Контакт

Забава

Ди Каприо се врати во Америка, со неговата девојка снимени на улиците на Њујорк

Објавено пред

После долгиот одмор во Италија, Леонардо ди Каприо се врати во Америка.

dobivaj vesti na viber

Тој е снимен со неговата 26-годишна девојка Виторија Серети на улиците во Њујорк додека се возат со изнајмени велосипеди. 49-годишниот актер носел маска на лицето.

Леонардо минатата недела беше во Рим, каде заедно со неговата девојка ги видоа најголемите знаменитости во градот.

Забава

Специјални музички миксови и „ПМГ си ти“ – настан за роденденот на Мирко Попов

Објавено пред

Денека е 15 октомври. Роденден на Мирко Попов. Еден од најплодните македонски автори, кој во својот креативен и творечки пат од 30 години остави значително музичко творештво и простор за поддршка и промоција на работата на неколку генерации македонски музички творци.

dobivaj vesti na viber

Во негова чест, онлајн продавницата Mitra.mk, чиј голем поддржувач беше и Попов ќе го одбележи неговиот роденден со специјални музички миксови достапни за сите, кои ги направија неговите најблиски другари, соработници и диџеи. Миксовите ги рефлектираат креативизмот и страста кон музиката, кои беа нераскинлив дел од Попов.

Музички миксови направија: Дарко Јорданов, Виолета Качакова, Александар Гавровски, Божидар Видоевски, Илина Ангеловска, Нино Наумов, Божидар Јовановиќ Боле, Далибор Таневски – Дади, Дарко Марковски, Александар Малевски, Зоран Ристевски Зоки – Бејбе, Оги Узун, Нино Флудер, Роботек и Теа Шалдева.

Одбележувањето на неговиот роденден продолжува на 18 октомври во барот „МАККА“ и ноќниот клуб „Епицентар“, со целовечерна музичка програма, која ќе се случи под името „PMG si Ti”, како цитат од песната „Право“ на ПМГ Колектив и обединувачки глас на прогресивната и еманципирана мисла и културно движење. Вечерата ќе се исполни со музика и диџеј настапи на: Александар Гавровски, Дарко Јорданов, Нино Наумов, Виолета Качакова, Андреја Салпе, Илина Ангеловска и Божидар Видоески.

Професионалниот опус на Попов опфаќа континуирана работа како автор (композитор и продуцент на музика, текстописец, сценарист и поет), издавач на македонска музика, диџеј, радио водител и уредник, музички критичар и колумнист.

Визијата за подобар град и земја која го негува современиот израз во македонската музичка култура го дефинира неговиот професионален ангажман. Уште од раните 90-ти преку создавање на ПМГ (прогресивна мултимедијална група) како водечка авангардна сила на скопските улици, иницира широк спектар акции во полето на музиката и урбаната култура. Крајот на 90-те го бележи со формирањето на дискографската куќа ПМГ Рекордингс со над 300 изданија на современа македонска музика. Отворена за различни жанрови на автентичен и квалитетен израз од домашни автори, издаваштвото се развива и преку под-лејбловите ПМГЏез, ПМГ Танц Дигитал, Con:Tempo и Мкаедониде.

Како простор за презентација на оваа култура тој иницира и организира бројни музички програми, фестивали и редовни концерти на музичарите чија музика ја издава. Освен промоција на домашната музика во рамки ја овие настани во домашен контекст презентира и дел од светската електронска, рок и џез сцена. Меѓу нив веди да се споменат: Првиот фестивал на електронска музика кај нас TRIBAL GATHERING (1996), СЛОБОДНО СКОПЈЕ ФЕСТИВАЛ (1999) – еден од најзначајните кросовер настани кај нас, 14 изданија на ПМГ Рекордингс Фестивал, како и фестивалите произлезени од соработката со останати дејци на сцената: 12 изданија на Земјотрес – фестивалот на свежа домашна музика и 5 изданија на Крај Вардарот Џез фестивал.

Неговата пасија за винилни го води во нов предизвик да издава македонска музика на овој се уште најценет носач на звук. Од 2017 до 2024 за ПМГ Рекордингс издава 13 винилни на македонска музика.

Како музички автор и изведувач активно твори и настапува во своите бендови: ПМГ Колектив, Кантон 6 и Македони кру, како и со својот соло проект Мирко Попов квартет. Вкупно 17 албуми, едно издание на најголемите хитови на ПМГ Колектив, бројни е.п и синглови, како и еден албумот соработка со Сетстат и Никола Коџобашија.

Како писател е потпишан на изданијата „Монографија: 20 Години те сакам“ и книгата за деца „Розевата планета“. Автор е на музика за театар и филм. Режисер и продуцент на музички видео записи, меѓу кои и музички филм „До небото замок“.

Две децении работи како водител на бројни емисии на Канал 103, и дел од уредничката структура. Значењето на ова радио го документира во филмот „103 Љубовно писмо до алтернативната култура” (2012), во кој се јавува како сценарист, продуцент, наратор и селектори на музика.

Неговиот придонес во македонската култура ќе остане трајно запишан и вреден, а неговата работа и креиран простор продолжува да се цени и развива преку делувањето на најблиските соработници.

Прикажи повеќе...

Забава

Судењето на Диди ќе се одржи истиот ден со „Мет гала“, дотогаш тој останува во притвор

Објавено пред

Објавен е датумот за судење на раперот Шон Диди Комбс.

dobivaj vesti na viber

Судењето е закажано за 5 мај 2025 година, пренесува Page Six. На истиот датум ќе се одржи и Мет Гала, на која Диди гостуваше неколку пати.

Раперот ќе остане во притвор до судењето. Неговиот адвокатски тим, всушност, неодамна по трет пат побара право на кауција, но судијата го одби.

Шон Диди Комбс е обвинет за три точки, за сексуално злоставување жени и нивно принудување да учествуваат во секс забави и да користат дрога користејќи закани и насилство. Покрај тоа, тој беше обвинет за трговија со луѓе и водење криминална организација.

Пред неколку дена Диди за прв пат се појави пред судија по апсењето.

Прикажи повеќе...

Забава

Проверете дали сте на списокот: најпаметните хороскопски знаци

Објавено пред

Астрологијата, иако не е наука, може да каже многу за една личност! На пример, астролозите честопати се склони да советуваат со кого најдобро ќе се сложувате, на кои знаци априори може да им верувате или да очекувате најголема поддршка.

dobivaj vesti na viber

Денеска дознаваме кои се најпаметните хороскопски знаци!

Секако, интелигентните луѓе можат да се родат под кој било знак, но овие четири хороскопски знаци се издвојуваат.

Близнаци
Овој знак е прв меѓу најпаметните. Луѓето родени под ова соѕвездие се издвојуваат меѓу другите со нивниот моќен интелект и ненадмината интелигенција. Можете безбедно да ги прашате за совет во секоја прилика – Близнаците нема да даваат глупави совети.

Рак
Ракот го зазеде второто место. Овој романтичен хороскопски знак може да прави непромислени работи, но обично го користи правилото „Седум пати мери, еднаш сечи“. А причината за таквиот балансиран пристап кон животот е прилично едноставна: Раковите се плашат да направат грешка.

Девица
Овој знак е секогаш подготвен да ги остави настрана своите амбиции и претпочита избалансиран и разумен пристап. Тие се обидуваат да бидат незабележителни, а во исто време ја набљудуваат ситуацијата, размислувајќи како да максимум да го искористат своето ново знаење. Ако понекогаш мислите дека Девицата е „глупава“, не брзајте со заклучоците – можеби ќе се изненадите.

Шкорпија
На Шкорпијата често и се припишуваат некои негативни особини. Овој хороскопски знак, кој не простува грешки, се карактеризира со неспоредлива интелигенција, лукавство и немилосрдност. Секогаш е подготвен да чека точно онолку колку што е потребно за да го даде вистинскиот одговор (и на прашањата и на навредите). Во животот, Шкорпиите обично ги изненадуваат своите познаници со нивната ерудиција и тесно познавање на нивната работа. Можете и мирно да побарате совет од нив: ако претставник на овој знак ве сака и ви е пријател, секогаш ќе го најде најдоброто решение.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Јаневска за училиштата без греење во Карпош: Верувам дека градоначалникот, кој е многу способен, ќе најде начин да ги згрее, блок- дотациите се исплатени

Парите за греење во основните училишта се исплатени на сите општини, рече денес министерката за образование Весна Јаневска иако вчера...

Македонија1 час

Скопје е меѓу европските градови со најнезадоволни жители од јавниот превоз

Скопјани се меѓу најнезадоволните жители на европските градови кога станува збор за јавниот превоз. Седум од 10 жители во Европа,...

Регион3 часа

Албанија ги отвора преговорите за членство во Европската Унија

Албанија ќе биде првата земја кандидат за членство која ќе ги отвори пристапните преговори според изменетата методологија за проширување, соопшти...

Македонија4 часа

Запленети златен накит, лекови, облека, цигари и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен...

Македонија4 часа

„Уште колку пукања и убиства треба да се случат за Тошковски да си поднесе оставка“, прашува СДСМ

„Како на Див Запад, синоќа во Чаир се случи уште едно во низата пукања. Со доаѓањето на власт на ДПМНЕ...

Свет6 часа

Австралија ги повика граѓаните да го напуштат Израел додека се уште има летови

Австралија ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Израел и ги повика Австралијците таму да ја напуштат земјата додека...

Свет6 часа

Белата куќа: Со години ги следиме иранските закани кон поранешниот претседател Трамп

Белата Куќа во понеделникот објави дека САД со години внимателно ги следат иранските закани кон поранешниот претседател Доналд Трамп и...

Топ15 часа

Пукање во Чаир: повреден маж

Триесет и петгодишен маж е повреден во пукање кое се случило вечерва во Чаир, информираат од МВР. -Денеска (14.10.2024) околу...

Македонија22 часа

По укинувањето на балансерот, академици од сите универзитети ќе дебатираат за законот за правична застапеност, уверува Меџити

Што содржи новиот закон кој ќе предвиди правична застапеност на сите заедници во институциите министерот за животна средина Изет Меџити...

Македонија23 часа

Адвокатот Туфегџиќ: Мајката мислела дека Вања побегнала од дома, таткото не сакал да верува во тоа па затоа кажал дека е киднапирана

Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ во изјава за медиумите оцени дека исказот на мајката на убиената Вања, Зорица Ѓорчевска...

Македонија23 часа

Адвокатот на Палевски: Мајката на Вања и ќерката на Жежовски не ги знаат обвинетите, нема поврзаност на исказите со убиствата

Марјан Витановски, адвокатот на Љупчо Палевски во изјава за медиумите рече дека засега нема искази кои би упатувале на тоа...

Македонија1 ден

Majката на Вања сведочеше во судот: „Таткото тврдеше дека е киднапирана, локацијата на ‘Гугл’ првин не однесе во напуштена куќа“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска сведочеше Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања. Ѓорчевска изјави дека во моментот кога сфатиле...

Македонија1 ден

ДУИ глуми жртва пред граѓаните, како власт поддржаа укинување на балансерот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Од кога граѓаните ги казнија на последните избори и ги испратија во опозиција по 20 години, “зелената” партија ДУИ, секојдневно...

Македонија1 ден

Скандали ја тресат и ЈПДП, партиските шерифи на Коце и ДПМНЕ не плаќаат патарина, велат од СДСМ

„Новите скандали кои ја тресат ЈПДП покажуваат дека во ДПМНЕ нема никаква промена, се враќа грубата партизација и бруталната злоупотреба...

Свет1 ден

Нуклеарната вежба на НАТО започнува денеска: „јасен сигнал до Москва дека алијансата е подготвена да се брани“

Денеска НАТО ја започнува својата годишна нуклеарна вежба, во која ќе учествуваат околу 2.000 воен персонал од осум воздушни бази...

Свет1 ден

(Видео) Еден од најкрвавите напади врз Израел за една година, 4 војници загинаа, 60 се ранети

Четири војници загинаа, а повеќе од 60 лица се повредени во напад со беспилотно летало врз воена база во северниот...

Свет1 ден

Хуманитарна пауза: Во Газа започнува вториот круг на вакцинација против детска парализа

Денеска во Појасот Газа треба да започне вторниот круг вакцинација против детска парализа, чија цел е околу 590.000 деца под...

Македонија2 дена

Радев: Преговорите помеѓу Бугарија и Северна Македонија завршија пред две години

Преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија завршија во јули 2022 година, кога двете земји го потпишаа билатералниот протокол по Договорот...

Македонија2 дена

Уште еден земјотрес почувствуван во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во близина на граничните премини помеѓу Македонија, Косово...

Македонија2 дена

Огромни гужви на грчко-македонската граница: „Се чека и до три часа“, се жалат граѓани

Колони возила има попладнево на граничниот премин Еврзони од грчка страна, додека голем број македонски граѓани се враќаат од продолжениот...