Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница
Вчера во 20.45 часот во село Чегране, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го привеле А.Х.(40) од Гостивар, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.
Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Осумдесетгодишен скопјанец нападнат од неговата ќерка
Вчера во полицијата било пријавено дека во семејниот дом во скопско, 80 – годишен маж бил нападнат од својата ќерка М.М.(48).
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Малолетник нападнат од врсници во Илинден
Синоќа во полицијатa Б.М.Х.(35) од Скопје пријавила дека околу 19.00 часот во населбата Илинден, скопско, по претходно недоразбирање, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници, кои употребиле и тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Скопјанец кршел низ дома, бил агресивен кон семејството, па со предмети фрлал и кон полицајците – семејна драма во Драчево
Полицијата го приведе 41-годишниот Б.Д. од Скопје по семејн драма што се одвивала вчера на подрачјето на Драчево.
Во семејниот дом , тој агресивно се однесувал кон членовите на семејството и оштетил дел од инвентарот, а потоа со тврди предмет фрлал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.