај поддржувачите на Доналд Трамп на социјалните мрежи. Тие се убедени во победата на Трамп и тврдат дека Камала Харис треба веќе сега да ја напушти земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

