Македонија
Утрото студено, преку денот претежно сончево
Утрото студено, преку денот претежно сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје утрото студено, преку денот сончево со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Следува период на стабилно и претежно тивко време со студени утра и температури кои наместа ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) СДС ја партизираше АНБ, ВМРО-ДПМНЕ ја департизира, вели Петрушевски
„СДС ја партизираше АНБ, ВМРО-ДПМНЕ ја департизира. Виктор Димовски беше член на ИО и на Дипломатскиот совет на партијата“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, кој на прес-конференцијата посочи извадок од интернет страница на СДС, на кој стои името на Виктор Димовски како член на ИО на СДС, веднаш зад тогашниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски.
„Виктор Димовски е исто толку СДС колку што се и Зоран Заев и Венко Филипче. Виктор Димовски е чист партиски кадар на СДС, и тој ја партизираше службата и стави под прогон голем број професионалци.
Со Виктор Димовски на чело на безбедносната служба ни се случуваа скандали како Онишченко, се издаваа пасоши на белосветски наркобосови и криминалци.
СДС нема кредибилитет да зборува за АНБ, затоа што тие ја партизираа и го кородираа системот на националната безбедност.
АНБ и АР работеа за СДС наместо за граѓаните. Владата на ВМРО-ДПМНЕ воведува професионализациjа во службите за безбедност. АНБ и другите служби ќе работат за граѓаните“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Коцевски: Имав обврска да извршам надзор над работата на Вишото јавно обвинителство – Скопје, до мене дојдоа информации и пресуди од Врховниот суд, кои укажуваат на можно нестручно работење на одредени јавни обвинители
Како јавен обвинител на Република Северна Македонија ги отфрлам неоснованите тврдења за наводно мешање во предмет во кој повеќе од еден месец постапувало Вишото јавно обвинителство – Скопје, а за што до овој момент не е презентиран ниту еден доказ, вели јавниот обвинител Љупчо Коцевски.
„Согласувајќи се дека јавноста има право да ја знае целосната вистината, укажувам дека:
- Контролата во Вишото јавно обвинителство Скопје ја опфаќа работата на сите јавни обвинители во тоа обвинителство, а обвинителите кои чесно и одговорно си ја вршеле работата немаат ниту реакции, ниту стравувања, бидејќи знаат дека контролата се спроведува согласно закон.
- Од позиција на државен Јавен обвинител имав обврска, првпат после повеќе од четири години да извршам надзор над работата на Вишото јавно обвинителство Скопје, бидејќи до мене дојдоа информации и пресуди од Врховниот суд, кои укажуваат на можно нестручно работење на одредени јавни обвинители, како и пријави за закани, притисоци и недолично однесување кон вработени во обвинителството. Овие пријави се доставени и до Советот на јавните обвинители, наводите се документирани и имам обврска да ги проверам.
- Лажните тврдења за наводни притисоци почнаа веднаш по започнување на контролата, што само ми потврдува дека ја преземам исправната работа и од тоа немам намера да отстапам. Конкретниот предмет што се наведува воопшто не е предмет на контрола и се споменува само за да се издејствува политички притисок и да ме натера да се повлечам. Но, тоа во ниту еден момент нема да се случи! Кога ја презедов функцијата јавен обвинител дадов заклетва дека оваа функција ќе ја вршам чесно и одговорно и ветување дека ќе ја вратам довербата во јавнообвинителската организација. Тоа и ќе го направам. Сите сознанија до кои ќе дојдам по извршената контрола и сите информации кои деновиве продолжуваат да пристигнуваат до мене имам намера да ги објавам веднаш по завршување на соодветните постапки предвидени во Законот за јавното обвинителство.
- До крајот на овој месец контроли ќе бидат извршени и во сите останати виши јавни обвинителства и во ОЈОГОКК. За сите контроли задолжени се јавните обвинители од републичкото обвинителство распоредени како координатори за соодветните обвинителства со редовен годишен распоред. Според задолженијата, тие ќе треба да го проверат предметното работење на сите јавни обвинители во предметите во кои обвинителите се откажале од жалба или од обвинение. Затоа очекувам нападите кон мене да продолжат со уште поголем интензитет, особено од страна на лица кои со вакви обвинителски одлуки се спасиле од кривичен прогон додека граѓаните очекувале правда“, изјави Коцевски.
Македонија
Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, неработен за сите граѓани
Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека во согласност со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 23 октомври 2024 година (среда), Ден на македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за социјална политика, демографија и млади на граѓаните на Република Северна Македонија им го честита Денот на македонската револуционерна борба.