Забава
Британец се обидел да направи торта за внуката која ја обожува Тејлор Свифт, фотографиите станаа вирални
На социјалните мрежи кружат вирални фотографии од Британец, кој сакал да ја расположи својата внука, која инаку е голем фан на пејачката Тејлор Свифт.
Кит Сковел се пофали со торта инспирирана од пејачката во група на Фејсбук, а неговото дело набрзо стана вирално.
„Не очекував да бидам толку исплашен денес“, „Дали внука ти можеби имаше кошмари после тоа?“, „По ова ми треба терапија“, „Ова ми требаше денес , фала на смеењето“, „Ја погоди скрос“, се дел од коментарите.
This Taylor Swift cake has just made my week. pic.twitter.com/7UjnmXzBVY
— Claire Thompson She/Her (@thompoclaire) October 10, 2024
Инаку, Тејлор Свифт официјално стана најбогатата музичарка во светот со проценета нето вредност од 1,6 милијарди долари. Пејачката стана милијардерка по огромниот успех на нејзината турнеја Ерас минатата година, надминувајќи ја Ријана, чие богатство се проценува на 1,4 милијарди долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ричард Гир покажа среден прст во емисија во живо и ги налути гледачите
Ричард Гир се појави во емисијата Today во средата за да ја промовира својата нова ТВ серија The Agency. Водителката Савана Гатри на гледачите им најави клип од серијата, а кога камерата се врати на нив, познатиот актер беше снимен со средниот прст во воздух.
„Само што направивте непристоен гест во оваа семејна утринска емисија!“, му рече водителката, а 75-годишниот актер се бранеше: „Не го покажавте, но јас така направив во клипот. Тоа беше во клипот!“.
Водителката му рече дека тие намерно го исекле тој дел, но Гир тврдел дека клипот „нема смисла“ без гестот и се пошегувал: „Мојата рака го направи тоа, јас сум надвор од контрола“.
Неговиот потег налути дел од гледачите, кои сметаат дека е несоодветен за утринска емисија, додека на некои целата приказна им е урнебесна.
„Кој друг мисли дека и покажа среден прст на водителката?“, „Добро се снајде“, „Зошто го направи тоа? Не знам“, се дел од коментарите.
Забава
Ева Лонгорија објасни зошто со семејството се иселила од САД
Ева Лонгорија, ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“ објасни зошто решила да ги напушти САД со семејството.
Актерката и режисерка неодамна откри дека таа, нејзиниот сопруг Хозе Бастон и нивниот шестгодишен син Сантијаго живеат меѓу Шпанија и Мексико. Сепак, Лонгорија сака фановите да знаат дека тоа не е поради резултатите од претседателските избори во САД.
„Можете ли да им кажете на сите дека не ги напуштив САД поради Трамп?“, рече Лонгорија на подкастот. „Во Европа сум веќе скоро три години. Не заминав поради политичкиот амбиент, заминав затоа што работата ме однесе таму“.
Лонгорија призна дека живеењето надвор од САД и овозможува да се извлече од „постојаниот 24-часовен циклус на вести“ и додаде дека шпекулациите за тоа дали се преселила поради американската политика „ги делат луѓето“.
Во интервјуто за Marie Claire објавено оваа недела, актерката објасни дека забавната индустрија во Холивуд почнала да се менува долго пред изборите во 2024 година, што влијаело на одлуката на нејзиното семејство да се пресели.
„Го поминав целиот мој возрасен живот во Калифорнија, но дури и пред пандемијата нештата се менуваа. Енергијата беше поинаква. Потоа се случи Ковид и сè турна на работ. Без разлика дали се работи за бездомништво или даноци – не сакам да ја критикувам Калифорнија – но чувствувам дека ова поглавје од мојот живот сега е завршено“.
Таа призна дека е привилегирана бидејќи има можност да се пресели во друга земја, пренесува Индипендент.
„Можам да побегнам и да одам некаде. Повеќето Американци немаат толку среќа. Тие ќе останат заглавени во оваа дистописка земја, а јас сум вознемирена и тажна за нив“, рече Лонгорија.
Забава
(Видео) Роналдо го угости најпопуларниот jутјубер во светот: „Се плашиш да не те надминам?“
„Изненадувањето што ќе го сруши интернетот“ кај Кристијано Роналдо беше јутјуберот MrBeast (Џими Доналдсон).
„Се сретнав со MrBeast за да го срушиме интернетот“, е името на видеото кое заедно го снимија најпопуларниот фудбалер на денешницата и најпопуларниот јутјубер на денешницата. Многумина предвидуваа дека јутјуберот ќе биде мистериозниот гостин на Роналдо.
Пред камерите разговараа на повеќе теми, а MrBeast му даде совет на Роналдо како да го подобри својот канал на Јутјуб, иако можеби навистина нема потреба од таков совет со оглед на тоа што веќе има речиси 70 милиони претплатници.
„Дали се плашиш дека ќе те надминам?“, го праша Роналдо.
И токму така почна муабетот. Роналдо го праша јутјуберот што мисли за тоа што успеал да собере 60 милиони претплатници за еден месец, додека на MrBeast му биле потребни 13 години за тоа.
„Искрено, мислев дека ќе добиеш 20-30 милиони во првиот месец“, рече MrBeast. „Кога дојдовте до 60, реков: О, Боже. Најмногу претплатници, пред тебе, за еден месец беа 20 милиони, а тоа бевме ние“, додаде тој.
Нивниот разговор досега е прегледан над 15 милиони пати.