Контакт

Култура

„Јон Вардар против Галаксијата“ патува во Бразил

Објавено пред

„Јон Вардар против Галаксијата“ – првиот македонски долгометражен анимиран филм беше прикажан во Бразил на 48. издание на престижниот фестивал „Мостра Сао Паоло“.

dobivaj vesti na viber

Филмот во режија на Гоце Цветановски е дел од компетитивната програма во секцијата Нови режисери.

Македонскиот супер јунак има четири проекции во рамки на фестивалот кој годинава во својата програма ги вклучи и победниците на Кан, Берлинале, Венеција, Сан Себастијан и други врвни филмски фестивали.

Режисерот Цветановски во Бразил изјави дека Сао Паоло има посебна енергија, и е милионски град со вибрантна културна сцена и развиена почит за уметноста.

„Самата номинација за најдобар филм и најдобар нов режисер е признание со кое целиот тим се гордее. Бразил е земја која одамна сонував да ја посетам, и се надевам дека ова е само прво од моите идни патешествија во Јужна Америка“, рече Цветановски.

„Јон Вардар против Галаксијата“ е најголемиот копродукциски проект на Балканот. Изработен е со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Северна Македонија, а има копродукции во Унгарија, Бугарија и Хрватска.

Се работи за хумористична приказна за еден натпросечно потпросечен човек, еден нарцисоиден робот и многу, многу, мнооооогу вонземјани кои се на мисија да ја спасат Галаксијата од самите себеси.

Арт директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо, Ева Конрад, Браќа Калинови и Ладо Шкорин. Во главните улоги настапуваат Жарко Димоски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска. Другите улоги ги толкуваат Филип Трајковиќ, Тони Денковски, Атанас Атанасовски, Слаѓана Вујошевиќ, Мартин Ѓоргоски, Елена Тарчуговска и Бојана Тосковска.

Култура

Промоција на српското издание на „Вештица“ од Венко Андоновски на белградскиот Саем на книгата

Објавено пред

Утре, 22 октомври, во 14 часот, во салата „Васко Попа“ на белградскиот Саем на книгата, ќе се одржи промоција на српското издание на романот „Вештица“ на Венко Андоновски.

dobivaj vesti na viber

По одличниот успех на бугарското издание на романот, „Вештица“ доживува веќе трето издание на српски јазик. Првите две беа објавени во Бања Лука, во превод на Гордана Јовиќ-Стојковска, а ова е прво издание на територијата на Република Србија. Издавач е „Кораци“ од Крагуевац, а преводот овој пат е на Љиља Цревар.

За книгата ќе говорат д-р Владимир Периќ, уредник во „Кораци“, преведувачката Љиља Цревар и авторот.

Како најава, се навраќаме на зборовите на еден од најпознатите светски современи автори, Милан Кундера, кој за „Вештица“ кажа: „Во ова сјајно полифонично дело, во кое разновидноста на наративните техники го изненадува и го радува читателот, потсетувањето на вештици и магии постојано е проследено и збогатено со приказни кои се сместени во современиот живот, така што ‘Вештица’ станува голем роман за Европа. За минатото и сегашноста на Европа. Но, доволно е. Не сакам да го раскажувам овој роман што не може да се раскаже. Ве молам да го прочитате. Со љубовта која ја заслужува“.

А во меѓувреме, во превод на руски јазик, најновиот роман на Андоновски, „Папокот на светлината“, ја доби меѓународната Толстоева награда „Јасна Полјана“ во Русија, како и наградата „Стале Попов“ за најдобар роман, што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија. Една година по објавувањето, тој го доживеа своето петто издание, што подразбира 4.000 продадени примероци. Отсега, романот, кој е цела една анатомија и историја на злото, за домашната читателска публика е повторно достапен во „Три“.

Од таму ги покануваат сите читатели што сè уште не си го обезбедиле ова ремек-дело, да го сторат тоа, а сите што имаат можност да присуствуваат на 67. издание на белградскиот Саем на книгата да повелат на промоцијата на српското издание на еден од најзначајните македонски автори.

Прикажи повеќе...

Култура

„Подиум на млади“ со Џеврие Туле и Симеон Гошев во Филхармонијата

Објавено пред

Овој четврток, со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија ќе се одржи концерт во рамки на циклусот „Подиум на млади“ на кој како солистки ќе настапат Џеврие Туле – пијано и Симеон Гошев – виолина во пијано придружба на Весна Ангелова Христов.

dobivaj vesti na viber

На програмата се дела од Бетовен, Лист, Паганини и Зографски.

Џеврие Туле (2006, Струга) своето музичкото образование го започнала на шестгодишна возраст во ОМУ „Методи Патче“ во Охрид, во класата на проф. Даниел Чурковски. Од 2020-та школувањето го продолжила во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје, во класата на проф. Весна Ангелова-Христов, каде што оваа година матурантка. Учествувала во програмата Еразмус плус во Копер, Словенија, организирана од ЗМП „Полихимнија“ (2022) и во Вараждин, Хрватска (проект на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ (2024). Уште од мала возраст Туле се истакнала со големи успеси на државните и на меѓународните натпревари по пијано во земјава и во странство. Таа е лауреат на натпреварите и во Албанија и добитничка на први награди на државните натпревари во земјава, добитничка на прва награда на „Полихимнија“, на специјална награда „Јасминка Чакар“ за најдобро изведено дело од Ф. Шопен. Учествува на голем број семинари и мастер курсеви кај еминентни педагози по пијано, меѓу кои и Туту Ајдиноглу и Александар Сердар, а во 2002 учествувала на мастер курс на селектирани студенти во класата на проф. Хериберт Кох во Дурен, Германија, каде што учествувала на завршните концерти во Дурен, Келн и Ахен. Во 2024 година, Џеврие Туле беше избрана да настапи со Македонската филхармонија во изведба на Концертот бр. 2 од Д. Шостакович.

Симеон Гошев (2003) е роден во семејство на музичари и со музиката е во контакт од најраното детство. Неговите први музички настапи биле на детски фестивали, каде што пеел како солист и во хор. Во 2009 почнал да учи виолина во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, во класата на проф. Ана Кондратенко. Своето образование го продолжил најпрвин во класата на проф. Румен Димитриев, а потоа кај проф. Јелена Туфекчиевска. Во 2022 година започнал со студии на Музичката академија во Љубљана, во класата на проф. Јанез Подлеска и ас. Ана Должан. Низ годините, Гошев има освоено награди на многу меѓународни и државни натпревари, како наградата на Фондацијата „Илија Николовски-Луј“ за високи достигнувања во текот на школувањето и Златна плакета и Специјална награда за најдобра изведба на дело од словенечки автор на натпреварот „Темсиг“ (2024). Посетувал семинари и земал мастер часови кај реномирани професори: Благоја Димчевски, Пачалин Павачи, Никита Борисо-Глебски, Емилио Перцан, Сихана Бадивуку, Вонџи Ким-Озим, Роберт Лакатош, Марко Симовиќ, Владимир Марковиќ, Галина Којчева, Петра Ковачич… Има одржано бројни рецитали низ повеќе градови во Македонија, а годинава (2024) одржа рецитал и во Љубљана во рамките на циклусот на Музичката академија „Соло е да камера“. Во претстојната сезона 2024/2025, Гошев ќе настапи заедно со Камерниот оркестар на Словенечката филхармонија. Настапувал како солист со оркестарот на Македонската филхармонија, Камерниот оркестар „Саша Николовски-Ѓумар“ и оркестарот на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Член е во квартетот „Лаит“ каде што свири прва виолина. Како хонорарен соработник свири во Словенечката филхармонија, Љубљанската опера и балет и во Македонската филхармонија.

Пијанистката Весна Ангелова-Христов основно и средно музичко образование завршила во Скопје, во класата на проф. Павлина Среброва. На 17-годишна возраст е примена на Факултетот за музичка уметност, каде што дипломирала пијано со највисока оценка, во класата на проф. Борис Романов. Магистрирала интерпретација на пијано на ФМУ, под менторство на реномираната пијанистка и педагог Рита Кинка (Академија на уметности Нови Сад, Р Србија). Во текот на нејзиното школување, била добитничка на многубројни државни и меѓународни награди и признанија (Србија, Германија), специјална награда и неколку први награди на државните натпревари по пијано и камерна музика. Добитничка е на стипендија за културно дејствување и културен престој во Париз (2008) во Меѓународниот град на уметностите (Cité des arts Paris). Во 2017 остварила престој во Њујорк, каде што реализирала концерт-рецитал во Македонскиот културен центар. Учесничка е на меѓународни мастер предавања кај еминентни педагози: Б. Романов, Р. Кинка, А. Диков, Ј. Михаиловиќ, Ј. Клепач. Ангелова-Христов е добитничка на стипендија на Музичка младина на Македонија за учество на Меѓународен мастер клас во Вајкерсхајм, Германија, каде што работела со реномирани педагози од оваа област. Настапувала како солист и камерен музичар во Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Франција, Германија, Турција, Чешка, САД, на домашни и на меѓународни фестивали и била повеќепати солист со Македонската филхармонија. Нејзиниот афинитет кон камерната музика ја насочил кон оформување на пијано трио и пијано дуо,а како пијано соработник најчесто настапува со виолинисти, поддржувајќи ги младите музичари на натпревари, семинари и на концертните подиуми. Во моментов работи како професор по пијано и камерна музика во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба на чешкиот уметник Онджеј Мишек во галеријата на МКЦ

Објавено пред

На 22 октомври во Галерија МКЦ, ќе биде отворена изложбата на чешкиот уметник Онджеј Мишек. Изложбата во галеријата МКЦ претставува избор на дела под наслов „Насликај го својот живот“.

dobivaj vesti na viber

Онджеј Мишек (1977) Прага, Чешка Репблика

Студирал графички дизајн на Академијата за ликовни уметности во Варшава, во класата на проф. Лех Мајевски. Покрај редовните судии по графика и графички дизајн, активно се посветил и на сликањето, каде бил доста присутен во атељето на проф. Адам Стика.
Помеѓу 2009-2016 година живеел и работел во Бангкок, Тајланд, каде најпрвин бил ангажиран како предавач по графички дизајн на “Accademia Italiana” – Институт за мода и дизајн. Подоцна, работел и како менаџер во еден од најпопуларните ноќни клубови, Maggie Choo’s Bar, кој беше познат по посебните шоуа, кинески кабареа и џез музиката.

Па оттука, сите фаци од Меги Чу, станаа инспирација за огромен број на слики наречени: „Меги Чу серијал“. Улиците и ноќниот живот на Бангкок, Тајланд, како и многу познатиот тајландскиот бокс, се составен дека од серијалот слики под наслов „Бангкок серијал“.

Дополнитлено, Мишек создава и дополнителна серија слики инспирирани од неговиот престој во Варшава на крајот на деведесеттите и почетокот на новиот милениум.

Неговиот стил е фигуративно сликарство поврзано со моќна типографија, која влече корени од неговите студии по графичкиот дизајн и дизајн на плакати.

Изложбата во галеријата МКЦ претставува избор на дела под наслов „Насликај го својот живот“, на која и предходеше иста тематска изложба оваа година во Прага, во галеријата Mánes. Истата наиде на позитивен одзив кај јавноста и ликовната критика.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Mицкоски: Дури и да се внесат Бугарите во Уставот, никој не гарантира дека тоа е последен услов

Мицкоски од Салцбург: Во спорот со источниот сосед бараме конструктивно и прифатливо решение за сите, без уцени и условувања Претседателот...

Македонија2 часа

Бомба во клубот на ПЦЕР на Самка Ибраимовски во Тетово: „Лицето што ја фрлило се вратило да провери дали е активирана“

Бомба заврши во клубот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) во Тетово. Како што информира партискиот претседател Самка Ибраимовски,...

Македонија3 часа

Јаневска: Сè уште не е надминат проблемот со загревањето на училиштата во Карпош, се надевам дека со градоначалникот ќе најдеме решение

„За жал се уште не се надмина проблемот со загревањето на училиштата во Карпош“, посочи министерката за образование Весна Јаневска....

Македонија4 часа

Филипче: Предложивме закон, минималната плата да биде 27.700 денари

„Денеска во услови на голема економска несигурност како одговорна опозиција, предлагаме измени и дополнувања на законот за минимална плата. Со...

Македонија4 часа

(Видео) СДС ја партизира АНБ, ВМРО-ДПМНЕ ја департизира, вели Петрушевски

„СДС ја партизираше АНБ, ВМРО-ДПМНЕ ја департизира. Виктор Димовски беше член на ИО и на Дипломатскиот совет на партијата“, рече...

Топ5 часа

(Фото) Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер

На 19.10.2024 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни...

Македонија5 часа

Коцевски: Имав обврска да извршам надзор над работата на Вишото јавно обвинителство – Скопје, до мене дојдоа информации и пресуди од Врховниот суд, кои укажуваат на можно нестручно работење на одредени јавни обвинители

Како јавен обвинител на Република Северна Македонија ги отфрлам неоснованите тврдења за наводно мешање во предмет во кој повеќе од...

Македонија7 часа

Партискиот директор во АНБ, Бојан Христовски, нема соодветни сертификати за безбедност и за англиски јазик, вели СДСМ

„Партиски назначениот директор на АНБ, Бојан Христовски во интервју за емисијата КОД потврди дека нема соодветен безбедносен сертификат. Христовски нема...

Свет8 часа

(Видео) Австралиска сенаторка му викаше на Чарлс: Ова не е твоја земја, ти не си мој крал

Кралот Чарлс се соочи со скандирањата „ти не си мој крал“ од жена сенатор веднаш кога го заврши својот говор...

Свет8 часа

Северна Кореја се заканува дека ќе му објави војна на Југот: „Ако најдеме уште еден дрон…“

Северна Кореја објави дека пронашла остатоци од јужнокорејско воено беспилотно летало и дека секое понатамошно „кршење на нејзиниот територијален интегритет“...

Европа9 часа

(Видео) Пресврт во Молдавија, одлуката за тоа дали државата да се заложи за влез во ЕУ виси на конец

Референдумот во Молдавија за тоа дали да го промени уставот и да се заложи за влез во ЕУ „виси на...

Свет9 часа

Нетанјаху до Трамп: Ќе носиме одлуки во наш национален интерес

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху разговараше со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, соопшти кабинетот на премиерот. „Премиерот Нетанјаху го повтори...

Свет9 часа

Една од најголемите загуби на Израел од почетокот на војната, командант упадна во замка на Хамас и загина

Командант на ​​401-та оклопна бригада на израелските одбранбени сили (ИДФ), полковник Ехсан Дакса, беше убиен вчера за време на борбите...

Македонија24 часа

Д-р Даниловски: Ризиците од заразување со птичји грип се мали

По потврдата на птичји грип кај угината гуска во скопската зоолошка градина, епидемиологот д-р Драган Даниловски на својот ФБ профил...

Македонија1 ден

АХВ: ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно, не постапила по законски процедури

Вчерашното за нас недостојно соопштение на ЗОО Скопје во кое се користеа недолични, непрофесионални и небулозни зборови кои се надвор...

Македонија1 ден

Четворица вработени од Зоолошка одат под здравствен надзор, едно лице ќе биде тестирано за птичји грип оти појавило симптоми

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, даде изјава за медиумите откако беше потврден птичји грип кај гуска во...

Македонија1 ден

(Видео) Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип

Данела Арсовска која е позната по негрижа за граѓаните, негрижа за народните пари, сега беше на праг да предизвика епидемија...

Македонија1 ден

ЛДП: Пломбирање на Зоолошката градина додека не се реши градскиот хаос

Градската организација на ЛДП бара итно пломбирање на Зоолошката градина Скопје и преземање одговорност од надлежните лица за случувањата во...

Македонија1 ден

(Видео) Анима Мунди: Птичји грип не се превенира со кршење вратови, фрлање живи во канта и стрелање со пушки

Птичји грип не се превенира со кршење вратови, фрлање живи во канта и стрелање со пушки: повикуваме на итен прекин,...

Свет1 ден

Избори и референдум во Молдавија, Путин планира дестабилизација

Граѓаните на Молдавија денеска гласаат на претседателските избори, но и на референдумот за Европската унија (ЕУ). Овие избори и референдумот...