Забава
Објавен токсиколошкиот извештај на Лијам Пејн, во неговата крв пронајдени траги од розов кокаин

Објавен е токсиколошкиот извештај на Лиам Пејн. Пејачот имал траги од комбинација на повеќе дроги во неговиот систем, вклучително и „розов кокаин“, кога паднал од балконот на неговиот хотел, според извештаите на аргентинската полиција.
Прелиминарните резултати од токсиколошките тестови на посмртните останки на Пејн открија траги од кокаин, бензодиазепини, крек кокаин и „розов кокаин“ кој е комбинација од метамфетамин, кетамин и МДМА. „Делумната обдукција откри дека Лијам Пејн имал повеќе супстанции во неговиот систем кога паднал од балконот на третиот кат од неговата хотелска соба во Буенос Аирес“, се вели во извештајот.
„Овие супстанции вклучуваа „розов кокаин“ – рекреативна дрога која обично е мешавина од неколку лекови, вклучувајќи метамфетамин, кетамин, МДМА и други – како и кокаин, бензодиазепини и крек. Во неговата хотелска соба е пронајдена и импровизирана алуминиумска цевка за внесување на дрога“, се наведува исто така.
Додека продолжуваат тестовите на супстанции – бел прав, траги од хемиски кристали и лекови на рецепт – пронајдени во неговиот апартман во хотелот каде што починал, резултатите од обдукцијата на неговото тело биле завршени претходно.
Поранешниот пејач на One Direction, Лиам Пејн, почина на местото на настанот од повеќе повреди, вклучително и фрактура на черепот, потврди шефот на итната служба во Буенос Аирес минатата недела.
31-годишниот пејач паднал од третиот кат во дворот на хотелот Каса Сур во главниот град на Аргентина. Вработените во хотелот во Буенос Аирес каде Лиам Пејн почина по падот се под истрага за наводно снабдување на пејачот со тешки дроги во деновите пред неговата смрт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Нов тренд на вежбање: јапонско интервално одење

Ако не ве привлекува помислата да кревате тегови или да трчате на лента за трчање во сала за вежбање, можеби најновиот тренд, кој доминира на социјалните медиуми, ќе ви помогне: јапонско интервално одење.
Идејата за одење е едноставна: наизменично 3 минути брзо одење и 3 минути бавно одење, идеално 30 минути одеднаш.
Д-р Кристијан Карстофт, вонреден професор на Универзитетот во Копенхаген, вели дека пристапот е особено погоден за луѓе склони кон повреди при трчање бидејќи одењето става помал стрес на нивните зглобови или за луѓе на средна или постара возраст, кои не вежбаат редовно.
Луѓето што веќе се во прилично добра форма, рече тој, треба да трчаат или џогираат во интервали за да доживеат слични придобивки.
Режимот е сличен на интервалниот тренинг со висок интензитет (HIIT). Д-р Шон Филипс, професор по физиологија на спорт и вежбање на Универзитетот во Единбург, рече: „Вежбањето со висок интензитет може да обезбеди слични придобивки како и вежбањето со умерен интензитет, но во пократок временски период (или) со помал обем на вежбање. Користењето висок интензитет му дава на телото поголем поттик да се приспособи“.
Сепак, не секој може да го прави ова темпо. Филипс рече дека луѓето што се помалку активни треба да почнат со нормална прошетка, а потоа постепено да преминат на интервално одење.
Иако интервалното одење со висок интензитет неодамна стана популарно на „Тик-ток“, каде што ентузијастите споделуваат видеа од себе како сериозно шетаат во градските паркови, идејата датира пред повеќе од 20 години кога научниците во Јапонија почнаа да ја проучуваат кај возрасни на средна и постара возраст.
Според јапонска студија, која анализирала податоци од 139 здрави учесници, со просечна возраст од 63 години, луѓето што применувале интервално одење со висок интензитет четири или повеќе дена во неделата во период од пет месеци го зголемиле својот аеробен капацитет, што укажува на подобрена физичка подготвеност.
Покрај тоа, овие подобрувања биле поголеми од оние кај учесниците што правеле континуирано одење со умерен интензитет или кои не оделе.
Студијата исто така сугерира дека интервалното одење со висок интензитет може да го намали крвниот притисок и да ја зголеми силата на зглобовите.
Забава
Анџелина Џоли планира да се отсели од САД

Анџелина Џоли е подготвена за ново поглавје во својот живот и планира да го продаде својот дом во Лос Анџелес за да се пресели во странство.
50-годишната актерка, како што ексклузивно дознава „Пипл“, веќе почнала подготовки за продажба на луксузната вила, која е нејзин дом со години.
„Џоли никогаш не сакала трајно да живее во Лос Анџелес. Немала избор поради договорот за старателство со Бред“, открива изворот алудирајќи на нејзината долгогодишна правна битка со поранешниот сопруг Бред Пит (61).
Поранешната двојка, чиј развод беше финализиран во декември 2024 година по осум години борба, делат шест деца: Медокс (24), Пакс (21), Захара (20), Шајло (19) и близнаците Нокс и Вивиен (17).
Изворот додава дека актерката планира да замине штом нејзините најмлади близнаци наполнат 18 години в година.
„Размислува за неколку локации во странство. Многу е среќна што ќе може да го напушти Лос Анџелес“, додал изворот.
Историска вила на продажба
Ова е навистина посебен имот. Џоли планира да направи неколку мали подобрувања пред да го стави имотот на пазарот. „Тоа е историско ремек-дело и толку прекрасен имот“, забележува изворот. Актерката ја купила историската зграда од 1913 година во 2017 година за 24,5 милиони долари.
Пространиот имот од 1.000 квадратни метри има шест спални соби и десет бањи. Неговата вредност лежи и во богатата холивудска историја – режисерот Сесил Б. де Мил го купил во 1916 година, а подоцна го анектирал и соседниот имот, каде што некогаш живеел Чарли Чаплин.
„Сакам приватност, мир и безбедност“
Џоли претходно зборуваше за својата желба да го напушти Лос Анџелес. Во интервју за „Холивуд репортер“ во 2024 година таа рече дека е во градот затоа што мора да биде таму поради разводод. Откога нејзините обврски повеќе нема да бидат врзани за Калифорнија, таа е подготвена да живее во странство барајќи квалитети што Лос Анџелес не може да им ги понуди на неа и на нејзините деца.
„Кога имате големо семејство, сакате тие да имаат приватност, мир, безбедност“, рече таа во тоа време. „Сега имам куќа за да ги одгледам моите деца, но понекогаш ова место може да биде… таа човечност што ја најдов во целиот свет не е она со што пораснав тука“.
По заминувањето, таа откри дека ќе поминува многу време во Камбоџа, каде што го посвои својот најстар син, Медокс, во 2002 година. Порано оваа година, на Меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара, таа призна дека Камбоџа е единственото место што навистина го смета за свој дом.
Забава
Ретроградниот Меркур заврши, како ќе влијае тоа на секој хороскопски знак?

По три недели недоразбирања и враќање на стари теми, ретроградниот Меркур го завршува својот циклус и на 11 август влезе во директно движење.
Многумина ќе почувствуваат олеснување, појасни мисли и поголема способност за донесување одлуки. Периодот на конфузија го заменува времето на конкретна акција и појасна комуникација. Погледнете како оваа промена ќе влијае на секој хороскопски знак.
Овен
Периодот од три недели беше обележан со несигурност во љубовта и врските. Многу Овни чувствуваа фрустрација и сомнеж. Сега чувството на самодоверба се враќа и појасна слика за тоа што – и кого – сакате во вашиот живот.
Ако се двоумевте или не знаевте каде да повлечете граница, ова е моментот да заземете цврст став или да започнете одново.
Бик
Семејните и приватните теми беа под притисок. Со ретроградниот Меркур, беше тешко да се постигне мир во домот или да се решат несогласувањата. Сега доаѓа периодот на внатрешна хармонија.
Време е да се поправат односите, да се планираат реновирања или да се направат промени што ќе го вратат чувството на стабилност. Решенијата сега се на дофат на раката.
Близнаци
Вашиот владетел Меркур создаваше конфузија во комуникацијата. Доцнење во одговорите, погрешно протолкуваните пораки и пропуштените повици ги обележаа изминатите недели.
Од 11 август, сè се врати во нормала – сега можете да зборувате јасно, прецизно и со поголема самодоверба. Вашите зборови повторно имаат моќ.
Рак
Финансиската нестабилност што го придружуваше изминатиот период почнува да се смирува. Непланираните трошоци или повторените плаќања наскоро ќе бидат зад вас.
Од крајот на август, ќе биде полесно да го планирате вашиот буџет и да ја вратите контролата врз приходите и расходите.
Лав
Ретроградниот Меркур се случуваше токму во вашиот знак, носејќи интроспективен период и преиспитување на сопствениот идентитет. Сега маглата се расчистува и влегувате во вашата сезона на моќ, јасност и решителна акција.
Време е да му покажете на светот кои сте.
Девица
За многу Девици, изминатите недели донесоа потреба за повлекување, емоционална дистанца и чувство на замор. Но, како што се приближува вашата сезона, така се приближува и менталната сила.
Сега е вашата шанса да ја вратите контролата и да го организирате вашиот свет.
Вага
Пријателските и социјалните односи беа под тензија. Погрешните толкувања, старите омрази и тишината меѓу вас и некои луѓе сега почнуваат да бледнеат.
Од средината на август, комуникацијата станува поотворена и поискрена, а односите стануваат постабилни.
Шкорпија
Кариерните патеки беа нејасни и одлуките беа одложени. Можеби сте пропуштиле важни повици или сте се сомневале во вашите способности. Сега професионалните околности полека се враќаат во ред.
Септември носи појасна визија за вашите цели.
Стрелец
Патувањата, истражувањата или важната документација наидоа на пречки и одложувања. Од 11 август, можете да продолжите напред без толку многу одложувања.
Идеално време е за резервации, потпишувања и отворање нови животни поглавја.
Јарец
Интимните врски и споделените финансии беа под лупа. Се појавија скриени вистини и ситуации што ја тестираа довербата. Сега сте во фаза на заздравување и враќање на блискоста.
Ако врската го преживеа овој период, таа е подготвена за посилна основа.
Водолија
Партнерските односи поминаа низ фаза на конфузија и можни конфликти. Се појавија и неочекувани контакти од минатото. Отсега, врските што ќе изберете да ги задржите имаат потенцијал да растат и да се зајакнат.
Останатото ќе се исклучи самостојно, без потреба од драма.
Риби
Здравјето, работата и дневната рутина беа нарушени. Сега е време да се воведат нови навики кои ќе имаат долгорочен ефект.
Повторно воспоставете ритам и ред во секојдневниот живот – чувството за рамнотежа се враќа посилно отколку во изминатиот месец.