Забава
Ким Кардашјан и сестрите Џенер го привлекоа вниманието на црвениот тепих на гала-вечерта
Ким Кардашијан се опушти со сестрите Кајли и Кендал Џенер на престижната гала на Academy Museum во саботата вечерта. Насмеана и опуштена Ким уживаше во друштво на помалите сестри, а сите три блеснаа на црвениот тепих.
Ким ја истакна својата фигура носејќи тесен корсет во комбинација со шорцеви, а вниманието го привлече и со својот гламурозен накит. Ријалити ѕвездата носеше повеќе од 30 карати дијаманти од Tiffany & Co., а посебно се издвои заносната огрлица која дополнително го истакна нејзиното деколте, пишува Дејли Мејл.
Внимание привлекоа и сестрите Џенер. Кендал заслепуваше во елегантен црн кадифен фустан со драматични исечоци, додека Кајли ги заврте главите со својата смела облека – проѕирен фустан во боја на кожа со светки во комбинација со долго црно здолниште со исечоци на колковите. Нејзиниот изглед дополнително го комплетираа големите дијамантски обетки и два прстени. Сестрите се прегрнаа на црвениот тепих.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Обожавателките ги пофалија фотографиите на Новак од Ријад, Јелена им порача: Девојки, смирете се
Новак Ѓоковиќ на „Инстаграм“ објави неколку фотографии од Саудиска Арабија, поточно од Ријад.
Објавата на тенисерот го привлече вниманието на обожавателите, кои во коментарите му напишаа дека можеби треба да се обиде во манекенството.
View this post on Instagram
„Сакам кога Новак позира како манекен“, „Леле, какви фотографии“, „Покрај сите трофеи, медали, победи, спортски дух, младешки изглед, нема сомнеж колку убаво ти прилега манекенскиот стил“, „Прекрасни фотографии“ , „Кој е овој манекен?“, „Јелена е навистина среќна жена“, продолжија коментарите.
И неговата сопруга Јелена ги забележа многуте реакции на објавата на Новак.
„Во ред, девојки, смирете се“, се пошегува таа. Нејзиниот коментар собра 2.500 „допаѓања“.
Забава
Скараните браќа од Oasis ќе имаат посебни гардероби за време на нивната заедничка турнеја
Членовите на Oasis, Ноел и Лиам Галагер, наводно ќе бидат разделени кога не се на сцената за време на нивната долгоочекувана турнеја во 2025 година, што значи дека ќе имаат посебни гардероби и ќе патуваат одделно, што не е невообичаено со оглед на нивните долгогодишни несогласувања и конфликти.
Лошиот однос меѓу раскараните браќа го достигна својот врв во 2009 година, откако Ноел (57) го напушти култниот бритпоп бенд по конфликтот зад сцената на концертот во Париз, а тој и Лиам (52) оттогаш се скарани, пишува Дејли Маил.
Но, иако успеаја да ги остават своите несогласувања настрана за да се вратат на сцената, браќата ќе имаат посебни соблекувални и превоз за турнејата во 2025 година за да избегнат потенцијален конфликт и последичен „ПР и финансиски кошмар“, објаснуваат нивните агенти.
„Тие ќе работат заедно за промотивниот дел од турнејата и на настапот, а освен тоа најчесто ќе бидат разделени. Секако дека ќе одржат заеднички проби, но атмосферата секако ќе биде наелектризирана“, изјави извор за Мирор.
Забава
Џенифер Лоренс е бремена и го чека своето второ дете
Џенифер Лоренс е бремена со своето второ дете, пренесува „Вог“. Таа беше снимена на вечера во Лос Анџелес, а трудничкиот стомак едвај ѝ се гледаше.
Актерката веќе го има двегодишниот син Сај со сопругот Кук Марони.
Двојката се венча во октомври 2019 година во замокот Белкур на Род Ајленд.