Македонија
(Видео) Лефков: По фамозното селфи во авионот од Брисел, Македонија е сè подалеку од ЕУ
Откако го направија фамозното селфи во авионот од Брисел, Македонија е се подалеку од Европската Унија, а истата уште толку не оддалечи од нејзините врати поради лошите политики на СДС-ДУИ, изјави на прес-конференција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Како што рече, криминалната коалиција на СДС-ДУИ, наместо како што ветуваа почеток на преговори со Европската Унија, не дистанцираа од неа.
„Граѓаните препознаа дека зад памфлетите се кријат манипулации за да можат да крадат. Затоа СДС беше казнета на последните избори, пораз кој станува се поголем, особено ако се погледнат последните анкети каде имаат тенденција на дополнително паѓање. Откако направија се, за да не понижат како народ, сега СДС вели дека поради ВМРО-ДПМНЕ сме биле изолирани. Заврши времето на виткање на кичмата и спроведување на диктати. Заврши времето на играње игра со чувствата на граѓаните. Заврши времето на местење тендери, завршува времето на осудени криминалци да шетаат по улиците, завршува времето на корумпирани политичари, корумпирани обвинители, судии“, изјави Лефков.
Како што додаде Македонија ќе биде повторно исправена и без прифаќање на диктати и уцени, ќе ги отвориме преговорите за членство со Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (село Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот, извести АМСМ.
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30 метри, Ѓавато до 100 метри и планинскиот превој Крушево до 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.

