Македонија
MВР поднесе кривична за охриѓанец кој работел како адвокат иако бил именуван за правобранител, а адвокатската дејност му била во мирување
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р.(40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело лажно претставување.
„Од 10.11.2020, пријавениот бил именуван за правобранител за подрачјето на Охрид и од тој ден ја ставил во мирување својата адвокатска дејност. Но, и покрај тоа, подоцна тој пред надлежниот Основен суд Охрид во три наврати, и тоа во предмет, лажно се претставил како адвокат и застапувал странки во постапки пред надлежниот суд, прикривајќи го фактот дека адвокатската дејност му е во мирување, а со цел да прибави за себе противправна имотна корист и на тој начин го сторил кривичното дело“, објави МВР во дневниот билтен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
По поплаките на жителите, Министерството за животна средина ќе изврши увид во работата на депонијата „Дрисла“
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на средба ги прими претставниците на Здруженијата „Ринија е Батинцес“ и „Вукат“ кои ја изразија својата загриженост и незадоволство за лошото управување со отпадот и медицинскиот отпад од страна на Јавното претпријатие „Дрисла“ со кое раководи Град Скопје.
Во име на жителите на село Батинцe и населбите кои гравитираат околу депонијата „Дрисла“, претставниците на двете здруженија информираа дека како резултат на несоодветното управување од страна на дирекцијата на оваа депонија, има драстично влошување на здравствената состојба на жителите на село Батинцe и околината.
Според нив, тие имаат само едно барање, современа депонија со еколошки и европски стандарди.
Меџити на средбата рече дека министерството во соработка со Државниот инспекторат за животна средина ќе го разгледа нивното барање и ќе извршат увид во дејноста и начинот на кој ова претпријатие постапува со отпадот, доколку ги исполнува своите должности и евентуалните отстапки заедно со нивната работа.
По набљудувањето на ситуацијата на терен, Министерство за животна средина ќе ги разгледа можности за изнаоѓање на потребните средства и алатки за модернизација на депонијата „Дрисла“, и подобрување на животниот стандард на жителите кои живеат во нејзина близина.
Македонија
Регистриран земјотрес во Македонија
Попладнево нов земјотрес е регистиран во Македонија.
Се работи за земјотрес со интензитет од 2.1 степен според Рихтеровата скала.
Епицентарот е на 12 километри североисточно од Демир Капија. Длабочината на потресот е на 5 километри.
Македонија
Делегацијата на Бирото за јавна безбедност на официјална средба со раководството на ИЦИТАП
Македонската делегација која присуствува на годишната конференција на Меѓународната Асоцијација на шефови на полиции, предводена од Директорот на БЈБ, Александар Јанев, се сретна со Директорот на ИЦИТАП, Грегори Дукот и неговиот тим.
Темите за дискусија беа фокусирани на продолжување на одржливоста на проектите имплементирани со поддршка на Владата на САД преку Амбасадата на САД во Скопје, вклучувајќи мобилни камери за снимање кои се користат од страна на сообраќајната и граничната полиција во државата, како и процесот на дигитализација кој ќе продолжи со забрзан тек во Министерството за внатрешни работи, а во насока на успешно справување со криминалот и корупцијата на сите нивоа.
Концептот за полициско-граѓанско партнерство „До Вас, за Вас” е еден од приоритетите на раководството во МВР, кој во периодот што следи ќе биде имплементиран на целата територија на нашата држава. Во текот на посетата на САД, нашата делегација имаше прилика да се запознае со моделот на полицијата од Бостон за блиска соработка со граѓаните.
Нашата визија е јасна, македонската полиција да се зацврсти на високо ниво со професионалност, отчетност, транспарентност како и релевантен и рамноправен партнер за соработка со странските агенции за спроведување на законот во борбата со глобалните предизвици и облици на организиран и транснационален криминал.