Македонија
АХВ: ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно, не постапила по законски процедури
Вчерашното за нас недостојно соопштение на ЗОО Скопје во кое се користеа недолични, непрофесионални и небулозни зборови кои се надвор од разумноста и законитоста на нивното постапување ја разбранува совесната јавност, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство и додаваат дека единствената и примарна цел им е да обезбедат постојана грижа за заштита на здравјето на животни и нивната благосостојба и постојана грижа за заштита на здравје на луѓето од болести кои се пренесуваат од животни и болести кои се пренесуваат преку храна.
„ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно на ден 14.10.2024 год, не постапила по законски процедури каде што се должни секој сомнеж на заразна болест задолжително да го пријават до надлежниот официјален ветеринар согласно Член 50 на (Закон за ветеринарно здравство бр.113/2007; бр.24/11; 136/11; 123/12;154/15 и 53/16), Прекршувајки ги законските обврски, самостојно доставиле примерок до Факултетот за ветеринарна медицина кој е примен на обработка на 15.10.2024 год.
На ден 18.10.2024 год за жал на сите нас е добиен наод со кој е потврден случај на присуство на вирусот на авијарна инфлуенца – птичји грип, сој H5N1 кај гуска. И покрај ваквата информација, повторно ЗОО Скопје не почитувајќи ги законските прописи не ја извести АХВ на законски пропишаниот начин, односно постапила спротивно на член 4 од Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста авијарна инфлуенца бр 161/2016, односно секое присуство или сомнеж на авијарна инфлуенца се пријавува веднаш, односно во што е можно пократок рок до АХВ.
За да ги демантираме во целост информациите од различните портали, коментари, ЗОО Скопје и правично да ја информираме јавноста, јасно кажуваме дека ветеринарната дејност од јавен интерес на територијата на Република Македонија, ја спроведува Државнa ветеринарна служба во соработка со други органи и институции, преку Агенцијата, директорот и референтна лабораторија која работи за потребите на Агенцијата врз основа на договор.
На ден 19.10.2024 год, надлежниот официјален ветеринар од АХВ заедно со Раководителот на СЗЗБЖ овластен од страна на ВД Директорот д-р Оливер Миланов изврши вонреден инспекциски надзор во ЗОО Скопје.
Притоа, во одгледувалиштето на ЗОО Скопје официјалниот ветеринар донесе забрана за влез на посетители, забрана на пристап до езерцето во кое била пронајдена угинатата птица со исклучок на тројца вработени кои со полна заштитна опрема вршеа убивање и манипулација со птиците. Земање, пакување и испраќање на примероци за лабораториски тестирања согласно дијагностичкиот протокол од Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста авијарна инфлуенца. Чистење и дезинфекција на просторот околу езерцето во која зона се движат овој вид на птици. Забрана за движење на живина и други птици во и од одгледувалиштето. Се задолжи надлежната ветеринарна служба задолжително да врши пријавување на промени на здравствената состојба на живината и дивите птици до надлежниот официјален ветеринар и примена на биосигурностните мерки при спроведување на сите активности.
Дополнително, официјалниот ветеринар при вршењето на своите задачи може да побара асистенција од овластено лице од Министерството за внатрешни работи. За жал побарана е асистенција поради присуство на лице кое се претставило дека е вработен во градската администрација и истото ја попречуваше работата на инспекциските служби и за кое дело МВР има записник. Но мора да се заблогадариме на вработените лица во ЗОО Скопје кои несебично ни дадоа полна поддршка и земаа активно учество во спроведување на наредените мерки.
АХВ работи во служба на граѓаните, и ќе се залагаме да се постават стандарите на нашето општество на највисоко ниво, ЗОО Скопје ни е едно од најпосетените места од најмладите посетители, а децата и нивното здравје е фокус за градење на здраво општество.
Како Директор на АХВ донесов Решение за прогласување на болеста високо патогена авијарна инфлуенца кај птиците и наредување на заштитни и контролни мерки.
Сомнежите во јавноста и споделените видеа за начинот на собирање и отстранување на затекнатата живина во одгледувалиштето се во целост со почитување на протоколите за сузбивање и искоренување на авијарна инфлуенца и Законот за благосостојба на животните и меѓународните протоколи, и коментарите по истите не е во ред да бидат коментирани од лица некомпетентни за истото.
Сомнежите за ЗОО Скопје дали е извор на бактерии или вируси, дали е постапувано и до сега согласно Законските прописи, угинување на многу животни за краток временски период и низа нерегуларности ќе бидат предмет на дополнителни истражувања од надлежните органи.
Како Директор на АХВ ве уверувам и апелирам да верувате во стручните служби бидејќи носиме и имплементираме законски и подзаконски акти кои го штитат здравјето на животните, благосостојбата на животните и заштита на здравјето на луѓето.
Во наредниот период ќе бидете известени за сите наши мерки и активности“, се вели во соопштението на Агенцијата за храна и ветеринарство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е значајна победа за правната држава
За првпат и самиот обвинител го признава тоа што целата јавност го кажуваше: дека Јавното обвинителство не може да продолжи да функционира со изгубен легитимитет, под товар на политички влијанија и со селективна правда, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фактот што оваа оставка доаѓа дури сега, а не уште од првиот ден кога беше очигледно дека институцијата е компромитирана, само дополнително ја потврдува длабочината на проблемот и обидите со месеци да се одржи статус кво кое служеше на поранешната власт. Со оваа оставка се става крај на еден мрачен период, во кој обвинителството беше перципирано како партизиран механизам, а не како независна институција во служба на законот“, вели тој.
Според Петрушевски, оставката е јасен сигнал за крајот на практиките на заштита на поранешната власт на СДС и ДУИ и почеток на процесот на департизација и европеизација на јавнообвинителската дејност.
„Оставката на Коцевски не е персонално, туку единствено системско решение. Ова е јасна порака дека никој не е недопирлив“, вели Петрушевски.
Македонија
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортски клубови
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортските клубови од општина Бутел.
„Локалната самоуправа секоја година ги поддржува спортските клубови и доделува спортски стипендии на најдобрите спортисти од Бутел. Во општина Бутел се градат спортско-рекреативни центри во секое населено место. Во општина Бутел вредноста на спортот и спортските успеси е најголема“, изјави градоначалникот Дарко Костовски.
Тој изрази надеж дека финансиска поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и спортистите ќе освојат европски и олимписки медали.
Македонија
(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“
СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето.
„Денеска со огорченост стоиме пред оваа Клиника, ГАК, и бараме одговорност за последниот скандал со смртта на бебе. Овде не умрело само едно бебе кое го имало целиот живот пред себе, овде умрела, вистината, лекарската грижа, моралот и одговорноста. А директорката се обидела да го сокрие случајот. Новородено бебе, со реална шанса за живот, починало на интензивна нега. На родителите им било кажано дека смртта била неизбежна. Дека ништо не можело да се направи“, вели Елена Радеска, од Комисијата за здравство СДСМ.
Според неа, документите од самата Клиника говорат поинаку.
„Внатрешни пријави, изјави на лекари и официјални записници велат дека има сомнежи за лекарска грешка. Началничката на интензивна нега, писмено пријавила дека несоодветно лекување од страна на педијатарка довело до компликации и смрт на бебето. Според таа пријава, реинтубацијата траела дури 20 минути. Не секунди. Дваесет минути. Во тие 20 минути, на бебето му биле нанесени повреди по што настанала и смрт. Ништо од ова не им било кажано на родителите. Ниту дека постои сомнеж за сериозна лекарска грешка. За тоа дознале од новинари. Од свиркачи. Не од Клиниката. Не од институциите“, рече Радеска.
Според неа, клучното прашање зошто директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, д-р Ирена Алексиовска Папестиев, иако била формално известена за сомнежите и за смрт со можни пропусти во лекувањето, два месеца не известила никого.
„Ова е огромен скандал кој ја покажува катастрофалната состојба во здравството. Бараме итна оставка на директорката на Клиниката, д-р Ирена Алексиовска Папестиев. Каква е таа докторка за која Хипократова заклетва е само на хартија? Бараме целосна, независна истрага и одговорност од сите инволвирани – без разлика на функцијата, титулата или хиерархијата“, рече Радеска.

