Свет
(Видео) Се урна хеликоптер, неколку луѓе загинаа, меѓу кои и едно дете: леталото удри во радиокула во Хјустон
Приватен хеликоптер се урна во неделата во Хјустон, откако удри во радио кула, при што загинаа четири лица, меѓу кои и едно дете, соопштија официјални лица.
Несреќата се случила во неделата нешто пред 20 часот, при што била урната кулата, изјави градоначалникот Џон Витмеј.
Витмајер рече дека хеликоптерот го напуштил аеродромот Елингтон во неделата вечерта, иако не е јасно каде се движел, објави Дејли мејл.
Пожарот бил изгаснат околу 21:30 часот по локално време, иако некои куќи во околината останале без струја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Приведен тинејџер, испратил лажни закани за бомби до училиштата во Сараево
Судот во Сараево денеска му одреди едномесечен притвор на 18-годишник кој испратил лажни закани за бомби до училиштата во тој град, откако претходно биле следени уште три малолетници како дел од опсежната истрага на полицијата и обвинителството.
18-годишникот во моментов е осомничен за загрозување на безбедноста и лажно пријавување, а досега е утврдено дека упатил најмалку седум закани поради кои наставниот процес во различни училишта бил прекинат.
Минатата недела, со одлука на Општинскиот суд во Сараево, тројца малолетници кои исто така лажно пријавиле подметнати бомби во училиштата биле испратени на еден месец во специјализиран дом во кој се сместени деца кои извршиле различни кривични дела.
Едно од тројца малолетници 49 пати праќало закани до училиштата.
Свет
Остин: САД го распоредија напредниот противракетен систем THAAD во Израел
Американската војска го распореди напредниот противракетен систем THAAD во Израел за краток временски период, изјави денеска американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, и додаде дека целта на овој потег е да се зајакне одбраната на Израел откако Иран лансира повеќе од 180 балистички ракети врз земјата.
Остин исто така објасни дека 100-ина припадници на американската војска се распоредени да го поддржат Израел во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток, пренесува „Ројтерс“.
„Системот THAAD е распореден. Имаме можност бргу да го ставиме во функција и засега напредуваме според очекувањата“, изјави Остин пред новинарите пред неговото денешно пристигнување во Украина, но одби да каже дали системот е оперативен.
Американскиот претседател Џо Бајден рече дека целта на распоредувањето на системот THAAD, заедно со 100-ина американски војници, е да се поддржи одбраната на Израел.
Европа
(Видео) 70 пожарникари гаснат пожар во висока зграда, жителите евакуирани: драма во Лондон
Пожар избувна во станбена зграда во источен Лондон, а 30-ина луѓе се евакуирани. Десет противпожарни возила и околу 70 пожарникари одговорија на пожарот на Квинс Роуд Вест.
Ten fire engines and around 70 firefighters respond to a fire at a residential block on Queens Road West in Plaistow, London pic.twitter.com/StLfskwTaI
— UB1UB2 West London (Southall) (@UB1UB2) October 21, 2024
Лондонската противпожарна бригада соопшти дека сообраќајот во областа ќе биде отежнат додека екипите работат на гаснење на пожарот, кој избувна во стан на 10-тиот кат од 15-катната зграда.
Ten fire engines and around 70 firefighters are responding to a fire at a residential block on Queens Road West in #Plaistow.
Traffic in the area will be impacted as crews respond. More information to follow. https://t.co/2BZJxqTstz
— London Fire Brigade (@LondonFire) October 21, 2024
„Тројца мажи го напуштија станот пред пристигнувањето на бригадата, а медицинскиот персонал на лондонската брза помош им помага на местото на настанот. 30-ина лица се евакуирани од околните станови“, соопшти Лондонската противпожарна бригада.
Тие најавија и поведоа истрага за утврдување на причината за пожарот, пренесува „Скај њуз“.